Од каде оваа информација? Девојки знаете вие нешто за ова? Посебно за лененото семе? Нели се препорачува со јогурт при проблеми со столица
Јас не сум чула за храна која е забранета во бременост, само одредена храна со која треба да си претпазлив или која треба да ја јадеш поретко. Јадете си сѐ во умерени количини.
http://acibademsistinababy.mk/dete/33-novosti/575-video-ishrana-vo-bremenost еве едно интересно видео, диетолог од Систина зборува што да се јаде, а што не во бременоста.
Конзумирање на термички необработена храна(јајце), како тирамису на пример, не е дозволено или препорачлива во бременост. Јас не би се осмелила да јадам живо јајце и да го презедам ризикот.
Исто како Дани да кажам, НЕ за жива храна која не е варена, печена, пржена...Посебно ова се однесува за јајца и месо. Јас дури се откажав и од домашни млечни, месни производи и јајца зашто животните не се подложни на строги ветеринарни контроли.
Јас леб не можам да јадам. Сабајле на работа ѓеврек или некое пециво, за ручек јадам 2-3 кришки леб, ама навечер не ми се јаде и најчесто јадам по две варени јајца, млеко пијам, овошје или јаткасти плодови. Бебето ми е помало за 10 дена и имам грижа на совест дека не јадам доволно па затоа е мало. Испитував и крвна слика, сѐ е во ред. Бебето си расте од контрола на контрола, само што јас се оптеретувам со тоа дека поради мене е помало. И многу кока кола пијам. Ми се чини зависна станав.
@Skorpija25 se e ok ama da namalis ili isfrlilis koka kola bar prvite meseci posle bar za na ctg na kraj vikaat kokakola I cokolado I na ctg ama toa e moe licno mislenje. Inaku jas kako 12+ nemozam da disam od jadac stanav nejadac mnogu malku vnesuvam mi se poduva zeludnikot ili neznam sto i da e samo znam deka ke si puknam. Ako prvata bremenost ne ja osetiv ovaa mi naplati za se
@Skorpija25 јас можам само да кажам дека кока колата е ептен, ама ептен нездрава, не за бремени жени, туку за сите. Не мора да значи дека заради тоа бебето е помало, тоа сепак се универзални мерки, ама за општото здравје, твое и на бебето престани да пиеш кока-кола и тоа под итно. Кога ке ми текне на кока кола, автоматски ми текнува на фактот дека ако ставиш нокт во кока кола ке се растопи (буквално го снемува за неколку часа). Исто така, кока кола чисти рѓа од железо.
И мене додека пијам такви мисли ми се вртат низ глава. Ќе пробам да намалам. И мм нон стоп ми вика да не пијам.
Ти се вртат ама повторно пиеш. Не да намалиш, скроз исфрли ја, или барем пробај Зеро да пиеш, помалку е штетна. Најголемо зло е шекерот, а во обичната кока кола има мноооогу.
Mesijna posledni denovi Samo na pileska salama i pasteta umov Eve dva dena po Red se na toa mi è,si potkasnav i denes malce nemozam da sé vozdrzam sto mie Nekoi mi vikat ma jadisi damo ne preteruvaj a nekoi ne i jas neznam ama mislam podobro da ne Jadev?!! Sto ke kazete na ova so salamava i pastetava?
Ова со паштетата сите го поминавме. Се сеќавам лани во труднички на сите паштета ни се јадеше. Јас јадев ама по малце. Подобро касни отколку во ум да ти е цело време.
Мене и матичната и Димитров,од почеток на временост ми кажаа да си јадам се нормално како и претхидно,кога ми се јаде што ми се јаде.
А ви се пријало ли во бременост нешто што не сте го јаделе? И јас мислам дека се што е умерено може да се проба, чисто да си задоволиме стрв ако не фати.