Може, нема зошто да не се користи. Сите производи од мед, матичен млеч, прополис. све може да се користи во нормална доза, една лажичка на ден.
Мајки јас се отепав од јадење ролат со цимет дома правев со кесички незнам да не направам нешто ексик заборавив дека бремена... Кога му влегов две и пол ролатчиња голеемки и сега си велам да не претерав... Околу 30грама имаше во сите парчиња...
Сепак прочитав предизвикувал предвремено породување а и во рани фази абортус.... Иначе се задумав ... И сега еве со рацете на стомак да ја развеселам малата да клоца.. Инаку 29+2 сум...
Стварно ли? Од еднаш ништо нема да ти биде, не се стресирај, имам и јас ставано во колачи, смути. Јас од утре ќе фатам цимет секој ден да внесувам, да видам дали ќе се породам
Помалце ќе читаш и поубаво ќе ти биде. Ако земеш да читаш за се што јадеш и пиеш, крај не нема од сите глупости што ќе прочиташ. Ај уживај си и јади си.
Во 14 недела од бременост сум и не можам да помирисам месо само што ќе го спомнам мислам ми иде гадење и мирисот ми стои во нос, а воопшто не повраќам. Многу сакам месени работи, овошје и зеленчук.
Јас сум 30+2 и сакам многу благо и месено... Ептен знам не е ок ама обавезно благо денот.. Си велам јади сега после ќе слабееме.. Незнам како ама морам... Многу сакам да дојам и да имам млеко судејќи по градите инпо генетиката бидејќи мајка ми немаше млеко за нас две а ни сестра ми не доеше а јас сакам... Па не знам чај некаков да купам да почнам или е рано...
Големината на градите не игра никаква улога за доењето. Една другарка со баш големи гради ич млеко немаше а друга со гради ко оревчиња 2.5 год го доеше, дохрана еден ден не дала. Како што ти кажа членката кога ќе се роди бебе ќе мислиш на тоа. Многу е битно да знаеш точно како да го наместиш бебето да фати града да цица. За млекото ќе стимулираш со пумпици, со исхрана, чаеви ама тоа отом потом откако ќе се роди. И само упорност за доење, а не како јас маки месец дена и се откажав.
Јас пак повраќам од јајца, сега почна и сирење да ми смета, а 16та недела сум. Бурек и такви месени ми помагаат многу со мачнините. Пробувам да јадам салати и овошје редовно. Цело време мислев ќе внимавам што ќе јадам, да биде здрава храна, не знам што, и баш од тоа ми се гади. Кафе многу сакав, сега не можам да го помирисам. Кока кола ми помага многу, а не сум ја сакала ич. Водата ми смета ама пијам на сила. Страв ми е само шеќерот да не ми се покачи, килограмите ќе ги мислам откако ќе се роди бебче.
Јас пак кафе сакам убаво ми е пазам да не претерам... На вага скарана сум ама чувствувам дека сум како гица прасица ама се надевам ќе се среди.. За се трпение о време.
Ќе се обидам .... Многу сакам да цица како од здравствен така и финансиски аспект меѓутоа ако нема или ако не е хранливо доволно ќе мора со прихрана... Ќе видиме здрави живи.