Друштвооо без да размислам јадев од стрв биено сирење од бачило ... И сега страв ми е многу поради листерија а тек за една недела сум на преглед Може ли да се случи нешто или не треба да се потресувам толку ?
Битно е да е направено од пастеризирано млеко, можеш да ги прашаш како го направиле. Но и да не е така, не дека од секое сирење фаќаат луѓето листерија или било што, тоа се изолирани случаи.. Како и да е, не се стресирај без потреба..
Дали некоја трудница овде се храни без јаглехидрати и шеќери? Како од прилика ви изгледа дневното мени? Како ја комбинирате храната, што со што јадете? Никогаш не сум имала потреба да исфрлам нешто од исхрана па збунета сум како да ги комбинирам оброците. Иако докторката ми рече дека може се нормално да јадам, но барем додека го пијам анибиотикот за ешерихија да сменам и исхрана по препорака од тука.
Јас начелно пазам на тоа, но да прашам зошто без јаглехидрати. Како што вели Митов и други нутриционисти, не треба да се исфрлат, само заменат за полнозрнести. Јас јадам лепчиња од тој тип, 'ржани, интегрални..по некое парче со манџа и сл. И зошто збунета, само удри повеќе на зеленчук и овошје, правете си манџички секој ден, леќа, грашок.. Јас многу сум по салатите, оние големите со свашта во нив, но не секој сака таква исхрана.. А за шеќерите е па најлесно, само не ги јади хахаха и избегнувај храна спакувана, одете си на пазарче почесто или ако сакате да удрите на органско има повеќе опции во градов, па ќе ви се најде искуството за кога ќе дојде бебуш
Бев на преглед и се беше во ред И строго ми забрани гинекологов да јадам сирење бидејќи токсоплазмата излезе негативна. А јас па првите два месеци додека не знаев секој ден си јадев.
Јас сум интолерантна и оваа и претходната бременост. Не јадам млечни производи, а кафе некогаш пијам лате без лактоза. Инаку мислам дека има и производи без лактоза во маркетите побарај, зашто всушност интолерантност на лактоза имаме. Инаку јас последната недела јадам многуу Хумус со песто сос, ама толку ми се има усладено како ништо до сега.
Разговарав со матичниот гинеколог на оваа тема, нејзиниот став е дека штом досега си функционирам најнормално и внесувам се што ми треба и без млечни производи, да си продолжам така без никакви суплементи (калциум и сл.) Па ќе се направи контрола на одреден период доколку би имало потреба
Така е, и јас не внесував додатно калциум иако не јадев млечни производи и родив здраво бебе. Самиот организам си кажува шро му одговара што не. Имај лесна бременост
Здраво, можеби е глупо и смешно прашањето но од пусти страв да си прашам. Дали смеам во 10 недела да јадам киви и лимон?
Мамички,бремена сум 9н.Од 7гн до денес ништо не ми се јаде,не ми се пие,едвај со сила нешто јадам.Леб по слабо јадам само некои грицки,овошје,сок,благо...Од 6 недела повраќав и сега некогаш ми се повраќа некогаш не.Но страв ми е да не му штети на плодот тоа што не јадам ништо и да не ми биде крвта по слаба.Дали некоја имала ваков случај
Нарачал маж ми лигњи и ципура за ручек, па ми текна нели некои риби требаше да се избегнуваат? Туна знам, ама овие?
Ми даде мене докторката еден список, ципура можеш а лигњи мислам не. Јас па се заиграв со ленено семе деновиве сега гледам имала некаква киселина во него што не чини. После земав грејпфрут и за него пишува два саати после или пред земање на фолна. На крај фрлив тоа се, и си отворив смоки.
Јас се фрлив на тиква печена периодов, цеден портокал и чиа семе. Се оптоварувам што смее што не смее, иако док ми кажа јади што сакаш не се замарај.