Да, се согласувам со напишаното ама како што си пишува диететски режим, не дека нешто страшно ќе се случи ако се напиеш една кока кола.
Мое мислење се е во ред да се јаде додека е во границите ,ништо не би му наштетило на бебето,инаку јас до сега баш се јадам и кафе обавезно секој ден една шолја голема Па фала богу се е во ред до сега ,24г.н.
Јас внимавам само на млечни производи,да се од пастеризирано млеко и со помала масленост по можност. Она што никако не јадам е сувомеснати производи,се плашам од токсоплазма или листерија. Конзерви исто не. Јајца строго тврдо варени,зеленчук претежно кратко динстан за да изумрат пестицидите. Чај пијам камилица,други билни не,бидејќи имаат влијание на хормоните. Кафе по едно на ден,многу вода,какао исто на пладне. Слатко јадам по некоја коцка црно чоколадо,сладолед исто понекогаш.. Грицкам најчесто апетисани,или пуканки. Вечера ми е секогаш цврст јогурт со сецкано свежо овошје и лажица мусли без шеќер,со малку мед. Месо јадам два пати неделно,био пилешко и лосос. Од почеток на 8ми месец премали ми се порциите дека немам место,беба ја носам високо и ми притиска на желудникот.
Само наместо црн леб треба да јадеш интегрален или тонус леб и тоа 2 кришки леб дневно. Намали и на млечните производи, мене многу ми го качуваат шеќерот, овошје 2 пати неделно максимум.
Fakjam red nekako i toa me raduva ( pu,pu ) samo ne mozam da se iznachudam. So mazot mido pred da ostanam bremena imame istv vkus za jadenja okolu 30% drugoto bese se kompromis. Sega ovie nedeli jadam se shto jade toj, a jas ne sum obozavala. Trgni od soleno, kiselo, letni mandji, sharena sol i zavrsi so ovoshno blago i toa mnoogu retko ( jas bev po cokoladiranite raboti i se davev vo blago ama ete ) znaci ili e do bremenosta ili nosam "copy-paste"
Денес јадев едно парче тонус со хумус, краставица домата и две крекери од ржано брашно,пола јаболка, малку бадеми.За ручек телешко печено со брокула, карфиол и мешан зелен микс салата испијав 7 две шоли какао
Zdravoo devojkiii.. vi se priklucuvam i jas. Testot utrovo pokaza II crticki, presrekjna summ zemav uste vednas od preporaka na ginekolog da pinam folna kiselina, magnezium i femibion 1. Ve molam pisete mi i nekoi soveti nesto, sto smeam da jadam sto ne, sega dodeka sum vo pocetna faza... pa i za razvoj, oformuvanje za bebushot sto bi bilo dobro.
Малку погоре @Butterfly1107 има слика ставено со препораки од гинеколог, а и наназад низ темава пишувавме околу исхраната. Врати се нагоре и некоја страна наназад, има добри совети.
Дали јадете шкампи/ракчиња? Во план ми е да пазарувам во Веро и да си купам ама не знам дали смееме зашто не знам од кај ги носат замрзнатите а свежи ќе ме мрзи да ги чистам XD
Морската е 100% Океј. Шкампите замрзнати се од океан. Океанската треба да се избегнува зашто можно е да има жива. Знам дека не смее туна, лосос и други големи риби од океан да се јадат ама не сум сигурна за шкампи. А морска јади слободно, во Веро ја носат од грчка ловена, јас стално зимам од таму.
Јас јадам ракчиња. Секаде на нет кај што правев споредба со лосос пишува дека се поздрави. Слободно јади си
Можеби не треба да се јаде секој ден подолг период ама од две три парчиња ништо нема да ти боде сигурно. Не постои толку силно овошје