Ич Не внимавав од самиот почеток и така благо не ми сакаше душата ми се гадеше од самата помисла а јас без благо неможев порано сега јадам понекогаш и благо а за солено да не збориме неможам без сол така помалку ставам врз секое јадење.. овошје месо течности конзумирам колку што можам и јадам што ми сака душа па потоа ќе исповратам све затоа не се замарам многу..
Јас пазам ама не толку многу, не јадам сувомеснато и меки сирења и несакајќи го откачив благото. Предходно не ми поминуваше ден без една чоколада, сега максимум 1 коцка каснувам, не ми бара душа повеќе.. И не пијам кафе, сакам ама неможам, ми се лоши од првата голтка.. Си јадам овошје, печено мевце, јогурт обавезно, пробувам да пијам по 2 чаши млеко дневно, бел леб, салати и слично. Најголема мака имам со водата. одвај по 4 чаши дневно пијам, ама сега во моментов ќе си спуштам апликација потсетник за пиење вода Без сол неможам... Ставам помалку од предходно ама пак го користам..
Јас имам зголемен апетит особено навечер па затоа почнав да јадам црн леб ,повеќе овошје кафе не пијам не ми бара душата ама кога ми се јаде благо си јадам по малку епа сеа ако не си каснеме што ни се јаде кога ...не се штеди многу се што е умерено е здраво ..
И јас не јадам сувомеснато, конзерви, меко сирење, бел леб, газирано, ананас и урми, недоварени јајца и месо, туна, па и секаква риба ( сакам да јадам ослиќ или лосос, ама ми се гади од пом,ислата на риба), мајонез, намалив со рафинирани шеќери и сол, кафе, алкохол и цигари никогаш не сум консумирала. Ама ете денес ми се пријаде паштета и прв пат после 4 месеци јадев пателина. Макар што мене не ми е толку страв од тоа што истата е штетна (од еднаш нема нишш да ни биде) туку да не се затрујам со салмонела, листерија, токсоплазма. Голем параноик сум. Па ја намачкав на интегрални лепчиња и ја стерилизирав 6 мин во микробранова. Цело време имам страв дека ќе фатам некоја зараза и ќе му се случи нешш на бебе. Денес садев цвејќина во градина со 2 пара нараквици ( хируршки и градинарски нараквици). Маж ми го сече месото, за јас да не го допрам или кога морам го фајќам со најлонче за замрзнувач. Раце мијам по 150 пати на ден Дали некој друг има вакви стравови. Утре треба да ги земам рез од торчот од кожа ќе излезам.
Што има врска свежо месо ако фаќаш? Јас работам со месо а и мој колешки што биле бремени си работеле без проблем со фаќале и си родиле здрави и прави дечиња.
Параноик сум, затоа. Си замислувам дека месото можеби е загадено со салмонела, листерија, токсоплазма, разни стафилококи, стрептококи и сл, и јас допирајќи го ќе се допрам на уста, нос око и ќе се заразам. Или преку порите на кожата и ситните гребаници ќе ми навлезе некоја опасна бактерија во крвотокот. Луда сум знам. И ми нема спас. Страм ми е да им кажам на блиските за овој мој проблем, сигурно на психијатар ќе завршам. Хахах, среќа што бременоста трае само 9 месеци, инаку сигурно маж ми ќе ме оставеше.
Е па до толку да се внимава мојата братучетка работи во месара сакаш неќеш мора да фатиш а и нема врска со бременоста има 2 деца прави Здрави како се..
Па и јас сум месарка затоа знам. Ја разбирам @Milaaa991 имам блиска што е параноик и е многу тешко ама мора да се опуштиш и една аргета да каснеш и парче торта нее страшно.
Јас јадам кога ќе ми се присака и аргета и благо.. нашите мајки како не донеле на овој свет што мислиш тогаш знаеле што ја јадат и пијат дури и по дома раѓале со бабица еднаш до два пати оделе на докторот и толку а ние не ова да не се јаде не тоа треба да се внимава амс не до толку месо да не допреш тоа е претерано..
Па ваљда сме напредувале за да знаеме повеќе од нашите мајки што знаеле. Немало ни ехо на времето, ама на ехо ти одиш.
Е што убаво, имало цела тема за исхана. ја денес јадев плазма кекс - 2 парчиња. После едем месец нејадење на благо ова ми се виде како чоколадна торта. Се надевам не е срашно што ги изедов, ама ми се увртеа у глава од вчера, и додека не каснав не се смирив.
Ама се нервирам кога ќе слушнам - де мА што се замараш со исхрана, мајка ми / баба ми роди 5 деца и тоа дома ,а јадеше се. Самиот факт дека нит зеленчукот, нит овошјето не е тоа што беше , полно хемии е све. Не паметите порано кога ќе се спржеше месо свинско цела куќа ќе замирисаше на чварки . Сега ?! Јаготките на пазар мирисаа на 2 км . Сега - гума . Споредби со од на баба и мама времето се ноу сенс. По многу нешта се разликуваме ..... @Ѕвездички , ти па ептен режим си ставила . Ама чим можеш така терај си . Во секој случај е убаво што внимаваш
Режимот го прекршив денес. Еве првпат. Е па 100 пати ми повтори лекарот, благо да не јадеш, ни солено. И матичниот исто, и си реков штом и двајцата ми викаат да не јадам, нема да јадам. Мотив е страшна работа, не ни знаев дека е тоа толкава сила...
Не, не пијам веќе. Направив конторли нели пред трансфер на шрќер и тоа некој просек шеќер и после тоа веќе не ги пијам. Ама тоа ќе да е... да не се качи случајно. Сега и да сака нема од што
Мешиња, јадете ли суво овошје? Урми? Смокви? Што да се јаде во 9ти? Читав негде препораки, демек за полесно отварање, не можам да ги најдам. Ананас? Секој совет е добредојден.