Женски кажете некој рецепт за салата со блитва? До сега немам јадено ама свеки има свежа блитва па да ја искористам за подобрување на крвната слика Дајте некоја идеја
За блитва не знам зашто не ја сакам, но затоа јадам спанаќ 2 пати неделно: 1 чорба (класичен рецепт) 2 на тава (горниов само потпечен 3 салата 1 – беби спанаќ, рукола, авокадо, млад кромид, чери, сирење 4 салата 2 - беби спанаќ, рукола, авокадо, млад кромид, чери, наут, туна 5 салата 3 - беби спанаќ, печени печурки, млад кромид, сирење 6 салата 4 - беби спанаќ, брокула, зелена салата, млад магданос, димен кашкавал 7 салата 5 – беби спанаќ, киноа, печен карфиол, млад кромид, чери, краставица Се надевам ти помогнав.
Баш си направив сега, блитва, морков, аронија и јаболко, пак не е лошо на пиење, повеќе на јаболко има вкус
Nutri bullet mi e pravo otkritie vo bremenosta, porano ne go uklucuvav. Citav za da se apsorbira zelezoto vit c mora da ima i bez mlecni proizvodi-tie smetale vo apsorbcija
Дали е ок да се пие по една лименка кокакола во бременост ? Многу ми е убаво кога ке се напијам ме свежнува и ми го поткрева нискиот притисок , цигари и кафе не пијам ама од кока кола дневно неможам да откажам
Здраво, една мала помош Бремена сум 10 недела, но си правев сок со лимон, портокал ,цвекло и додадов лимонтус. Дали смеам да пијам сок што содржи лимонтус
Vrska neam a sto ti tekna da go turas uopste? Jas limontus iam doma za kettle-ot bigor koa ke mi fati da go rastvori taka da stoznam bas
Лимонот ќе му биде како конзерванси за да не се расипе, за 1 ноќ нема потреба лимонтус да ставаш. Ако е за повеќе, стави плус лимон со кора исечен на тркалца.
Гледам различни одговори за различни периоди што не треба да се јаде. Јас сум моментално 5 недела, прво тромесечие, гинекологот освен што ми рече да не јадам многу прженици и мрсно и повеќе пати помали оброци, друго ништо не ми забрани. За која храна имате информациии дека баш треба да се избегнува на почеток?
На почеток избегнувај големи количини на кофеин (дозволено е 1-2 кафиња), билни чаеви ( маточина е дозволено), ананас и морски плодови поради жива во нив. Друго се јади си нормално
Јас не јадам поради тоа што не ја обожавам, ама ако имаш желба нема зошто да не јадеш понекогаш. Од еднаш ништо нема да му биде на бебуш. Некои видови храна не се препорачуваат во бременоста, ама не се препорачуваат во поголеми количини, за еднаш-два-три пати нема проблем.
Сушнав дека цитрусните овошја не се препорачувале во бременоста, требало да се избегнуваат. Јас речиси секој ден јадам по еден цитрон досега сум немала никакви проблеми, сум 12+4 недела. Е сега ме интересира дали да престанам да конзумирам такви цитрусни овошја, дали некоја имала слушнато за ова и некое искуство да сподели ?
Здраво, мене од страна на матичната ми е кажано јади ги додека си бремена, откако ќе родиш поради доење да не јадеш, правеле грчеви кај бебчето. За во бременост знам дека смее.