Мене маслинки дополнително ми прават киселини, така вчера се заебав, изедов10 тина и после се мачев цел ден... знам коската од маслинката викаат ако ја голтнеш помага за киселини..
Како успевате да избегнете да јадете некое пециво, леб и слично на тоа? Еве јас сакам ама не иде.. Имав период од две недели каде многу ми се гадеше и само такво нешто можев да јадам квики, геврек, лиснато и слично и нормално одма 3 кг плус.. Сега пробувам да се нормализирам со хранава ама пак во денот морам да каснам и нешто такво и се нервирам... Денес пример пиев сок од цвекло, лимун и триста чуда, после 3ч јадев палента со фета и грчки јогурт, па јадев кајсии, па еден ред црна чоколада, па фстаци, па некоја паста за ручек што ја оставив пола не ми беше убава, па крушка една и на крај пак гладна бев и си направив две сендвичиња
Никако, не се замарам до тоа. Кај ништо не можев да ставам во уста уште ако само тоа можам да не јадам… не се замарај, еве полека си внесувам се. Колку ми душа сака. Пешачам цело време. Со оглед на тоа дека завршив на инфузии, не се замарај со тоа, јади си што сакаш.
Верувај ич неќам да се замарам ама од старт сум на лимитирано движење, а може во еден момент ќе морам да бидам и скроз со лежење и највеќе ми е страв од здравствен аспект, за слабеење ќе ослабам како сите така и јас ама ајде се надевам ќе бидам ок вака сега кога барем можам да јадам овошје/зеленчук
Јас немав од кревет станато 12 недели.. само до вц да повраќам и на лекар за прегледи. Ништо не качив. Еве веќе 16+ движам и јадам без гајле. Ама стварно на толку не јадење, не сум помислила на ништо такво само зашто конечно можам да јадам.
Мене и матичната ми препорача по 5смокви неделно содржат магнезиум само јас не ги обожавам и ретко ги јадам а тебе наздравје нека ти се