кафето во нормални количини не би требало да претставува проблем во текот на бремноста е сега кој неможе да пие кафе без цигарче онда поарно и кафе да не пие. Јас на пример од кога дознав дека сум бременка оставив и цигари а и кафе , а искрено и алкохол не сум се напила... Риба не сум јадела скоро 1 месец а да видиш на што ми се сведува исхраната ќе се чудиш како имам добра крвна слика. Јадам суво леб маргарин патлиџан краставица ориз пилешко компир сладолед и газиран сок ама само исклучиво синалко, млеко и млечни производи и од прилика толку. плус минус , Само се тешам што фала богу не јадам благо .
Како за се друго, така и за кафето треба да се внимава да биде во граници на нормала. Сигурно дека едно кафе за оние кои имаат утрински ритуал дека не е страшно, само зависници од кафиња кои пијат по неколку во денот, треба да припазат и да се ориентираат на некое безкофеинско кафе. Инаку Ивановичка и јас во беменоста, единствена работа што можам да ја јадам секој ден е црн леб на тост со растопен путер, патлиџан и некоја маслинка. Тоа можам да изедам пола леб, а се останато денсека ми се јаде, утре ми е одбивно.
Ме интересира дали смее да се јаде сенф во бременоста?Оти некои продукти не се препорачливи во бременоста како ананасот и кикиритките.Знае ли некој во врска со ова оти ми се отвори еден апетит за сенф ама си викам да не е штетен нешто.Барав на интернет ама не најдов ништо подетално за него освен дека е многу здрав додаток во исхраната и дека е направен од синапово семе.
Има доста работи кои не се пожелни да се јадат во бременоста, ама за сенфот досега не сум слушнала дека не смее. Јади, ама не претерувај, само умерено
Јас јадам и сенф и кикирики а па за ананас ич да не ти кажувам по еден свеж во неделата си го јадам и тоа сама Прашав на лекар и ми рекоа нема проблем и еве до сега ни контракции ни алергии немам. Тоа што е забрането е јасно нагласено во сите прирачници за исхрана на бремени жени.
Во ред фала на советите ќе јадам умерено.Инаку не знам што ми стана кога ја видов теглата сенф одма ми се отвори апетит иако претходно никогаш не сум јадела ниту ме фаќало стрв за него
Јади се што ти се јаде ,но во умерени количини. Можеби во тоа што ти се јаде има нешто што му е потребно на твоето тело.Јас и во двете бремености јадев се што ќе ми се пријадеше ,но со усул,освен за ч....... Со син ми првите 3 месеци бев зависна од луто и немав никакви проблеми ни со желудник ,ни со ништо. Слушај си го телото ,тоа најдобро знае што му треба
Од кај па сега сенфот да биде штетен? и онака не се срка со лажица, туку се додава по малку за вкус, што може да има за да биде непожелен во бременост? Колку што знам од времето, сенфот во комбинација со месо, го олеснува варењето на месото и го намалува холестеролот, така што не може во ниедна варијанта да биде штетен. Нема потреба од толкаво пребирање, многу јасно и кратко е објаснето на сите сајтови за бременост, што треба да се внимава, нема зошто да си правиме филмови дека пола од храната не се јаде во бременост, кога не е така. И за ананас не е точно, имам другарка цела бременост ја помина со компот од ананас, бидејќи само од тоа не повраќаше и супер бебе си роди.
Се што е во граници на нормалата е дозволено, па и кога не сме бремени, а камоли пак сега. Мојата мајка вели во тоа време немало ништо ни витамини пиеле, ни внимавале во исхраната, ниту пак секој месец на ехо оделе, тестови, испитувања, даунов синдром, за скрининг пак не станува збор, што е тоа??? -ќе каже секој од постарите времиња, па најздрави бебиња се раѓале. Ама пуста технологија, секоја година се нешто ново се измислува и не сме криви и ние ниту пак докторите, како ни кажат така правиме, тоа е
Женски ве молам кажете ми некој предлог што да јадам а да немам мачнини. Буквално од се ми се гади, ама после ручекот. 12 недела сум но никако не ми поминуваат овие мачнини. Моментално само леб и маргарин си јадам, ама знам дека тоа не е добро, мора и нешто разновидно. Поздрав
И јас бев истата до 3,4 месец, буквално од се ми се гадеше, а не повратив до сега ниту еднаш. Ми се јадеше, а кога ми текне на јадење ми се гади, ете така беше кај мене на почетокот. Што да јадеш? Хмм, па јади си се, по малку ама повеќе пати, леб и маргарин и јас јадев ама ни една цела кришка не можев да изедам па после 1 саат пак ми се јадеше, па ќе земам нешто друго, овошје јади, салата си прави голема , заситува , а и не ти е тешко на желудникот, леб и ајвар јади, супи, готвена храна обавезно, најздарва е....не знам друго што би ти рекла, инаку треба се да јадеш, нормално е дека ти се гади од се, ама мора, така ќе си кажеш, МОРА да јадеш
Кикиритки, ананас, осбено магдонос, чадени меса(термичи не дообработени), суши, непастеризирани сирења треба да се одбегнува.Првите три состојки особено да не се конзумираат во третото тромесечје затоа што предизвикуваат предвремени контракции, а следните состојки заради бактеријата листерија која може да се добие од нив не се препорачува. Луто и јас мнооогу си јадев иако не јадев претходно се до крај на 7ми месец кога веќе почна да му смета и бебе почна да се буни па апстинирав понатака. Тоа е феминки, да се пази што се јаде во бременост едно, додека се дои пак друго, тоа е мора мала жртва за најубавиот подарок.
пробувај се да јадиш, од се по малку, и ке видиш од која храна тие полесно. мене на пример еден период само од супа и тоа говедска не ми се лошеше а и инаку јас си мислев дека кога ке сум бремена ке ми се јаде многу и се ке јадам, ама не било така, ехех јадам исто како претходно дури се мислам и помалку,а не гледам многу на тоа да е разновидно, од причина што не можам да јадам се има некои работи како јогурт, млеко, маргарин ги јадам секој ден, и секако банани, тоа е едниствено овошје што јадам, а и почнувам да јадам мн во последно време смоки, чипс, помфрит, кога ке видиш ништо не спага во здрава исхрана, ама само тоа ми се јаде
Lele i jas sum ista...od smoki,cips i gricki ne mi se gadi,isto i od tostovi i pizi.Zatoa pak mlekoto ne mozam da go podnesam ama ic (isklucok jogurtot).Od ovosje jadam banani,a od jabolka strasno me boli zeludnikot.Mesto kafe pijam kakao ama ne redovno,tuka 2pati nedelno.Do koga ke traat ovie macnini ne znam veke sto da jadam(15 ned.sum) ?!
Земи солени крекери и јаткасто овошје (бадеми и лешници) непечено и несолено. Тоа помага против мачнините, и труди се да не го оставаш празен желудникот. Ќе помине, првите три месеци е потешко, после сето тоа ќе се промени
Јас се си јадам и се си пијам, ништо не ми е гадно Единствена работа што ми направи проблем до сега е грав, ме убија киселини едно 3-4 саати, мислев дека ако се закашлам огин ќе ми излезе од уста, најверојатно доживотно грав нема да пробам. И не поднесувам никаков оцет и балзамико, порано не можев да замислам салата без нив, сега киселам само со свеж лимон.
Труднички муабети мешенца да ве прашам а со апетит како стоите?? мене ми е целосно изгубен, ништо не ми е вкусно, ниту ми мириса убаво, јадам еднаш у денот, некогаш и два пати, колку да не е без ич. на почетокот на бременоста од некои работи ми се гадеше не ми беа убави и како напредуваме така мене се повеќе и повеќе работи ми се одјадуваат, и менито ми се намалува. А ми велеа дека во последните 3 месеци ке ми се јадело многу, ке сум качела на килажа најмногу, како да не јас дури ослабнав 2 кила овој месец. вие како се чуствувате во врска со јадењето?
Труднички муабети Јас со апетитот никако нестојам немав да сега ама ич, а и сега немам за понатаму ке видиме исто како и на тебе се ми е одмилено од јадење незнам што да јадам веќе добро е барем овошје одвреме навреме подкаснувам, а што е најстрашно уште немам почнато ни со витамини користење (сеуште се двоумам кој да ги земам ) само за тепање сум си признавам