Ананасот содржи ензим кој може да го омекне грлото на матката, но само ако се конзумира во големи количини. Тоа важи само за свежиот ананас, конзервираниот при обработка го губи тој ензим и може да се јаде без проблем. Сепак парче или две не може да предизвика штета, нели? Немаш простор за загриженост
И за урмите исто имам читано дека го омекнуваат грлото на матката, ама затоа во 9ти ќе јадеме и урми и ананас колку сакаме
Матичен млеч не се препорачува во прво тромесечие, јас имав таблети но матичниот ми рече да не ги земам на почеток на бременост. За понатаму во бременост прашај го гинекологот, а мед може, јас цела бременост наутро пијам чаша вода со мед и лимон.
Утрово случајно прочитав таква статија и се исплашив. Од како сум бремена еве во овие 12 недели имам јадено на неколку пати пршута. Воопшто не ни помислив дека е опасно. Сега кога размислив подобро тоа е сепак необработено месо. Дали сте јаделе и дали сте имале проблем? Исто и матичен млеч одвреме навреме каснувам уште од почеток, а читам погоре не требало. Да кажам на докторот? Како да се осигурам дека не наштетив на бебето?
Ништо не ти е Си јадев и јас чат-пат. Ние ретко купуваме сувомеснато дома, ама за промена некогаш годи. Не се потресувај толку. Ризикот не е дека ќе му наштетиш на бебето, туку дека ти ќе фатиш некоја бактерија, салмонела и сл.
Сее јадев што ми се јадеше, буквално се. И ананас јадев и пак 40+ се породив. Никој нит ми кажа од докторите што смеам што не.
Јас све јадев, и пршута и туна дури, баш најнормално како и пред бременост. Мене доктор ми викал кока кола отров пиете трудници не па за некоја храна. Се што е умерено не прави проблем. Без гајле.
Знам и листерија и токсоплазма, само читав дека тие се баш опасни за бебето. Затоа се загрижив . И јас скоро никогаш не јадам сувомеснато, ама ете така се погоди па и вкусно ми беше и си јадев неколку пати. Фала ти, ми олесна малку сега И мене не ми кажале, знам дека само читам нешто ама еве за ова некако ич не ми падна на памет. Фала ти Добро е, не сум била сама . Јас во минатата бременост во паштета се давев, а инаку не јадам
И јас јадам буквално се, само пазам на количина, се да е умерено да не се претерува, така ми кажа и докторот
Девојки дали може да се јадат житарици и чиа семе? Никаде не прочитав за тоа дали е ок да се јаде во бременост,обично сакам тоа да доручкувам на сабајле но откако сум бремена не знам дали може или не па не јадам а сакам
Јас многу ги јадев во второ тромесечие на сабајле, овесни снегулки со банана и чиа семе, уффф. Сега во трето некако повеќе леб јадам со паштета, кашкавал на сабајле. Здраво е тоа, јади си слободно има и предности секако.
Ау мила, мислам дека свеки ме следи на форумов или ми ги чита мислите. Месила сабајлечки пита со сирење само за мене, така и ми рече, мљац. Супер беше. Бар јас не се мачам да месам со стомаков.
Не мила, јас и се јавив и и кажав, да засука ракави на невестата и се јаде месено (се зафркавам ). Браво за свекрвата. И мојата ме моли да каснам, ама кога не можам не можам. Наздравје да ти е. И бебенцето си каснало хехе. Јас некако пак почнав да не сум по јадењето, изгледа малово ми ги стегна желудникот така да мн мали количини може да ми прими, ако каснам па дури и малку повеќе готово ми се наткревс,ми се повраќа, киселините се јавуваат и нервоза ми прават. А од овошје мака немам, ама пак цел ден само на овошје не може. Сега некако и со столицата имам мака, така да не знам како до крај вака. Се осеќам надуено. Како слонче мало, а воопшто не изгледам така ( ама се пофалив ) . Дали некоја знае чепчиња за запек да ми предложи? Да пробам така,а ?
Фала ти мила И мене ме стега, посебно навечер не јадам леб никако, а и морам да се запазам Вечерва ќе јадам овесни снегулки со банана и суво грозје и доста е. Магнезиум не ти помага? Мене мајка ми, ми викаше една чаша топло млеко да пијам ако имам таква работа или сливи да јадам. Јас до сега добра сум немам запек, за млекото не знам пробај чаша две топло.
Со оглед дека пијам многу вода дури и по 3 л на ден,јадам овошје 3 пати на ден, зеленчук во секој ручек не би требало да имам запек, ама ајде де, ете ме фаќа запек сепак. Изгледа перисталтиката на црвата од притисок на бебето е забавена. Магнезиум досега не бев воопшто напорна немав потреба. Ама оваа недела некако осеќам мала болка во кичмата и почнав по 200мг на ден, и затоа нема ефект може магнезиумот дека сега го почнав.
Какви чаеви е дозволено да се пијат во бременост? Од билкови чаеви, од кои билки може, претпоставувам овошните се дозволени?