Не се оптеретувај толку, ништо нема да ти е од еднаш мајонез.. и јас сакам макарони саката со мајаноз и ме освежува ептен. Во првата временост се турив од јадење таква.
Еве ми направи лиги и мене,стрвен гз си нарачав ми прават јас у кревет пак исцедок ми се појави ама ќе јадам салата
Аууу кај влегов во темата да те прочитам, лиги ми потекоа Можеш и обичен мајонез бидејќи е сигурно пастеризиран штом е пуштен во продажба, јас претходно не јадев скоро воопшто мајонез ама во бременоста и тоа како знае да ми се пријаде... И си јадам
@Nala37 @Iris-1234 @Starchild И јас исфрлив мајонез бааги време веќе, после едно лошо тровање. Ама ете како за беља сега баш ме фаќа стрв за мајонез со посебна салама или паштета, не Аргета, туку некоја таква ловачка паштета старинска... Ќе си чепнеме по малку ајде, нема страшно, стварно не можам да се стегам до толку.
Се плашев и јас и на почеток читав се што ќе најдам и за храна во бременост и се останато (не дека сега не читам) за во еден момент да добијам совет од гинекологот дека во лето и есен кога буквално врие од овошја и зеленчуци јас да си кратам било што нема потреба. Така да по нејзин совет направив баланс со тоа што повремено јадам и бургер, и помфрит и мајонез во мали количини ако имам желба. Па и паштета можеби еднаш во месец. За сметка на тоа секојдневно јадам сезонско овошје, зеленчук. Сега веќе и од зимниците, туршија и слично. Така да барем засега немам проблем. Со тоа што јас никогаш немав ни потешкотии, ни лошење.
Јас паштета со години немав каснато. Ама една вечер така ми се пријате паштета што одвај чекав утредента да отворат продавниците да си купам Аргета. Така слатко сум си ја изела со патлиџан мх мх мх
Леле леле на здравје да ти е.Јас во првата бременост craving ми беше паштета со маргарин и сирење.Леле луѓе лоша комбинација знам нездрава скроз ама душава само тоа сакаше да ми јаде
Тоа е, што не ќе ни текне. Секако, не треба да се претерува и треба да се има баланс ама па и не треба строго да се пази. Некогаш човек треба да си ги задоволи желбите
Ич да не ти е мисла, јади и уживај. Јас немам грижа на совест затоа што знам дека јадам секојдневно овошје, зеленчук, месо, јатки и се што е потребно за да внесам витамини и за раст на плодот. Е сега ми се увртело мајонез, одам си јадам и тоа со каква сласт мхх мхх. Му го уврте во глава пак, со сиренце и домат и некое меко лепче
Ај овде ќе продолжам, соодветно на темата, да си споделиме идеи за храна. За појадок ме интересира што пиша, каков леб јадеш и намаз. Јас земам некогаш црн леб со зрна од Кам, некогаш обичен бел. Од намази јадам путер несолен, кајмак преубав превкусен од ЗеленЕ Долине од Словенија, помрсен е и баш за појадок со маслинки мх мх лижи мустаќ е работава. Плус си купив толчена сол и малку росам врз лепчето јогурт и доволно ми се 2 до 3 лепчиња малечки. Намерно помрсен појадок за да земам витамин Д. Јајце кога како, заборавам, ама успевам да јадам бар двапати неделно. Овесната каша ја вариш така? Како сутлијаш има вкус. А со какво овошје ја земаш? Немам идеи. Сега купив и спелта жито за варење, којзнае какво е. Подолго требала варење. За ужина земам некое овошје, аронија зрна, какао варам, јаткасти, колаче, за да ми се фати какаото и така. Зедов какао органско од Зегин, без варење само растворање во топла вода, па ќе видам какво ќе е. За ручек месо и манџи. И вечера зависи од расположение. Ако сум за лукче, кркам по едно големо чешне и кома. Дали лукчето ја разредува крвта? Сега последно тромбоцитите ми беа поднамалени. И така текстов тро шарен, мерак ми беше, како храната разновидна така и тој.
Текстов за мерак. Можеш да свртиш неколку страни назад на темава кога сум пишела во минатата бременост што јадам секој ден. Во принцип е исто/слично и сега, мада што треба да се самочитнам за да се потсетам. Бел леб не јадам иако поубав нема на вкус да бидеме реални. Јадам од фурна Диме, ќе ти го сликнам кога ќе имам следно зошто моментално имам Тонус. Од намази јадам хумус, крем сир, малиџано, ајвар, лутеница, зденка мачкам итн. Јајце не јадам и јас често на почеток јадев, па имав за брзо период кога почна да ми се гади од нив, па после пак ги прејадов. Овесот кога како, некогаш го варам, некогаш не. Ако го варам мешам малку билно или обично млеко со вода, три лажици овес и варам кратко. После во него додаваш што сакаш. Јас ставам чиа, ленено семе, од овошје банана или јаболко најчесто, боровинки, малини. Некогаш знам да додадам и чоколаден корнфлекс ако имам потреба од благо. Спелта немам варено, сум користела спелтино брашно порано за лепчиња домашни, ама сега немам мерак да праам. За лукчето не знам дали разредува крв искрено, ама да си јадеш, здраво е. Ужинки се трудам да се претежно здрави. Ама си правам и мерак на душичката со ресанки, чоколадо итн. Се додека е умерено и балансирано можеш да си дозволиш сѐ.
Дали сте ги пробале/би пробале лосос вака од конзерва? Го видов каталогот од Стокомак, па се мислам дали се дозволени и да ги испробам.
И јас вчера ги видов и се полигавив а риба мн ретко јадам воопшто,а сега што не ќе ни текне .Незнам дали би можеле и јас се прашував
Јас често јадам риба ама домашните не јадат така да најчесто или си купувам спремна само за мене или ептен ретко туна конзерва. Можеби еднаш во месец или на два тоа од конзерва. Ретко кога ми се исплаќа да печам едно/две парчиња само за мене.
Јас сега сум така...пола бременост на сабајле ја поминав со паштета ,чај и леб. Нема боље...ауу со саати можам да јадам тоа...