jas dosega izbegavav cips no cesto mi se slucuva da otvoram i da izedam od nego a bukvalno na se drugo vnimavam
Јас ништо не избегнувам.. што ми душа сака тоа и си јадам... сега тоа нездравото гледам да е минимално ама пак си го јадам.. али за ова колку ме тера на џанк фуд тоа е чудо само некои такви ствари ми се пријадуваат
Јас никогаш не сум пиела газирани сокови. Али сега да ми дадеш 2литра Кока кола може да испијам на екс Последниве две недели ми е вака... Сепак само по пола чашка со многу лед си дозволувам, не повеќе од тоа.
Јас иако од секогаш сум си сакала кока кола ама сум пиела по една чашка исто и сега кога ми се пие ќе се напијам мала чашка и на толку останувам. Туку мене поише ме фаќа страв за јадењето со првото се утепував од манџи јадење за ова не можам ни да помирисам. Ми се гади од самата помисла а и киселини ме убиваат после тоа... освен супа ретко ретко нешто течно да внесам.. се надевам кај и да е ќе ми пројдат скроз мачниниве па ќе се вратам у нормала
Јас цела временост само вода пиам, паштети, салами, конзерви, колбаси никако и цигарите исто ги прекинав
Мене ми се чини дека девојчево ми е пола паштета пола калинка.. во живот толку немам јадено Од благо пред бременост јадев само чоколада за кување еднаш на месец, сега не можам без благо ни ден. Јајца беа мој најдобар пријател, сега не можам да ги смислам (јадам од шо морам).
Jas pocnav cipsot i grickite da gi zamenuvam so soleni bademi pozdravo e,blago si jadam si kupiv od proteinskiot puding za na rabotta a doma se pocastuvam so cokolado i pred bremenost jadev mnogu blago i sega
Дали знаете колку свеж ѓумбир може да се јаде? How much is too much? Настината сум и сакам да го цедам во сок со јаболко, лимон и портокал. Имам пиено претходно така ама по една чаша. Сега сакам да појачам доза ама не знам дали може...
Мислам дека еден шлепер е too much Не претерувај дека е јак,и да не ти штети на желудник,иначе е баш препорачлив за настинки
Исцедив околу 10см ѓумбир и јаболка во соковник и ги помешав со цеден лимон и портокал. Пиев два дена, ништо не ми е Така да до 10см е ок, за повеќе не знам
Наајголеем страв ми беше од секогаш како ќе чувам бебе како ќе одржувам линија бидејќи сум опседната со тоа вакаа сум слабаа баш тамааан и сега пред некој ден дознавме дека еве време е за тоа паа ајдее Ве молам за совети за исхрана јас во принцип сум јадела да не кажам само кисело млеко, варени јајца, и пржено така пинџурчиња... а исто имам проблем и со столица не одам редовно во тоалет паа ве молаам за совети стварно не сум во тек со каков режим треба да продолжам а ем да одговара и на мама и на малото ? Фалааа однапреед
Јас јадев тоа што си го јадев и претходно. Избегнував зрнеста храна. Ми создаваше гасови. А и докторот ми рече да ја намалам. Во првата бременост чипс јадев како луда. А во втората благо. За трудници има чепчиња за прочистување. Ама консултирај се со лекар за тоа. Гледај да јадеш полесна храна.
Пробај со помали оброци во текот на денот, внесувај овошје и зеленчук секојдневно, јаткасти и суви овошја (посебно суви сливи, можеш и како компот да ги вариш за поредовна столица), течности секако, супи исто така...
Дали се дозволени шумски плодови во бременост? Јагоди, аронија,малина,капина.... свежи или во смути? Читав темни чаеви во бременост не освен брусница. Дури и нане не, а јас додуша пиев додека имав мачнини неколку пати. Јас само нане, шумски, брусница и портокал чај пијам. Кој смее од овие? За сувпто овошје исто на форум читам докторите препорачуваат додека нутриционистите забрануваат. Ваше искуство и препорака?
Јас цела бременост чај од нане пијам Најубав ми е...Можеш да ги пиеш и сите други што ги наброја... Не сум имала никакви проблеми а еве ме почеток на 9ти месец. За овошјето што го наброја до сега немам слушнато дека биле забранети во бременост, освен за ананас бидејќи ја омекнувал матката.... Но членка имаше пишано дека и ананас јадела по едно две парчиња па ништо не било...За да се деси нешто треба 4/5 кила да изедиш. Умерено ако јадиш нема проблем
Шумските плодови дури мислам дека се препорачливи. Јас сега почнав да јадам по 10 зрна аронија дневно. Шолја било каков чај исто е дозволено. Од суво овошје се препорачува грозје особено белото за железото. Во принцип се е дозволено во нормална количина. Не може ако пред бременост си пиела 1 шолја чај, сега да пиеш пример литар. Само нека си биде се умерено.
Зошто да не се препорачливи, од каде тоа? Од чаеви се избегнуваат јаките руски, турски, зелен другите можеш по една чаша. А шумското е преполно со антиоксиданси, јас пијам обавезно смуди со јагоди, малини, аронија, капина, рибизла и боровница
@Butterfly1107 @Jana06 @BY<3 na google koga prebaruvam mi izleguvaat mislenja od razlichni forumi. Ja najchesto tuka "dremam" ama za nekoi temi chitam i na drugi forumi. Ima razlichni stavovi.
И јас слушам од жени за многу работи дека не треба да се јадат/пијат. Ама ниеден доктор не ми забранил никаков чај или некое конкретно овошје во смисла дека штети. Затоа мислам дека се е во убедувањето. Знам за урми и ананас наводно го омекнувале грлото на матката и правеле контракции, а тука жени со поминат термин се давеле во ананас и ништо.