Компир се јаде само денот кога е направен. Повеќе да не јадеше од денес за утре компир. Не само во бременоста и општо
никако подгревање компир.јаС така знам и не се јаде стоен. @Emma2 малку повнимателно со исхраната во бременост.. Може лошо да ти дојде сега ради психа, паника и страв ама не се секирај. За друг пат да знаеш Гали меше и уживкај.
фала ти мила на советот. Така е, и психа и паника и страв се комплет си имам, сепак е ново и непознато, ама ќе внимавам! поздрав и ти посакувам само радости
Дали пиете млеко за време на бременост? Јас сум 20 недела, и ме гњават дека треба да пијам млеко и сабајле и на вечер, а јас не можам да го пијам ми мириса не убаво. Со домашно млеко сум порасната од 2,5 месеци и до 18 години пиев сабајле и вечер, и го отпив. А јадам сирење и кисело млеко и јогурт скоро секој ден.
Никаква потреба нема да се пие млеко во текот на бременоста. Кој ти го кажал тоа те излажал. Јади си млечни производи умерено и не се замарај.
и јас тоа го велам, значи има мајки вегани и вегетаријанки, тие воопшто не внесуваат животински производи па се во ред, никому ништо ти благодарам
Си јадам се што ке ми се пријаде. Секакво суво овошје, цитрони обожавам и внесувам во големи количини. Читам за компири, правев вечерта ама ми останаа ги изедов сабајлето. Месо не сакам многу ама што ке ми се пријаде јадам, конзерва риба, паштета, суво месо, јадам салати по ресторани . Слабокрвна сум општо и маанџика голема. Да се оптоварував што е штетно веројатно ке бев задржана на 46 кила место на 60. И ке ја паметам бременоста како еден стресен период од 9 месеци. Место да се радувам ке се тресев. 21+4 сме со бебка жива здрава права ништо не ни фали. Уживаме кркаме што ни се крка и уште ништо не ни наштетило. Поз
и јас јадам се, помалку не претерано, повеќе јадам риба и зеленчук и овошје, месо тежок мирис ми има некако, ама се трудам да јадам. Засега сме во ред, не земам дополнително железо, зошто цела бременост имам супер резултати, а и гинекологот што ме води ми рече да си продолжам со иста исхрана како предходно.
Голем паничар сум, прочитав дека кикиритките се штетни во бременост ама од кога каснав неколку...колку се штетни 11+6 сум..хелп
Не е ништо страшно. Може да е штетно ако секој ден јадеш по многу, па бебето може да ти биде алергично на кикирики. Ама од неколку кикирики нема опасност.
Јас кикирики и путер од кикирики јадев секој ден од почеток до крај на бременоста.Родив живо здраво бебе и врска нема тоа дека не смее.Не смее млечни продукти и продукти кои може да предизвикаат салмонела а не кикирики
И јас кога бев бремена читав читав и испадна многу работи дека не смее и го одбегнував како ананас, швепс кока кола, кикирики, туна, некои видови чаеви и сл. сакам да кажам да се опуштиш и се што ти душа сака да си каснуваш умерено нормално.. сега да сум бремена нема до толку многу да се секирам. На некои страни едно пишува на други друго.Уживкај во бременоста и кркај нека се полни мешко максимално опушти се се ќе биде во ред .. гушкај и гали меше
Феминки, многу поделени мислења прочитав за ѓумбирот во бременоста. Некаде дека е добар и здрав, за мачнини, а некаде дека е забранет посебно во 3 триместар. Утре ни е заден термин и очекувам секој момент да ме фатат болки, а болна сум премногу ме мачи грлото и до пред да останам бремена ѓумбирот ми помагаше многу, па мислев да си ја пробам среќата и сега. Некој со конкретно искуство за бременоста и ѓумбирот? Ви благодарам
Здраво нова сум на форумов.Бремена сум седма недела.Имам одбивност кон секоја храна што и да јадам ми се лоши,ми се гади.Едино можам овошје и нешто кисело да јадам.
Јади си тоа што ти се јаде. Јас сум 15 недела и се уште ми се јаде само кисело и овошје и зеленчук. Месо и манџа не можам да смислам. Бебето вегетаријанец ќе ми биде. Важно е да напредува.
Јас сум 8 недела од утре и имам зголемен апетит што да ви кажам. Мислам секој саат сум гладна. Бев денес на преглед и сум качила 2 кг за неполн месец.. малку ме искара гинекологот а свесна сум што јадам гледам оброците да се мали а чести...
Јас бев иста,сите со мачнини на почеток јас со апетит што никогаш сум го немала. Ситна цел живот како останав бремена видов како е да се има апетит и глад да се чуствува. Првите месеци качив 8 кг. Не се познаваа на мене само на вага се до 6ти месец јас качував сега сум 8ми и стагнирам еден месец кг немам качено. Да си јадете кога чуствувате глад. А не јадев количински да се разбереме јадев нормално за една трудница,но бидејќи предходно живеев на кафе и цигари може затоа качував брзо кг.