Се трудам да внимавам, ама многу тешко осеќам ситост ако не каснам леб или тестенини На минатиот преглед докторката ме искара зошто сум се здебелила 3 кг за еден месец, сега сум 20та недела. Решив уште повеќе да внимавам следниот месец па ќе видиме (минатиот месец јадев пица ама сепак си викам не беше толку често)... Од почетокот на бременоста потешка сум за 5 кг. Јадам повеќе риба и месо во споредба со порано, ама никогаш не сум била љубител на месото а бидеќки туна можам максимум еднаш неделно најчесто купувам риба на скара. Вагањето од секогаш ми бил сомнителен метод за утврдување дали некој има екстра сало, затоа и немам вага. Инаку, докторката ми кажа дека освен што дебелеат тестенините ја намалувале абсорпцијата на железо, а јас имам проблем со тоа. Треба да се заменат со овес.
Јадам премногу често тестенини , туна од конзерва ,чадено домашно месо и ужасно многу салати свежи и по тегли или туршија исто и премногу овошје , со водата сме натиго-дајмиго пијам само после јадење , кафе едно на ден некогаш и две , не внимавам посебно си јадам тоа што ми бара организмот , еве сум 18 ипол недели трудна се имам само 1 кг поправено а прва седнувам на маса и последна станувам за да домакам што остане гените влијаат во овие случаи нај многу , се зависи генетиката и метаболизмот не се секирај еден месец повеќе ќе качиш , друг по малку или ич , битно да сте живи и здрави со бебе .
Туната и чаденото домашно месо не се препорачливи во бременост. Туната поретко да се јаде поради живата што ја содржи, а месото да се конзумира само готвено, термички обработено (варено или печено) поради опасност од листерија, без оглед на тоа што е чадено.
Да да чадено така си го јадам прво го обарувам па го поддржувам , ама кога е тазе извадено од сушница не се одолејува а туната највеќе до два пати неделно ја јадам во туна салата со марула , другше не ми е вкусна
Два пати неделно за туна е многу. Подобро јади свежа риба, слатководна, морските не се препорачливи. А месото е ризично ако го јадеш тазе, колку и да не можеш да одолее, треба да пазиш. Изборот на крај е твој. Јас избегнував такви работи во двете бремености.
Со првото за ништо не бев информирана и не читав никаде ништо , на ништо не пазев луто премногу јадев се роди живо и здраво со ммногу по добар имунитет од малото со кое пазев многу повеќе и витамини плус пиев , сега јадам луто ама не толку , туната ми ја препорача таа од трансфузиологија дека било добро барем два пати неделно да ја јадам во зелена салата , не знам зашто а месото и чадено да е мора секако да е убаво исчадено за да нема жив дел од кој може листерија да се фати , ама се зависи и какво е месото и од каде е , ова е од наше домашно месо што е далеко по сигорно од оние од месара секако дека не се јаде од сабајле до вечер само месо ама ете стрв и желба ќе натераат човек на се , битно овошје и зеленчук многу повеќе си внесувам од месото или туната .
Девојки јас сум во 11 недела и сеуште ми се лоши па ептен ми се слаби оброциве. Најчесто се тестенини, кифли, гевречиња друго не можам да јадам. На месо не можам ни да помислам. Дали и кај вас било вака зошто гледам си имате сите редовни и нормални оброци?
Нормално е. Најкасно до кај 15недела ќе се стабилизират мачнините. Јас од се тоа напишано апнував како врапче,колку да се каже. Јади полесна храна, почесто, по малку. Пиј б6, чај од ѓумбир можеш, антиметил табелетки исто.
Доколку не ти пречи мирисот зошто да не. Секако е варено, нема некоја опасност. Јас само без лактоза можам да конзумирам на пример. Обично ми прави проблеми. За козјо не би се ни осмелила.
Многу е по јако (мрсно) за разлика од кравјо ,ама па затоа е далеко по здраво , ако имаш квалитетно козјо млеко од кај да земеш ич не размислувај јас со првото синче пиев во бременоста козјо домашно млеко па фала му на Бога има имунитет одкако е роден , а со второто никакво млеко не можев во уста да ставам па обична настинка со месеци му трае ..
пиењто млеко во бременост нема никаква врска со тоа каков имунитет ке има бебето растејки.Јас млеко не пијам 30 години (никакво) ниту децата мои па болежливи не сме.
Кај нас дома никој не пие млеко, се користи за кафе и готвење. Нит па моите пијат. Јас по две три голтки сега поради киселините.
Така ми кажал докторот така си знам , не дека треба секој млеко да пие , мене така ми бараше тогаш организмот и многу подобро ми беше и бременоста и мојот имунитет , а според нашата исхрана зависи и здравјето на бебето не значи дека мора да е до млекото Не е секој организам ниту бременост иста кај сите жени .
Прво не сум бремена, онака улетав да се надоврзам Млеко од раѓање не пијам. Сум одбивала... Со некакви прашаци ме хранеле, што ти знам. Не можам да го смислам, општо се што е млечно. Скоро открив дека имам алергии на лактоза, па затоа може ми прави киселини, а гледам тука за гадење го пијат. И мене не ми делува за имунитет. Само овошје! Откако почнав редовно да конзумирам овошје се подобрив со вируси, настинки. Алал да ви е со млекото што си смирувате тегоби, ја не знам што ќе правам кога ќе бидам бремена. :/
Тешко дека мачнините ќе ги смири млекото. Нив ништо не ги смирува. Просто си ги трпиш. Мене ми е ок за киселини и жежење на желудникот. На сила две три голтки ладно, да ми олесне. Ама и Рупурут е секогаш опција.
Млеко само првата бременост пиев само до 5 месец ,а од 6-7 па до пораѓај скоро и "штрајкував" т.е буквално од се ми гореше душникот , што е нај лошо не бев информирана ни за рупурут ни за Гастрогард и затоа си трпев а втора и еве трета бременост од млеко ми пречи дури и мирисот на млеко , не сакам никако да го пијам па ни од крава ни од коза ама јогурт густи битолски просто обожавам ама после тоа киселини горат ли горат и така Гастрогард одма при рака си го имам А за носењето бебе па ќе ти кажам и не е баш лесно , дека не знаеш што му е , како му е не си го гледаш пред себе туку во тебе е и така цели 9 месеци е се онака пак напнато (колку и да е школска бременост) пак мислата од преглед до преглед е постојано во главата твоја како ли е бебето и не заменливо е чувството кога ќе дојде на свет , прв пат ќе се видите и гушнете , ќе слушаш како плаче ...абе нема зборови кои можат да го опишат тоа чувство