Preporacajte dobar nutricionist ( ne zimam vo obzir nutricionist po preporaka pred bremenost sum bila kaj takvi)
Кои чаеви во бременост се забранети освен нане? Сега во време на настинки и вируси јас секогаш на зима си пијам чаеви, сега се плашам некако. Смеам ли брусница, камилица, планински чај?
Од моето истражување, практично скоро се' е забрането, односно ограничено на максимум 1 шолја на ден - што не би да ризикувам и со толку. Камилицата може да направи крварење, сите други миксови на чаеви кај нас по маркетите имаат по некоја состојка што е забранета. Е сега, јас ги најдов следниве чаеви на LaSoy & LaCha со овошен состав кои не претставуваат опасност. Пребарај ги на нивната веб страна и прочитај го составот да видиш дали би ти се допаднале.
Mene mi rekoa caj nikako, ni nane i samo 1kafe na den pa ne pijam nikakov caj. Vas vitamini vi dadoa li? Citam skoro site si pijat folna, mene nisto ne mi dadoa, navodno nemalo potreba.
Кафе воопшто не пијам, ама чај некогаш сакам да се напијам ама сега се плашам. Пре мама дуо, фолна и магнезиум, тоа пиев и во првата бременост. Овие се пијат од моментот кога се планира за деца, ама јас заборавив пред бременост да ги користам
Мислам дека можеш да си правеш компот од јаболка, сливи, круши и други овошја. Ќе ги измиеш, ќе ги насечеш на коцки и нека си се сварат. После течноста ќе си ја испиеш, а овошјето ќе си го изедеш. Ем вкусно, ем здраво. А, и не гледам штета во ова. Ако сум грешка, нека ме поправи некоја членка
Се изначитав наназад и не успеав да најдам. Дали некоја трудница е интолерантна на млечни производи, што и кажале да се зема како замена?
Јас сум интолерантна на кравјо млеко, и уште 20-30 работи од секојдневната исхрана. Една година се водев според интолерантноста, сега кога останав бремена ја прашав Др специјалист гинеколог што смеам а што не од исхрана. Одговорот беше краток и јасен, не управувам сега јас туку моите бебчиња, и така е на храна што сум интолерантна немам никаков проблем , а нешто што секојдневно сум конзумирала јас имам мачнини и повраќања. Така да мила јади што ти душа сака, сама ќе видиш што ти прија што не.
Прашањево ми е можда малце глупаво ама ај ќе си прашам 2 месец сум бремена и ме интересира Дали смеам да лижам ментол бонбони ? Скоро секој ден ми се гади и кога лижам Фишерменс бонбони некако ми е подобро . Ама бидејќи се малце појаки па ме секира дали може да имам некој проблем ?
Можеш . Јас секакви бонбони лижев ама се беше за џабе си имав и мачнини и повраќав од 5та до 15та недела секој ден и после некој ден да некој не.
Дали јадете риба? Јас неможам да ја поднесам рибата сега а како замена јадам за омега 3 јаткасти плодови. Дали е задолжително да конзумираш риба?
Prethodno jadev samo tuna, otkako doznav deka sum bremena ne jadam, isto i jas vnesuvam apetisani moze nee dovolno no riba nemozam da podnesam, isto i meso no nego so sila go jadam od sto moram.
Хахахах и јас сум иста не сум толку по месото ја јадев порано ослиќ меѓутоа сега самиот мирис ми смета, за месо да не збориме седам и плачам над месото од што мора да го јадам
Еднаш неделно обавезно, туна, лосос или пастрмка. Во 7 месец почнав и школки еднаш неделно. Плус до 7 месец пиев омега 3 од дм по едно на ден, сега во трето тромесечие се префрлив на ултра омега 3 на now, бидејќи сега се потребни поголеми количини на дха и епа, за развивање на мозочето на бебе. Ако не можеш да ја јадеш барем пиј омега.
Јас воопшто, еднаш направив као викаж ај потребно е, пола парче успеав да изедам и толку беше. Омега 3 има во фемибион 2, ама јас повремено си пијам плус по една капсула од омега 3 на џејмисон, само не водам ваш сметка кога како, туку кога ќе се сетам. Иначе има риби кои пожелно е да не се јадат во големи количини -оние кои содржат голем процент на жива
Не знам зошто да се мачите дека морало месо, еве јас не јадам месо (додуша годиништа), па се испораспрашав сега периодов, ми рекоа дека не ми менува ако внесувам доволно разноврсна храна, а гинекологот ни пренатални не ми дава (не знам дали е добро тоа, но ќе ја слушам), ете кога прашав за омега, велам дај бар тоа да го пијам посебно, ми рече ќе си јадеш авокадо бе.. и така сеа гледам да јадам така како што велите јаткасти, авокадо, чиа и што ми текне
И мене докторот ми рече јади што повеќе храна не апчиња порано вика немало апчиња што ви фали. Кога од страна зборат бабици каков бил тој доктор што не давал витамини бла бла нема врска ако си внесуваш ти што треба и знаеш кое овојшје или зеленчук што содржи секако дека е подобро така отколку со апчиња да се труеме бидејќи се прашок никој незнае што содржат вака давам 4000 ден месечно за апчиња со што може да си купам намирници кои ќе ги конзумирам со апчињата пиј сабајле навечер попладне не ти се јаде најаден си со нив....
Во фемибионот си содржи 200мг ДХА колку што е и препорачано, ама исто така се препорачува еднаш или два пати неделно да се јаде риба, па зошто јас не јадам, надокнадувам со омегата. Иако пак ќе речам, кога ќе се сетам тогаш пијам, ама ете еднаш неделно да речам.