И јас се прашував истото освен огромна главоболка наутро немав мачнини па ни повраќање а немам ни посебен апетит да речиш дека ептен ми се јаде, сега сум скоро 19та недела, а јас па ептен сум по благото за разлика од тебе цел ден само благо можам да си јадам
Не се секирајте,баш напротив среќни бидете што немате од тие лошите симптоми,јас цела бременост ја поминав без гадење и повраќање, на почетокот само многу глава ме болеше. Еве сега во 9-ти месец почнува опасно да ми се гади,ама тоа е од што бебето е веќе големо,и со нозете ми е влезено во желудник.
SILK ајде уште малку па ќе се гушкате со бебушот ќе заборавиш на сите мачнини дури и ќе ти фали во мешето
и јас едно време ич неможев да јадам, мислам за во 9 месец кога влегов, ама луге последниве неколку дена, само ми се јади, и се нешто пикам во уста
Сега за сега имам мачнини и не јадам многу.инаку се трудам да пијам природни сокови од овие ЛИФЕ,јадам овошје,нешто киселко,млеко или јогурт и плус она стандардно јадење како и вообичаено.
Мене како ме фати со јадење и нејадење, се надевам дека вака ќе ме држи до пороѓај Ми се гади од пржени работи, од мрсни работи, од чадено месо, од гицки, од благо, а многу ми се јаде свежи салати, цедени сокови, млечни производи и сл. Се надевам вака да завршам исто, иако читајќи ги коментарите на повеќето девојќи, тешко дека ќе биде така после 3ти месец
Јадам многу овошје, и попладне не ми се јаде ама ич. Затоа од сабајле еве денес на пример ми се пријаде комбиниран со сланина и кашкавал од Седмица и си јадев Попладне се погоди да имам плескавички ама ке каснам изгледа само една Буцето мое многу се радува на соленко и кога јадам ми го помесува стомакот
Значи ние трудните имаме привилегии да дознаеме што е добро за јадење,пиење,што добро мириса а што не...Само колку ќе ги применуваме во иднина...Никој не знае... И јас неможам да јадам пржена храна,во цела бременост од сендвичи имам изедено само комбиниран и тоа без кечап и мајонез.На работа јадам само овошје зошто освен сендвичи нема ништо друго на менито... А веќе 2-3 дена ме фаќаат киселини ни благце меможам да јадам
денес препорака од докторот ми беше благо и тестенини скрос да избришам од мени ,додуша благо многу ретко јадам зошто имам киселини ама за тестенини не можам да се пожалам , и за бели пецива исто ,а толку ги обожавам ми рече да ги заменам со печен компир и многу салати и овошје нормално, а сега и нема некој избор на свежи салати ,од туршијава ми здосади ...
јас обратно од тебе мајонез не сум изела повеќе колку во бременост, кечапче ммм море лупам од седмица без проблем и некоја лесковачка. Добро не често по 1-2 месечно. Ништо не ми смета и се исхранувам исто како пред да останам трудна. Мачџички салатки овошје баш и многу не ми е променето менито.
pepita82 барем зеленчук има зелче,марулче,краставиче не зафркавај...Овошјенце слабо а ми се јаде некое ...ај да не зборам кај ќе најдеме после Јас туршија не јадам,ниту ќе јадам...Сакам свежо повкусно ми е А незнам што ми е цела бременост на свежа зелка удрив,не седнувам на ручек ако нема
Jas pak skoro sekoj den imam na masa zelka rasolnica-ja obozavam! Posle si imame problem so gasovi,ama toa ti e,sto da pravam koga mi e slatka za jadenje Od salati jadam kiseli krastavicki, cveklo,ruska salata,od tursija samo morkov i karfiol.
Каталина јас и ти сме за на маса уште ракија ни фали оваа зима колку што прејадов кисела зелка никогаш до сега , за останатата зимница да не зборам , а свеживе краставици ми се чиста вода овој период, марула некако не ми иде ,ке почекаме уште малку за свежи салати ,има уште резерви на зимница
И јас ке ви се придружам со едно чавче ракиа И јас исто се прејадоввв кисела зелка и без салата не можам да си го замислам ручекот
Ау и јас киселата зелка лом ја правам додека има јадам уште малку ни остана ќе мора изгледа по Фемина да барам да откупам квлитетна зелка од расол бар додека трае бременоста Вака да ме лажеш не ја ставам во уста и не само тоа туку се што е кисело конзумирам дури имав период кога неможев да се воздржам од јадење лимони,ги лупев,ги сецкав на тркалца и ги јадев ко локумче и тоа по 2,3 одеднаш Ах што ти прави блажена состојба...
Od kiseloto denes preminuvam na slatko Vo plan sum da pravam eden kolac so mak (afionovo seme),go procitav receptot vo spisanie,ubavo izgleda.Samo...mesinja...smeam li da jadam mak...mislam toa e sepak seme od afion,vo minatoto,pa i sega od nego se pravat lekovi i narkotici...vo dilema sum Sovetce?!
Јас лично мислам дека се што е умерено е ок. Значи нема ти да изедеш 1 кг мак, туку 1-2 колачиња, така да уживај
мешиња луто јадете за време на бременоста ? барем тие претходно што сте јаделе ? јас во една прилика го пршав докторот дали му смета на бебчето ако јадам луто пошто еден период мн ми се јадеше ,ми рече не слободно јади си, денес после месец-два каснав некое лутко феферонче , малово не престана да мрда цела вечер ,мислам ке ми го пробие стомакот ,леле ако се излутело сиротко
Леле луѓе, многу ми е лошо...секој ден. Не можам да функционирам од што ми е лошо, а не можам да повратам. Што да правам да ми олесни? Слабо и јадам..