Стварно, колку ти е голем? Јас почнувам со јадење од 08.30, јадам 5 6 пати дневно. Вчера сабајлето јадев чоколадни снегулки со млеко, банана, 2 мандарини, киндер буено, 2 реда милка, 6-7 Кики карамели, хамбургер од Бургер Кинг оброк, уште еден домашен бургер + помфрит, грст чипс и ваљда толку е, не се сеќавам дали имаше нешто плус Денес здрави крекери со семиња, банана, мандарини, потпечени пица кришки, домашни кифли, и вафли - а ги меркам и смоките. Јас се осеќам гладна како тебе кога нема да изедам "доволно" леб.
Слатко ме изнасмеа Јас од кога станувам не престанувам да јадам се тешам дека јадам по малку Бев и кај нутрицинионист ама неможам да јадам ништо од таа храна. Само на гричкање и блага храна ме тера. Страв ми дека ќе почнам да се тркалам уште малку
И јас ќе почнам да се тркалам Плус и од седење по цел ден на незгоден стол се подгрбавив, и како топка сум
Супер си, јас еве влегувам во 7ми месец, +5 кила сум, исто многу јадам, ама со тебе не можам Две кила ми се само од месецов (6ти)
Душевна болка ми правите кога ве читам колку кг сте накачиле Јас некогаш се тешам дека првично се мерев на друга вага, па оваа што ја имам сега не е иста со другата и затоа толку покажува Треба да се измерам на таа што почнав може помалце ќе покаже
Јас ве шијам сите 12та недела сум +5 имам качено кај ми е крајот А мојата почетна е поголема од вашата, работам од дома цел ден сум тренерка или пижама, се плашам дека нема да ме соберат фармерките.
До вагата е сигурно Јади си колку ти се јаде, ич не се замарај. Ќе се вратиме во нормала брзо по породување
Здраво на сите пред празнично секако не планирам да избегавам руска салата и кифлички. Хах али може да препорачате дали има некој нутриционист што приготвува мени за трудници со сите микронутритивни вредности од кои сте задоволни поготово ако има некоја со терапија метформин
Немам искуство, но го фалат др. Митов, сепак е доктор, не е насочен кон гладување и слично и дава листа од 20тина страни (ова не сум го слушнала за бремени, ама општо така работи). Програмата му е околу 3000 денари мислам.
Jas ja znam 'the_healthier_you', vaka se vika profilot na Instagram, pogledni ja, moze ke ti fati oko P.s. cestitki, odlicni vesti!
Нема на понудите, ама ако му пишеш во мејл или телефонски, ќе ја направи според тоа исхраната, плус со други здравствени фактори ако сакаш да земе предвид.
Фала убавини да се враќаат да сум ги видела сите тие и Митов мислев дали има некој баш што е насочена на трудници… што избегавате на почеток вака највеќе од хранава да споделите
Jas nisto, posebno prvite tri meseci koga mi se losese, jadev ona za sto imav zelba i mozev da go jadam. Taka i mi kaza ginekologot kaj koj sto odam, da si jadam na pocetokot dusata sto mi saka. Se razbira alhokol ne. Vtoro i eve sega treto tromesecje se trudam da jadam poveke ovosje, zelencuk, balansirana hrana, bez mnogu testo, sekeri, junk food itn. Inaku vaka ako procitas treba da se izbegnuva: tuna, mladi sirenja, zivi jajca...
Прво тромесечие го преживеав со чипс, крекери и праски. Ни вода не пиев од што повраќав. Сега јадам се што ми душа сака освен месо (веге сум), алкохол, цигари, живи јајца, туна (штетна е во бременост), урми и ананас (влијаеле на матката за пораѓај, се јаделе на крај на бременост) и домашно млека и сирење (ризик од бактерии).
Спас за лош апетит, воопшто не ми се јаде, кога и да помислам на храна ми се повраќа. Што и да е, благо солено од све ми се гади. Едини јогурт и сок од портокал јадам како и да речеме мајонез и леб јадев сега. 9та недела сум се надевам ова ќе се смени….