Мене оваа недела ме фаќа стрв за паштета една аргетка само се воздржувам одвај,незнам до кога нема да трае уште долго.И така сум колатерална штета јади поврати правам ,а денес и заб ме боли неможам ни да јадам.На маж ми му викам јас жив зијан сум со јадењево,џабе трошок правам по дома
Јас како главен јадач на салати и здрава храна пред бременост, сега откако останав бремена а видам салата ми се гади. Ништо здраво не ми се јаде. Само во тостови и сендвичи ми е паметот. Пред тоа не јадев леб скоро ич. Како може вака обратно да ми се случи не знам. Со сила јадам зеленчук Јас не знаев дека туна не смее, јадев неколку пати до сега… Газоза во животов се немав напиено, сега лиги ми течат кога ќе видам
Ne se zamaraj tolku, i jas kako tebe,pred da zabremenam na zdrava ishrana 2 godini a posle si sebopustiv. I jas tuna ne jadev prvite 5 meseci ama sega znam sa kasnam 1-2 mesecno od tie najmalite od 45gr. Toa i ne e nekoe jadenje, da ne ti e sekojdnevno na meni, od vaka mali kolicini nisto ne mu e na bebe.
Се пронајдов во твоево и истото ми се случуваше до крај на прво тромесечие. Од свежа салата и овошје ми се лошеше и нагон за повраќање добивав. Три месеви живеев на крекери, пици, тостови, сендвичи, само од таква храна колку толку не ми беше тешко ама одма ми се одрази на крвна слика. Ништо страшно ама сепак очекувано. После во второ тромесечие веќе ми се повлекоа сите симптоми, се вратив на стара храна и скоро па заборавам дека сум трудна. За некој ден ќе влезам во шести, а ни стомак нешто посебно немам. Хемоглобинот и железото си ги вратив пак на старо со исхраната и се осеќам одлично. Не се секирај првото тромесечие е тешко малку за тие со изразени симптоми, ама ќе се вратиш за брзо на стари навики
Немам некои изразени симптоми јас, не повраќам ама знае да ми се згади од храна и едноставно така, одбивни ми се некои работи, кои пред тоа ги јадев без проблем. На почеток сум уште.11та недела ама железото и хемоглобинот ми се супер, ги проверив. Го чекам сеа златното второ тромесечие, или како што го викаат “the honeymoon in pregnancy “
И мене точно истото ми се деси. Од некој што беше на здрава храна со години од се ми се згади и јадев само глупости. Првото тромесечје ме кошташе многу килограми на конто и на крај завршив со плус 30 кила Кога се породив 5 дена не ми даваа храна и кога се молев на докторката нешто да каснам ме праша што сакаш, и реков салата. And just like that ми се врати желбата за салати. Не се замарај за туната, си јадев и јас, не треба да се претерува ама од време на време ништо нема да ти биде
Јас во 9та недела и некој ден, ужас ништо нр можам да смислам од се ми се гади. Само сува кифла од која после ми жежи во желудникот и ми се повраќа. Ни салати, ни пици, ни хамбургери ништо. Само се молам во второ тромесечие, да се вратам у нормалната јас, се да јадам.
Пробај крекери, соленки, јогурт, непечени бадеми, лешници, мандарина, кидело јаболче. Колку толку да внесеш и некој витамин.
Bukovka pecurka jadete vo bremenost? Sampinjoni jadev, ama denes imam bukovka potpecena na puter za rucek (demek nova godina de ) ama da si prasam...
Урми смее или не? Синоќа изблендирав 2 со банана и какао ..и јадев неколку лажички ама денес си реков да не несмее случајно ?
Имам едно прашање дали е проблем доколку се напијам чаша пиво во бременост или еве конкретно безалкохолно пиво? Според мене не ама сепак да си прашам бидејќи ми е прва бременост и навистина се плашам