Јас со урми се истепав јадејќи во 9ти ама пак со провокација раѓавама сепак се добри и многу хранливи, можеш да јадеш.
Леле денеска имаше за ручек печени компири и колбаси посебно пржени и јадев малку, после побарав на нет штетни биле колкбасите , сега ми е криво што јадев, се осеќам виновно. дали би му наштетиле на бебенцето? веќе не јадам
И јас јадев вчера прв пат откако знам дека сум бремена. Може да му наштетат само доколку истите не се добро термички обработени. Така да уживај. Не дека се корисни и треба често да се јадат. ама сега ако каснеш еднаш ништо нема да му биде.
Не се потресувајте толку за јадењето. Јас за ништо ниту сум ја стегала душичката ниту пазам којзнае како, па фала Богу, се си е ок. Јадете што ви се јаде и уживајте во бременоста.
Женски сега наидов на нет на информација дека не било убаво да се јаде во бременост диња и лубеница оти кората може да била загадена со листерија. Леле бе ќе си умрам, па што да јадам сега. Од се се откажав уште и од тоа ли. Јадете ли вие? Јас сега чувствувам грижа на совест за тоа што досега имам изедено 1 вагон.
Пред да ја расечам секогаш мијам кора и на диња и на лубеница. Ако гледаме така не треба да јадеме и зеленчук оти рузикуваме да фатиме токсоплазма..со сода се се мие, ставам да стојат саат време , плакнам и си јадам..
Не верувајте се што ќе прочитате на интернет. Според тоа ништо не би смееле ни да јадеме,ни да пиеме,ни да се бањаме. Јас не гледам толку многу на секоја ситница. Овошјето и зеленчукот да се убаво измиени и толку.
Знам. Хипохондрик сум. Доволен е фактот што сувомеснато немам каснато од како сум бремена со исклучок неколку пати на пица и во тестенини со тоа што дополнително термички се обработуваат. Исто престанав да јадам и зелена салата и зелка избегнувам и цвекло и морков. Доматите ги лупам. Ама за лубеници и дињи си бев мирна, секако јас кора не јадам.
Јас си јадам се што си јадев претходно, исфрлив само алкохол, газирано секако не пијам, сокови не пијам што значи само на вода сум од течности. Е сега од некоја храна ми е потешко, од некоја не можам да се наситам, ама тоа е трудна сум, а за начинот на приготвување на храната се си е исто како претходно.
Дајте идеи од каде да купам квалитетен интегрален леб? Каков користите, да не се товам со бел или со овие од жито лукс полни конзерванси
Zdravo mamicki Eden sovet ako moze okolu ishranata .Jas sum 11 nedela bremena,apetit na nula, ne povrakjam ama odbivnost imam na se, osven na ovosje samo na toa sum postojano.So kilazata sum ista ama se plasam dali na bebusot mu e dovolno toa. Vas sovet
@Ringishpil_ Јас до 15 недела јадев само овошје и зеленчук, салати во изобилство, само од тоа не ми беше лошо... После почнав 3 пати неделно риба, 2 неделно месо и останатите денови пржени домати со јајце, единствено што не можев да пијам млеко ... Бебето напредува со една недела повеќе, а крвта ми е супер не земам ништо. Не се грижи сe, со лесно нека ти е
Може не е за во темава ама ќе ми простите јер тазе трудница па малце ме фаќаат нерви за што,како... може е глупост ама ќе прашам... бидејќи имам неверојатен глад, буквално мислам вол ќе изедам, имав пире во фрижидер и такво ладно не стоплено го набутав дека неможев да чекам греење... дали пречи ладно ако се внесува? ај смирете ме малце ве молам, имам грижа на совест,голем тањир беше