Труднички муабети Кога сме кај апетитот, пред малку јадев : риба,ајвар,питулици со сирење, сувомеснато, кашкавал, торта, кикиритки, пиев сок газиран, сок од портокал и нескафе со многу млеко да удрам контра на рибите.Мајка ми ме опомена да престанам да јадам ама неможам да се контролирам.Имам многу качено на килажа ако е сега вака што понатаму До пороѓај ќе бидам двособна Ама неможам,неможам да престанам да јадам.Глупости што никогаш не сум ги сакала многу многу. И чудни комбинации од храна, како на пример горнонаведената. Незнам дали од ова ама повратив се на се четири пати вечерва.И "утринските" мачнини ми се преместени навечер.Редовно почна да ми се гади по последно време. Дајте некој совет да се средам малце, како да ги намалам ги има без разлика на тоа што јадам.А со апетитот ќе ја наредам, морам да престанам да јадам глупости. Морам
Труднички муабети Овошје мораш да јадеш секој ден! А и зеленчук исто така. Во нив ги има сите витамини макар и со сила мораш да јадеш. Посебно во периоди кога немаш апетит со нив ќе надокнадиш голем дел од витамините кои се потребни за правилен развој на плодот.
Мешиња помагајте, ми се јадат мантии Зелка кисела, стаса, јадев ете и шишенце расолница имам во фрижидер, ама мантии. На свекрва ми и рекле дека имало некоја Фурна кај шо спремале мантии и сараевска пита кај комплекс Треска во Топанско, арно ама требало да се нарача за да направат. Некоја од вас ако има инфо за некоја фурна што прави мантии по нарачка нека каже Што би рекол мм, за живот се работи
Mesinja posto krvta mi e oslabena,mi kazaa da konzumiram Aronija.Jas se mislam,ne znam dali e dozvoleno vo bremenosta?! Sovet?
И јас јадев Аронија препорачливо е по 3-6 зрнца на ден. Инаку за железото пијам и Маџун (го има промотивно во Зегин две шишенца за 200 мкд) тоа е гроздов шеќер, по една супена лажица на ден во чај или сок без шеќер (не смее да се претера со ова да не ти рипне шеќерот). Јадев многу зелена салата и месо и успеав да го изрегулирам железото во рок од 30 дена.
A kako ja jadese,sveza ili ja varese kako caj?! Mojata sto mi ja donesoa e sveza,ama zamrzneta.Probav edno zrno,ne mi se bendisa vkusot
Леле свежа ја јадев и ја одмрзнував (мене ми ја дадоа замрзната), вкусот е бљак ама за 4 зрнца дневно се издржува. Мене не ми препорачаа да ја варам затоа што така се губеле дел од витамините.
јас јадам се што сум јадела и претходно,со тоа што ич не сум по благото јадам многу ретко, и месо исто како претходно така и сега не конзумирам нешто многу, зелена салата мислам имам изедено со вагони и секојдневно гледам да имам на мени супа или чорба , и редовно овошје, кафе само едно на ден ,чаеви и многу пијам вода, но сепак докторот ме критикваше за килажата до сега имам качено 5 кила ,крвта ми е добра ,ама ми рече да внимавам да не добијам гестациски дијабетис благо не јадам ама си имам проблем со лебот, не можам без леб ми се врти ако не јадам а знам дека и од него се дебелам офффф како да го откачам? почнав како двопек да го јадам може е така подобро???
а да пробаш да јадиш од тој интегрален од жито лукс шо е? јас едно време јадев само таков, ама со тек на време мене пак ми се лоши од леб ич неможам да го јадам, никаков неможам, ако јадам само корка јадам последниве недела две ич ништо неможам да јадам, се со сила пикам во уста, само зденки и еуро крем јадам, а и пецива можам да јадам ,да не заборавам , ама се паметов најпоке на благо ме тера
јас не пребирам само леб да е јадам и интегрален и црн само оддалечена сум од маркетиве а во нашава продавничка носат само бел па немам избор , затоа почнав како двопек да го печам , а докторот вели лебот право во канта не ти треба
ај тука ке прашам Кој пиеше чај од брусница и за што го пиеше мислам дека повеќе го пиевте ама не ми текнува за што го пиевте т.е за што е тој добар?
јас го пиев еден месец заради тоа што имав бактерија во мокрачата, и навистина ми помогна, ја исчистив
Mene mi se otvori apetit kon nesto mnoguuuu kiselo. Primer grejfrut, kompot od visni, portokali, limoni ne mozam da se kontroliram. I toa koga go jadam cuvstvuvam deka ne mi e mnogu kiselo. I pijam mnogu voda posle sekoe jadenje. Vase iskustvo mamicki dali e stetno ili ne da se jadi kiselko.
Мене па многу ми се јаде благо,а пред да останам бремена не сакав ни да се погледнам кон нешто благо. Обожавам торти,пудинзи,кексови,што било само благо да е.
Јас на почетокот ми рече гинекологот да пијам витамин Б 6 и Б комлекс и многу ,многу јадев имав проблем и со стомакот ,ги прекинав тие апчиња и се вратив на нормала,јадам нормално,а претходно мислам дека мува да летнеше ке ја лапнев толку сто ми се зголеми апетитот...
како што одам кон крајот на бременоста се повеке и повеке јадам, незнам дали нависитна имам голем апетит ,или си се опуштив сега дека сум при крај а и само благо ми се јади, штом си речам гладна сум, одма во главата слика од нешто благо ми иде
Многу, ама мнооогу јадам кисела зелка, кисели краставички, туршија мх мх мх, дури ви пишувам сега ми се пријаде. Ми рекоа дека не чини затоа што од тоа се заматувала плодовата вода а ја пуста не можам без киселко