Јас нешто посебно не пазам, јадам исто како порано. Првите три месеци само не јадев махунарки, зелка и не пиев газирано. Млеко си пиев, неизоставно ми е едно нескафе со млеко насабајле, но и немавме многу јаки грчеви, ни поминаа за 40 дена. Но не сум проверила крвна слика, очекувам да ме искараат и да ме стават на режим
Гасовите се од брокулата и јас се зезнав на почетокот ја јадев и бебе се истури од плачење и грчење. Јогурт пијам секој ден не создава гасови, млекото можда не знам не пијам млеко. Цвекло, мед и лимон по 3 лажици на ден за анемија, башка пијам маџун и за ручек јадам цвекло, морков салата. Баш некоко имам енергија да ги издржам ноќите. Пробај нешто од ова, па кажи дали ти помогнало. А, да и пијам какао наместо кафе.
На денешното мени доρучеκ омлет со малκу цвеκло и селсκа сол,ρучеκ манџичκа κомпиρ со салата моρκов и цвеκло,вечеρа до 18ч.најκасно една банана и една плазма,и едно κафе на ден пρетежно сабајле κај 09ч.додеκа спие бебушκо
Мене ми се појави осип а лимон немам пробано, се мислам од вчера земав пак мед со коприва да не има некоја реакција на копривата преку урина. Киви во ред е или и тоа создава лоши гасови, ги имам и ги гледам само
До пред да забременам немав некој голем апетит и многу работи што јадев ги јадев онака без сласт. Одкако забременив ми се отвори гоооолем апетит и јадам се, прсти си лижам порано не ми ни текнуваше на благо, а сега тешко се воздржувам да не јадам. Во бременост јадев цела тегла нутела за 2 дена Ме интересира дали доењето има врска со зголемен апетит??? Дали кога ќе престанам со доење ќе си се вратам во нормала или вака ќе си кркам цел живот И дали лимонот смета само за осип или прави грчеви? Баш сакав да почнам да пијам по 1 на ден заради имунтет
@chocolade , јас не дојам, целосно на АД е малиот , ама имам голем апетит. Пред да забременам јадев ради реда, сега баш онака убаво си јадам Се надевам ќе помине фазата со апетитот, зашто ништо не ме спасува
и кај мене е иста состојбата , само што пред да забременам си ја средив килажата и внимавав ѓто јадев, во бременоста првите три месеци ослабев 5 кг, ама по 4от месец кага почнав да си јадам ммм мераци се си јадев и се поправив околу 17 кг, ама си се тешев дека кога ќе се породам се ќе си се среди само од себе, НО кога си дојдов од болница имав само 7 кг вишок ама сега по неполни 4 месеци од пораѓај имам +12 кг вишок =се поправив доејќи имам огромен апетит а за благо душман сум, се надевам дека е од хормоните и дека како што си расте бебчо кг ке си заминат. сега имам оголем стомак и не ееее труднички-од болница излегов како штица рамна уффффффффф не можам да си се помирам што си направив извинете за долгиов пост ама мораше да си се олеснамммм
Јас апетит имам за 5 деца како да дојам. Ич не јадев благо, а сега и на торти се фрлив. Еве денес сум на 3 банани, 2 овошни јогурти со овес, кајгана со сирење, пола сок од праска, 3 јаболки и парче торта, мајко мила до вечер и вол ќе изедам!
хааааа кога ќе видам колку многу имам јадено во текот на еден ден и кога сето то ке копретворам во калории иииииииииии шлогггг над 2200 што е ужас!како ли само ке се одвикнам од воолку јадење? Инаку chocolade јас лимон пијам од самиот почеток на доење и секакво цитрусно овошје јадам, тоа со осипот не знам баш дека е поврзано со цитрусиве
Нормално е кај мајки доилки да е зголемен апетитот бидејќи е потребно околу 2500 калории дневно за потребите на мајката и бебето. Јас пак дека две бремености брзо една по друга имам анемија па сум само на здрава исхрана и ништо не ми се фаќа, место да се поправам јас само слабеам.
bittersweet не дека не сум пробала здрава храна ама не иде некако, а како се храниш здраво ,што јадеш?
Офф мамички ме изнасмеавте Калории??? Па искрено нит ги бројам нит знам како да ги бројам. Немам време за водење математика Еве јас да ви кажам што јадев денес, ужина чаша јогурт со 5 кафени лажици овесни снегулки(не знам дали таа е количината што треба да се конзумира) една сушена смоква и една дланка бадеми, доручек 1 варено јајце, ајвар, парче сирење, 5- маслинки и 1 кришка црн леб. Сега јадев 1 пржена кременадла со булгур. 2 кафиња, и многу вода и чај за лактација на млеко. Си сварив сега и боранија со мелено месо за утре па накај 17 часот ќе канснам една чинија без леб. И пред да легнам чаша јогурт. На сето ова јас осеќам како дупка во стомак од глад
Za poveke mlekce poveke mandzicki topli jadenje,jas jadev mandzi i toa topli za poveke mlekce i navisina imase efekt isto i meso koga jadev se zabelezuvase poveke mleko.
Ау значи не сум единствената...и мене многу ми се јаде, а посебно благо. Па сега дека и празници торти и слатки еден куп, нон стоп само нешто јадам, ама реков да поминат 40 дена и од февруари ќе си се вратам на пилатесот. Денес за ручек на мени телешко и компири и васина торта за десерт
@LusySkyDiamonds од пилатес не се слабее освен ако не држиш и диета и јас почнав на пилатес но инструкторката ми кажа така. Ако ништо бар малку ќе се затегнам
Сега се измерив, значи од дочекот на новата година до денес сум се поправила кило и 700 гр. Ауууу за само една недела, ама вистина пукнав од јадење, плус користев и одмор, дома бев.... Од утре на режим.
Ааа @leona83 уште утρе Божиκ е,плус четвρтоκ,не се почнува од сρед недела почеκај до "чист" понеделниκ.
Малку ми фали да се предомислам Мислам дека дома што бев, ич не се движев а и празничните трпези си го направија своето. Море кога ќе ми текне колку работа имам на работа, одма ми се пријадува
Цел живот вежбам пилатес телото најубаво се дефинира така, а диета не не смеам сега. Сега само треба да внимавам.