Милички никогаш во живот немам држени диета ,а од лекар не ми дадоа никакво ливче со препорака што да јадам .. Дајте предлог некој што да си направам Од сабајле сум на супа , јогурт и едно резанче јаболка , се омалаксав од што ми се јаде , а болките уште се присутни но малку ..
Варено компирче можеш, салати секакви без многу зачини и оцет, да не го дразниш, варено јајце, ориз, павлака или некој намаз. Во принцип внимавај на зачини. И да не е пржена храна. Јади често, но помалку.
Ве молам за мислење! Бремена сум 21 недела, месо не можам да смислам. Паника ме фаќа за вториов скрининг, од пред недела дена почнав многу да го осеќам бебето. Страв ми е да не му е нешто зашто не внесувам протеини, ама многу ми се повраќа од тоа. Мислење?
Nemoj da se grizis i jas voopsto ne jadam meso cela bremenost ja isterav skoro so komprir kiselo mleko ovosje i zelencuk pa bebuskata moja napreduvase kako sto treba. Jas i macnini do kraj imav eve sum 39 nedela creva isturam od povrakanje mislam deka zeludnikot ke go povratam. Nemoj da se opteretuvas so toa misli deka bebuska e dobra i veruvaj vo sebe gali mese i se ke e kako sto treba
Не јадев и јас на почеток месо, ближнував колку да се каже. Сега онака, малку од малку. Протеини нема само во месото, јајца, јогурт, грашак, риба,јаткасти плодови се тоа содржи протеини.
@S*K*O*R*P*I*A и @duffi благодарам за советите. Позитивна и активна трудница сум, но ме нервираат кога некои ме напнуваат за месо. Со лесно на двете до крај
Вчера ме болеше желудникот...ама баш ме болеше...имав гасови исто така. Изедов малку повеќе на ручек незнам дали е тоа причината или се нормални вакви болки во бременоста... Ме интересира како се храните?Дали пазите повеќе во смисла на тоа се храните многу поздраво од порано, дали количински сега повеќе јадете или сосема нормално?
Јас скоро исто јадам. Можеби малку повеќе од претходно, ама ако го земеме фактот што претходно премалку јадев, сега би дошло таман. Не пазам многу, јадам што ми се јаде, иако немам апетит за нездрави работи. Гледам да внесам доволно овошје и зеленчук дневно, многу вода и суво овошје и јаткасти плодови. Јајца варени е добро. Со желудникот и јас имав проблеми пред некој ден. Нормално е во бременост, ама можно беше кај мене да има врска и храната, бидејќи ме фатија болки и киселини баш за празнициве, а знам и од што. Еден ден јадев полесна храна, супа, варен зеленчук, кисело млеко и се стабилизира. Леб в уста не ми се ставаше, ама сега подобра сум. Макар што киселини од време на време имам пак.
Јас јадам исто, не се прејадувам дека еднаш исто како тебе се прејадов и ќе пукнев од тогаш си кажав дека веќе нема прејадување. Повеќе сум на протеинска исхрана, овошје и зеленчук.
Јас јадам повеќе од порано т.е. изгледа сега нормално јадам зошто претходно можев и без јадење да го поминам денот.. некако поздраво сега ми поминуваат деновиве.од овошје јадам киви, мандарини,јаболка и банани и нон стоп грицкам лешници,ореви и бадеми. Јадам 3 пати на ден она баш доручек,ручек и вечера. За ручек гледам да биде разновидно и супичка или манџичка да има.. Во последно време мн благо ми се јаде ама се воздржувам.. изгледа од празнициве касни ова касни она и сега му фали на бебче благичко ххее
Нормални се болки во желудникот. Може да доаѓаат од претискање и некоја неудобна за тебе положба на бебето, а и од храна, нормално. Не сум забележала мене од која храна ме боли секогаш е различно. И од лимон некогаш ме боли, а од тестенини знае ништо да не ми е. Секогаш во мене си носам Рупурут или Гастрогард. Прва опција ми е ладно млеко, ако не бидува шмукам апчиња.
Ми спомна една женичка дека не било убаво да се пие сок од портокал и воопшто да се јаде портокал. Мислења?
@Independiente јас кај мене забележав дека ми се јавуваат киселини од портокал, мандарини и општо, цитрусни овошја. Плус, секогаш кога јадам вакво овошје бебе почнува да ика, ама баш секогаш, така што избегнувам. Исто, во Систина на предавање за доење беше кажано да се избегнуваат цитрусни овошја додека се дои, а еве мене и во брменоста ми пречат, портокал особено, така што дефинитивно има нешто што им пречи на бебињата кога ги конзумираме.
Јас си пијам секој ден сок и си јадам мандарини. Сега за сега добро се чувствувам може понатака и моево бебче ќе почне да се буни
Мене со лимон ама преку цел ден пијам портокал и плус мандарини баш.ми е убаво ме зачуди ова па викам ај да прашам може некоја мамичка слушнала нешто за ова...
Мислам дека е индивидуално доколку некое меше си има мака. Некои се осетливи на месо, други на риба, трети може на цитруси.... Знам и јас дека треба внимателно во текот на доење поради мижност за осип во пеленска регија кај бебушот, но не и за некои контраиндикации во текот на бременост.