Се дoдекa бебетo и ти (сo крвнaтa сликa) сте вo ред мoжеш дa јaдеш штo ти душa сaкa. Без гaјле дoвoлнo е вечерa oвoшје или зеленчук.
Јас и повеќе од ова јадам некои денови, а се чудам како само 5+ сум често во вц сум Вечера сепак ништо, на улица со синчето сум веќе 2ч и нема јадење (Да напоменам не го изедов цело тавче гравче ) Мене женски вакви ми се менијата разновидни бидејки 17ч сум будна и нонстоп скоро на нозе.. од 7:30 сум станата, а легнувам во 12,1 Доста сум активна со синчево... затоа јадам мн овошје меѓу оброци, пијам сок или кафе.. не би издржала баш само доручек, ручек, вечера и ништо меѓу...
Мислам дека не е страшно. И јас имав такви периоди кога само зеленчук ми бараше организмот. Сам ќе си каже ако му треба дополнително и друго нешто.
Јас и не вечерам. Јадам 2 пати дневно во 12 на пладне и околу 18 часот. И бебе си е супер и јас сум плус 10 кг. 33 недела.
Јас имам проблем, многу слабо јадам овошје, од зеленчук свежо само домат, друго не ми е вкусно, ми ствара тежина на желудникот. Е сега си јадам се домашно пригорвено, значи претежно варива. Знам дека треба повеќе, ама ете некако не ми иде. Пијам доста вода, јогурт...
Негде слушнав кисела вода дека не треба да се пие? Зошто? Некој да не има инфо за ова, баш ми дое чудно...
Ова со киселава вода ме збуни. За газираните сокови знам, ама тие не се препорачливи зошто содржат многу шекери. А зошто не би смеело кисела вода?
Јас цел живот пијам газирана вода па и сега во бременост еве 34 недела сум проблем немам. А обична неможам да пијам. Незнам кој го кажал тоа но не е точно за водата. А за сокови како што кажа @Ano поради шеќерите не се препорачливи. Ама па ако ти се пија пример Фанта кока кола ќе си се напијаш чаша две само да не е претерано пример кило секој ден.
А цедевитата една здрава што е.. на исто рамниште е со газираните сокови, предизвикува замастување на црниот дроб. @kukla21 нормално е тоа во бременост, се менуваат вкусовите. Со првото многу сакав и јадев риба, со второво така така, јадев кога ќе ми текнеше, ама желба немав.
Не мислам дека е здрава, ама ке си ја направиш поретка па помалце шекер. Од две зла мислам ова помало е кога веќе имаш желба за сок, а не си во можност природен.
Може тука е најсоодветно да прашам: треба или не треба да се конзумира многу млеко, јогурт, сирење, кашкавал и др млечни производи? Имам слушнато две опции: 1. Внес на најмалку две чаши/работи млечни производи во денот. 2. За формирање на коски освен калциум, требало и фосфор (не ме фаќајте за збор, може не беше фосфор), па не треба ништо млечно, така полесно се фаќало артритис..... Што мислите? Кажале ли нешто докторите?
Слободно пи по две чаши јогурт или млеко. Јас по еден баланс знам во денот да испијам. Се што е умерено нема штета. Или пак млеко ладно ако имам киселини по пола тетрапак. Уживај си.
Мене ми рекоа обавезно една чаша и јогурт и млеко секој ден. Е сега млеко со сила пијам , порано топло со мед за поубав сон си пиев а ладно не ми е убаво. А и тоа мислиш има калциум ама ај. Урдата има доста калциум ако можеш тоа јади. А јогурт е убаво да се пие и заради нормалната флора
Дали знаете дали смее да се јадат семки од кајсии во бременост, пред малку маж ми ги кршеше а јас си изгрицкав неколку, и ми текна дека немам појма дали смеам или не, па кога отворив да прочитам не најдов ништо поврзано со семките од кајсии и бременост, се надевам не е штетно, изедов некои 7-10 семки, не ги броев, ама тука некаде.
Не се забранети никакви семки, така да и тие не би биле. Баш напротив боље 7-10 семки да си грицнеш наместо чипс, смоки Се смее, во умерени количини се е дозволено во бременоста.
Фала Мариз, се напнав да не се штетни, а сега еве читам дека луѓе дури и како превенција од канцер ги користат, па и како лек