9та недела сум ама немам воопшто апетит, незнам дали е нормално или не. Знам дека е индивидуално кај секоја трудница но обично кога почнавте на качувате килограми?
јас пак појма немав за тоа дека се заматувала плодовата вода?? едно време и јас јадев многу руска салата
и јас сум многу по киселкото не знаев дека ја заматува плодовата вода сигурно не е нешто страшно скоро и да не можам без кисела зелка краставичкии се што е туршија
Nekogas me faka kriza za blasko,nekogas pak poveke mi se jade kiselko...promenliva mi e zelbata za hrana.
Кога ми кажаа се зезав дека и онака у мутна земја ќе се роди, нема да му прави разлика, ама никој не ми се насмеа Сега се ќе измислат, де ова штетело де она не чинело, па како бе толку народ се испороди на светов пред ехо и пред милјарда испитувања? Јас не се секирам многу и што ми се јаде си јадам, рани душа да те слуша не верувам дека ако организмот ми сака киселко, ќе му наштетам на бебуш
Незнам ова за заматенава вода, јас се удавив во туршија и зелка, а водата ми е стакло чиста, за пиење е дури . Љуто обожавам, соленко исто а и благо си сакам.Абе све си сакам...само си кркам нешто, добро е што не ми се фаќа,све во бебето ми иде, нема да може да излезе од што е дебелко. Афродита,немај гајле, 9-та недела е многу рано за да јадеш вака како нас, и јас тогаш ништо во уста не ставав, некаде после 20 недела дури почнав со обилна исхрана.Јас во првите 4 месеци ослабев 10 кила.
јас јадам буквално се и што сум си јадела и пред да останам бремена. само практикувам навечер и насабајле чаша млеко со краш газирани сокови и алкохол не пијам. Посебна желба за некоја храна немам и фала богу супер напредувам
девојки јас сум 6-та недела ама воопшто немам ниту гадење, а не па повраќање. Јадам исто како порано, ништо посебно, само внимавам сега јадам интегрален леб, наместо бел,благото го избегавам, ама и онака не го сакам многу. Се чудам на сите им се лоши , мене не????????? дали е ок?
I mene mi e isto belcvet. Jas nemav i voopsto nemam ni gadenje ni povrakanjea sum 10 ta nedela . Duri i cudam. Mene mi se jadi kiselko. Mislam deka se e vo red nema nikakov problem. pozz
Нормално е. Јас немав мачнини и гадење на почетокот, си јадев сè (освен сладолед и риба - не можев да ги поднесам). Единствен симптом кај мене беше поспаноста. Многу ми се спиеше и можев да заспијам било каде. Друг никаков симптом на бременост немав. Ама тоа ми се врати во трето тромесечје - тогаш повраќав и ми беше тешко. Ама помина
и кај мене беше исто, јас немав никаков симптом дека сум бремена, дури и кога им кажав на сите , се чудеа е да и мене сега ми е мн тешко, на крајот , само ми се спие, и ми се лоши од секаква храна, имам наназад пишано, само благо можам да јадам и една иста храна...стомакот ми вие, а јас штом ја видам храната одма трчам во вц
лелеее значи не сум единствена со храната, и јас на почетокот бев 5ка ништо од лошите симптоми не добив, ама сегаааа на крајот, немам апетит јадам со сила колку да не е без ич и тоа еднаш во денот веке оваа недела, и тоа што го јадам мора да е со млеко или јогурт поинаку не можам. А соковите на вива, и чоколади и чоколадно млеко колку има пред мене толку можам да изедам и испијам, за друго ништо неможам од се ми се гадиии и се плашам дека јас што не јадам дали бебето осеќа глад? p.s и банани можам да јадам
^ Сигурно дека осеќа Мене гинекологот ме искара зошто сум дошла гладна на преглед а прегледот ми беше закажан за во 11ам а јас само едно јаболче имав изедено,зошто немав време и кога ме виде на ехо ми вика види му го зелудникот празен му е одма да одиш нешто да јадеш вака до касно да не се изгладнуваш ! Искрено се осетив имбецилно Не смееме да бидеме себични и да мислиме само на себе барем сега не кога сме во блажена состојба
Ок е, и јас истото се прашував. Немав никакви симптоми освен изостанокот на менструацијата. Еве 10-та недела почнувам и немам ни гадење ни мачнини ништо. Да е вака до крајот супер ќе биди, ама ќе видиме
леле и мене како ми се спие, ептен. Ем спијам по 10 саати минимум и пак на работа се прозевам, се чуствувам уморна, ххаха
ЛЕЛЕ мешенца изгледа само мене докторот ме искара за килажата како ве читам по се изгледа само јас немам никаков проблем со апетитов дури се засрамив кога ми рече дека од салцето не може да го види убаво бебето исто ми се гадеше само во првите 3 месеци значи и во претходната бременост и сега ама килажа си качувам, а од 4ти месец ми престануваат мачнините , ама сега многу внимавам што јадам ,знам дека нема потреба да се поправам повеке од 10 кила неколку пати ми нагласи матичниот
Здраво на сите, Јас сум во 8ма недела и ме загрижува тоа што воопшто не можам да јадам овошје (освен банана), од се друго страшно ми се лоши и повраќам... Зеленчук пробувам повеќе да јадам, ама нема некој избор сега како летно време... Се плашам да не му наштетам на плодот, да не не може да се развие убаво затоа што не можам да јадам овошје и зеленчук... До душа скоро од се ми се лоши, јадам само за да не сум гладна... Дали постои начин да ги внесам потребните витамини и минерали на друг начин.. Инаку пијам фолна веке 4-5 месеци, сега и магнезиум шумливи и дабростон бидејќи имав еден спонтан... Ви благодарам
Ne grizi se,i kaj mene bese isto na pocetokot,nemav kojznae kakov apetit,si jadev najnormalno.Podocna mi pocnaa macninite,povrakav,bukvalno od se mi se losese.Megutoa bebeto si gi naoga potrebnite vitamini od nasite rezervi i si se razuiva.
И мене ме искараа иако мислев дека не сум многу качена на килажа со оглед на тоа што не сум се качила на вага едно добри 2 месеци, се скаравме нешто па не правиме муабет, ама докторот ми рече дека на ова салце што го имам и претходно што сум го имала реални шанси има да родам мало дете, ама јас си се утешив и му реков дека тоа е и генетски со оглед на тоа што мајками мене и братми не родила од 2,5 до 2,7 кила ,а и од страна на мм мали дечиња се раѓале , така да ништо страшно, ќе си напредува со доење. Најбитно е да не се јаде глупости, мрсни работи,теста и џанк фуд , газирани сокови и многу шеќер, а килажата како килажа неможеш да ја регулираш во тек на бременост, па ни за време на доење, другарка моја од кога се породи тргна на намалување на килажата и кога за неполни 30 дена си остана без млеко и немаше со што да го дои бебчето. Така да уживајте во храната кој може , кој повраќа и има гадење нека пробува вкусови по малку додека не ја погоди правата комбинација ... поздравче и фрлајте се на јадење