од купечкиве сокови знам да си се напијам само кокакола, а се ми е во мисла еден другар кога ми кажа дека жена му е трудна и као ете кокакола не смее да пие и ред др. раб, и ја не обрнав внимание на тоа, и после ми светна што кажа човекот, и уште не ми е јасно зашто не смеела кокакола јес да не чини да се претерува со кафе, чоколадо и кокакола, ама ја сум жив пример дека со кафе, а поготово чоколадо ја претерав до немај каде и фала богу се си е ок!!! имам слушнато од други трудници па дека се давеле во кисела вода... не верувам дека е забрането, што знам
Може да се пијат газирани сокови, ама во умерени количини. Се препорачува да се пие Кока-Кола за проблеми со притисокот.
ако не беше киселата вода со лимон и одвреме навреме кока кола ке пагав поѕлица од нискиот притисок.јас сметам дека треба да се јаде и пие тоа што ти годи на душата,се разбира да е умерено.
A дали се придржувате до тоа нормално јадење + 300 калории? Јас на пример еве како се хранам: сабајле топло млеко со какао, ужинка многу овошје, накај 13h мусли со јогурт, за ручек што било ама леб не јадам (заборавам, секогаш имам кришка пред мене ама заборавам да ја јадам) и за вечера обично овошје или парче сирење со патлиџан. Некако кога го пишувам ова ми изгледа како да сум на некоја диета, ама толку ми прија. Е има денови и баничка со јогурт кога знам да купам, ама не ми е такво секојдневното хранење. Не ми е зголемен апетитот ич, па си викам да не ја ослабнам крвната слика или да го ослабнам бебуш, не знам дали е доволно ова..??
а кафе дали смеј да се пија мене ми велат колку мозам да избегнувам само по едно на ден и така пијам а сега поцнав и едно без кофеин да пијам ама некогас стварно имас потреба од солја кафенце а како е со пусаците јас бев пусац ама сега цигара многууууу ретко имам запалено а во денот знам да тргнам по неколку пати од цигарат на мм
Сум слушнала дека треба да се внимава да не се јаде туна во бременост заради тоа што содржела жива. Не го земајте ова здраво за готово, само така имам слушнато, и јас здравје Боже кога би била бремена не би јадела туна.
Тоа денешното мени го пишав а со ручекот обавезно имам салата секогаш. И сирење јадам со било што зза ручек ради калциум. риба му е специјалитет на мм и два пати неделно имаме лосос или ципура и пред да останам бремена. ама и тоа кога јадам е без леб, а сабајлечки пак ми се многу лајт доручеците. се мислам дали количински е ок. јас се внесувам и се е здраво ( неколку пати неделно и сок од цвекло и морков литро), ама дали количински е ок? дека имам прочитано дека трудници треба освен нормално јадење да внесувааат 300 калории дополнително. тоа ме буни..
Мене ме интересира со оглед на тоа сто морам строго да мирувам а мм е по цел ден на работа со готвено слабо стојам она како главен ручек.Исхраната ми се состои во зеленчук овосје,благо млеко кисело сирење значи готова храна ни варена ни прзена.Дали е тоа во ред или Ќе мора некако да се снајдуваме со готвењето.
ако ја расчепкате убаво темава во почетоците ке видите што сме пишувале ние што бевме поголема екипа на трудници и секојдневно споделувавме се на форумот, уште од првата ден кога дознавме за бременоста, да не ги именувам сами ке се познаат е сеа како резиме на сето тоа ке ви кажам во кратки црти, трудници не јадете морска храна содржи жива ако сакате риба нека биде езерска или речна,ананас кикиритки исто така се забранети, кафето сведетего на минимум оти од кофеинот се стегаат органите што му носат храна на бебето, и поради тоа може да родите мало или многу слабо бебе, и цигарите не се препорачливи јас лично бев пушач ама во бременоста ме советуваа да не пушам од многу причини (кои се страшни за коментирање), исто така гледајте да јадете повеке овошје и зеленчук пијте центравит пренатал, јас од нив сум презадоволна,. тоа сеа за сеа ми текна за повеке информации во лп што знам ке ви кажам. позз и со лесно нека ви е на сите
Јас продолжив исто како пред бременоста. Немам потреба да сменам нешто многу. Доручекот од здравствени причини кај мене неможе да е овошје, па затоа се што е тестенина во денот, ја јадам за доручек, и јогурт обавезно. По доручекот до два саати пред ручек јадам овошје во умерени количини заради шеќерите, за ручек секогаш имам зготвено јадење, никогаш пржено. Ретко знам да се излажам да каснам шницла пилешка пржена во грил тава со 3 капки зејтин, ама обавезно и чаша јогурт со тоа, инаку кој ќе ми ги гледа маките. Салата јадам два пати во денот, за ручек и ако огладнам навечер, и тоа не мерам колку јадам. Кај мене единствен проблем е месото. Риба, значи да ме удави човек во неа два пати неделно спремам пастрмка печена (лудница рецепт којсака може да го добие по ЛП), ама останатото месо, значи тепачка. Никогаш не сум сакала, и сега ептен па тешко ми оди. На две недели еднаш ако јадам шницла пилешка, и еднаш неделно може а може и не печен батак. Друго месо неможам ни да помирисам, ова отсекогаш сум била ваква, ама сега ептен. Некни скара правеа, за мене имаа купено бифтек чисто месо, еден залак и црева ќе истурев. До толку не ми сака организмот месо! Цеден сок пијам секој ден, една чаша на гладно и наместо било каков друг сок пијам цеден или пак еден рецепт за леден чај од нане, го имам напишано во рубрика рецепти. И витамините што си ги пијам Прегназон + Омега, и магнезиум. Крвта ми е топ, железо 22. Веројатно не е толку проблем местот што ич не го јадам!
Девојки, можеби веќе некаде ме имавте порано читано (уште пред да останам бремена), за мојот здравствен проблем што не можам да внесувам зеленчук. Да ве прашам, дали со овошјето и витамините тие што ги земаме во бременоста се надокнадуваат витамините? Ептен ми стои тоа во паметот и се нервирам.
Се надокнадуваат витамините. Иако, се препорачува во бременоста да се јаде зеленчук. Ако смее да се знае, која е причината што не јадеш зеленчук?
^ Имам проблем со ензимите во желудецот (што се за варење зеленчук). Скоро да ги немам, и неможат да ја варат храната (зеленчукот). Ми рекоа можеби, значи можеби, никој не ти вели со сигурност, со нутриционист да се излечи. Порано имам пробувано,ај малку по малку да внесувам ама сум се откажала кога гледаш дека не можеш. Е сега кога останав бремена, пак се обидував малку барем да внесам...ете последно беше, 3/4 тркалца краставица...за 10/15 минути одма ги повратив... едноставно желудникот не може да ги свари.
За краставица не е важно бидејќи нема важни витамини,но пробај оделно свежзеленчук без мешање или варијанта на домашна супа или крем супа од зеленчук.но и со овошјето ќе внесеш витамини. На гугл пребарај добар дел од сите витамини ги има не само во зеленчукот туку и во други билки и растенија,незнам многу но самото тоа што пример витамин Ц има и во зеленчук,и во овошје,апчиња, живина сигурно ќе имаш баланс.
Штом повраќаш од зеленчукот, не го јади. Можеш да си направиш проблеми. И јас не можам да јадам одреден вид на зеленчук, од истата причина како твојата. Разговарај со некој нутриционист. Можеби тој ќе може да ти помогне.
Ај едно прашање, може ќе ви звучи смешно ама многу ми е важно. Сите, цела фамилија од страна на маж ми се пегави. И многу ми е страв моето дете да не има пеги. Читав дека тоа е наследно, па ме интересира има ли нешто што можам да зголемам-намалам или внесам дополнително во текот на бременоста за да го спречам тоа?
Кај нив сите имаат и тоа не само на лице, туку по цело тело и затоа викам ако можам да направам нешто преку исхраната за да спречам од сега. Малку пеги и симпатично делува, ама ова станува збор за пеги по раце, нозе, лице, грб