Имам читано дека ако ти се јаде солена храна, посебно сирење и кашкавал дека има шанси да е машко, а демек ако ти се јаде благо, женско, колку е тоа точно не знам, правила нема.
Лелеле исто ко јас да се читам, бев слаба со стомаче напред, чисто лице, овошје јадев многу.... Ми се запнале машко носиш, машко е.... Излезе женска копија таткова.... Золва ми имаше сосема различно носење на почеток и неа и се запнаа машко е машко... Ко видоа дека јас родив женско полот го одредува таткото, тој е носител на Y хромозом
@Scorpio87 нема врска , ај со првото верував во тие работи ми се јадеше многу благо а беше девојче , сега се "давам" со солена храна - пити , сендвичи и пак носам девојче така да нема врска ова со полот
Исчитав неколку страници поназад и гледам дека јадете мнооогу овошје и зеленчук. Па може ли некој да ми каже количински колку е тоа многу, бидејќи јас јадам можеби една до две овошки повеќе од претходно, понекогаш и исто како пред да забременам, за салати јадам само за ручек, понекогаш и за вечера. Не знам дали е доволно, почнав да се запрашувам бидејќи гледам сите пишувате дека јадете многу. Па не знам колку е тоа многу?
Остави што пишуваат другите. Ти ќе си јадиш колку што ти се јаде. Твојата бременост не е иста со ниедна друга. Според ова што го пишуваш, доволно си јадиш овошје и зеленчук.
@worrieddd гледам да јадам зеленчук со скоро секој оброк,а овошки 2-3 на ден.Не го цедам овошјето,претпочитам да го изџвакам ради растителните влакна кои во соковник остануваат. Не се форсирај со салати многу,побезбедно е да е малку обработен зеленчукот.Брокула,боранија свежа,благ компир,цвекло,карфиол,ставам 7-8 мин во зовриена вода,ги тргам на страна кратко потоа исцедени,па ги јадам како прилог,со прелив од маслиново сол и лимон. Количински јади колку сакаш зеленчук.Може само гасови да ти створи Овошје избегнувај навечер пред спиење,ферментира во желудникот кога телото одмара па може да ти створи киселини и потешкотии во спиењето.
Здравоо,прашав во една група но не добив одговор па сакам и тука да прашам.Купив чај од брусница но видов дека содржи и хибискус ,дали може да се конзумира хинискус во бременост? Фала вии
Jas jadam mnogu ovosje samo izbegavam navecer so sekoj dorucok, rucek obaveznoo zelencuk i za veceraa gledam najcesto da napravam salataa da jadam. Eve od sabajle imam izedeno 1 mandarina 2 kivi edno malo jabolka i edna japonska jabolka mnogu mi bara organizmot ovosje osobeno nasabajle
Здраво сакам да прашам јас живеам во германиа вчера бев на гинеколог и бремена сум 6 недели, но ми кажал дека не смеам да јадам благо може еднаш неделно салами никако млечни производи исто така не месото да биде убаво испржено да биде се добро миено... што да јадам јас дали имате вакво искуство и вие
i jas sum germanija i lekarot mi rece pomalku salama i pasteta i mesoto da e dobro zgotveno kafinja do 3 dnevno tecnosti poveke od 2 litri se drugo umereno kolku mi se jade tolku
Да ќе гледам да ја прашам за две недели сум пак на контрола Се е во ред ама и млечни производи па што ќе јадам
Женска сигурно грешка си разбрала.Млечните производи се баш препорачливи во бременоста,ради калциумот.Вероватно мислел да пазиш на производи од непастеризирано млеко,опасни се тие,ама во маркет речи си и нема такви.Значи пази на brie сирење,рикота,и синото односно blauschimmel käse. Сувомеснато избегнувај исто,или зготви го пред употреба на мин 160 степени,а зеленчук и овошје темелно измиј Не се грижи толку,и уживај
Мојот гинеколог велеше: Фетусот ќе си земи се' што му треба за да расте. Тебе ќе ти фали, ако некоја состојка не внесуваш доволно.
Здраво Јас би сакала да ве прашам кој леб го земате јас јадев на Жито Лукс 100%ржен ама почна да ми смета па ако може да споделите кој каков леб користи вие сакам да сменам ама неможам да одлучам каков.