Ќе ти се врати апетитот јас бев исто така до кај 13-14 недела водата што ја пиев јас ја повраќав и ништо не јадев.
Пробај со двопек и јогурт.. јас имав таков период во бременоста го надминав ми се лошеше до 11 недела..
Мами јас сум 11 недела,имам гадење по цел ден, ама терам некако. Е сега ем уста не ми се отвара, ем само нешто ми се врти во глава за јадење, па ми текна школки со тестенини Е сега, знам туна не се препорачува, ама со школкиве како стоиме? Смееме да фи прикаснеме по некогаш? Така убаво издинстани и спржени?
Мислам пишува дека се прават од пастеризирано млеко, јас си јадам. Баш во некои рецепти што ми излегуваат преку апликацииве за следење бременост често ги има како дел од исхраната, со тост, тортиљи и слично.
14недела гадење и никаков апетит, ослабев 3 килограми но најмногу ми е страв што повеќе од 2 чаши вода дневно не можам да пијам, пробав и со компоти јогурти... Повраќам
Мислам дека полека полека ќе ти се врати апетитот,исто бев и јас,од се повраќав и слабеев и апчиња за повраќање пиев и ништо не ми помагаше.Мое мислење е дека само ќе ти помини сепак консултирај се со матичен.
Апетит имам, мачнини немам ама вода неможам да пијам на сила 2 чаши ќе испијам, а газирен сок ми нема никој равен
Мене па баш павлака ми рекоа смее, јас и намаз си каснувам. Не е нешто страшно ако не се конзумира секој ден во огромни количини.
Не е дозволена секоја морска храна, ракчиња се забранети, не се препорачуваат, лосос еднаш на 2 недели, сардина не...
Поради живата што ја содржи рибата. Јас каснав малку колку да не мислам, ко не ми се лошеше многу, ми текна на салата со туна и лимон, ама и читав на интернет дека еднаш неделно по малце не е штетно. Сепак овде гинекологот ми рече воопшто да не јадам и за првата бременост.