Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.904
    Пол:
    Женски
    МеУ извини што ти се убацувам вака, ама мислам дека премногу брзаш со исхраната.
    Колку што гледам на тикерот бебето нема ни 4 месеци, а веќе пробувате вкусови и тоа му даваш кашички по некое лажиче ако не се лажам.
    Рано Ви е и тоа многу.
    Ако сакаш лути се, ако сакаш не, не е мое да судам, секоја мајка најдобро си го знае детето, ама мноооогу брзаш. Прочитав и дека и даваш млечна каша мислам беше, доволно било тоа. Се препорачува доење до 6 мес., ама ако детето е гладно и губи на килажа тогаш и дохрана, ама не пред 4 месеци.

    Друго, цел 4-месец, ако не цел тогаш барем 2 недели сте требале со сокчиња, а потоа и кашички.
    Цел месец ете 5-ти на пр. овошни кашички, а потоа и зеленчукови.

    А брокулава кај ја најде па неа да ја воведуваш. Не бебе од неполни 4 месеци брокула. :^)

    Еве едно мислење од Анатх, јас по него се водам за зеленчук и ти го препорачувам.
    Зеленчук: се почнува со морков (може да даде реакција, ама брзо поминува и не е опасна). После 6 полни може да се даде целер, пашканат, келераба, зелена тиквичка, цвекло. Нешто подоцна (7 месеци) може да се почне со лук и кромид во јадењата (јас почнав од 6 месеци), компир, спанаќ, блитва, брокула, карфиол, грашок. После 8 месеци може и боранија, леќа, праз, зелка, домат, пиперка, а нешто подоцна и грав.

    Сепак ти си знаеш.
    Еве едно линкче и од друг форум (може и не е дозволено да ставам линкови од др. форуми), ама ако сакаш пролистај. Има и тука убави совети, па и по некое рецептче.
    http://www.ringeraja.mk/forum/%D0%9A%D0 ... 217/tm.htm
    Ова е најдобронамерно.
    Поздрав и секое добро. :)
     
    На mimus му/ѝ се допаѓа ова.
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    lolyta777 ние испробуваме со вкусови, а до сега ниту еден оброк не сме замениле, си јаде како и до сега, млеко(АД). А брокулата еве која ќе ја проба
    [​IMG]

    значи сеуште и немам дадено, но ќе и дадам да проба.
    А искрено воопшто не се потресувам дали ќе бидат 4 и два дена или 7дена пред 4месеци. Сепак секој ден си го гледам детето, и знам како напредува , дали еншто и одговара или не. Пак ќе кажам за мене оваа не е грешка, зошто редовните 6-7оброци од млеко сеуште ги има. До сега не е под 650мл дневно. Цело време толку јаде. Ако нешто сметам дека е грешка, тоа е што дозволив да го изгубам млекото, ништо друго.
     
    На gorda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.078
    Допаѓања:
    43.219
    Пол:
    Женски
    И јас со дохрана почнав на 5 ипол месеци , тоес цврста храна ..на почетокот и давав неколку лажичиња од тие тегличките од ХИП морков , морков и јаболка итн.
    Прво почнав со зеленчук , а потоа и овошје
    И јас сум на мислење нема потреба да се брза со дохрана .. ;)
    Ајде Меу здравје за второто дете ке си знаеш повеќе , и ке биде доењето поуспешно :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    синко мој си напредува како треба, беше само на млеко и се ОК, а педијатарот ми вели мајка ајде со кашички од 4 месеци :o Со ќерка ми почнав од една недела пред 4 месеци, се дереше од плачење, жива гладна беше, па ете ја сега жива здрава и уште се дере ама барем не е гладна :lol: Сега дека имав доволно млеко си викам ќе тераме вака до 5, 5 и пол месеци па после каши, а докторката вели почнувај! И јас бунтовна: З'ш? А докторката ми вечи пак ќе си почнеш со по лажичка две, 1-2 овошја неделно, поубаво е полека да се навикнува на алергени, натенане да учиме јадење со лажичка, да биде без стрес и за мене и за него, да не биде подоцна, нема да му стигнува млекото, ќер биде нервозен и ќе треба повеќе овошја и зеленчуци побргу да се воведуваат! И така, јас почнав со домашни кашички, лажиче, па две, до 3! Смешен е целиот, се тепа за да му дадам, а по 10 пати му го враќам во усте додека да се снајде да голтне!
    Пробавме јаболко, тиква и банана, сега на ред ни е праска :party:
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Јас сум за уживање во доење, дури можам раад да видам од чинии миење хахаха Малку да се нашалам. Проба едно малецко лажиче сок од морков, денес го гледам малку црвенкав во образите, па ќе си почекаме деновиве што ќе ни кажат на контрола. Инаку знам кога го дојам е време само за нас двајца и ми е едно од најголените уживања кога си јаде и ме гали.
    Лолита инаку тука кашичка на Нестле има со морков и пашканат од 4+ така да многу ме буни како одат ознакива ваму и Мк. Брокула на Хипп има со компир исто 4+, и на Нестле, ама пишува може со 4+, но се препорачува со полни 5 во 6. Јас искрено не знам што да мислам. Исто и на кашичка дома да ја припремиш со банана и ориз на Нестле пишува 4+ а има глутен, а при тоа пишуваат би препорачале да доите до навршени полни 5, оти нема замена за мајчино млеко. Е ајде сега?!
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.904
    Пол:
    Женски
    Значи мое мислење е дека и за пробување вкусови е рано, т.е. рано е за кашички....ти си знаеш, како сакаш.
    Не мора да се потресуваш, ти си знаеш. Твое дете, твои правила, не слушај никого.
    Пие млеко, ОК, ама ете и банана прочитав некаде си дала, а баната е тешко овошје. На 4 месечно бебе каката треба да му биде златно жолта, а не да има брбушки.

    Инаку таа кашичка од брокула, пробај ја и ти и ќе видиш дека и ти нема да ја јадеш. Не само што страшно лошо мириса, туку и за никаде е вкусот.
    Ако толку сакате брокула да пробате направи дома.
    И тие кашичките на Хипп иако пишува 4 месеци, сепак брокулата е зеленчук. Син ми сега во четврток ќе прави 7 мес. а уште не сум дала брокула.
    Пробувајте овошје, зошто зеленчук.

    Ок, како сакате, советот беше најдобронамерен, само немој после да се чудите зошто бебето има запек, не може да кака, не спие убаво, се грчи итн. итн.

    Ноел, јас почнав со дохрана со полни 5 месеци и некој ден, не брзав и цел месец му давав само овошни кашички Хипп 4+ и на Хумана млечната каша - ванила со вода што се прави.
    Кога наполни 6 мес. почнав на овошјето да додавам зеленчук, прво морков, па тиква, па тиквичка, па компир, па ориз додавав, па почнав само зеленчукови каша, а мината недела и спанаќ и пашканат.
    И до ден денес немам купено од кашите на Нестле затоа што се со глутен, со полни 7 месеци ќе му дадам и некоја кашичка со глутен за да видам реакција.
     
    На Bozica1980 и meU им се допаѓа ова.
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Ена не туку буцкај, ти кажав второ НЕ :lol: :*

    Lolyta777 искрено не јадам брокула па затоа нема ни да ја пробам :$ , а не сакам детето да го учам ова смрди, она не смрди убаво е, ќе го јадеше. Мое е да и дадам и да ја научам да јаде се, да не биде пребирлива, а на крајј она што ќе одбие , што нема да сака нејзино е. Еве пример, јаболка чиста не сака, па ако, а јас можам што се вика цело дрво да изедам. Значи нема да се ориентирам по себе што јадам јас тоа и неа.
    Затоа пак кашата од морков и јаболка си ја јаде, но доволно и се две лаички, засега. Оваа денес еве трет ден како ја јадеше. Утре ќе правиме малку пауза, ќе си биде цел ден само на млекце, а задутре ќе пробаме со јаболка и тиква(исто три дена по 1-2лажички).
    Исто и сокот од јаболка не го сака, па ќе пробам со сокче од морков, зошто гледам го јаде.
    Брокулата како што сме тргнале на 4,5месеци ќе ја проба. Но, пак ќе кажам не брзам, зошто не ни заменувам оброк. Дури накај 5 месеци ќе почнеме со оброци. Прво ќе се измериме, ќе направиме преглед, па потоа ќе заменувам млекце.
    За јадење, си јаде, од почеток ја смукаше лажичката, а сега отвара уста. И многу е лута кога ќе престанам да и давам :rofl:

    За мене е многу важно цвеклото да го прима свежо, заради крвта, место Ферум лек, но знам дека за тоа ќе почекаме.
     
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Јас не ве разбирам какво ви е тоа пробување вкусови :^) Јас со 4 полни месеци и со двете почнував со сок од јаболко и тоа првиот ден 2-3 лажички,вториот 3-4 ,третиот 5-6 и потоа во наредните 4 дена давав по 50-60 мл. сок кој го одложуваше цицањето за половина до еден час.Следната недела давав морков варен исто по лажичка-две ,но со јаболкото продолжував нормално.Потоа ги мешав двете некои 4 дена ,додека да стане една недела од морковот.Потоа додадов круша и со нејзе исто .Следуваше банана,компир,ориз ,тиква,тиквица....Така до 7 месеци дојдовме на еден оброк овошен и еден зеленчуков.Заради недостаток од мајчино млеко на 4,5-5 месеци почнав да давам и Хип кашичка со ориз и АД млеко која тогаш целосно ни заменуваше едно цицање.Според мене тоа пробување на вкусови нема логика ,ако тоа не почнува да заменува оброк или пак да пролонгира едно доење.
     
    На NoellePage и meU им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.904
    Пол:
    Женски
    МеУ Ок, пробувајте вкусови, јас само реков рано е и за тоа и се` уште стојам на мислењето, посебно за брокулата.
    Конкретно еве за јаболкото и син ми не го сакаше на почетокот па и јас комбинирав со крушка, со тиква, со морков, ама еве сега и чисто го јаде. Се препорачува ако некој вкус бебето не сака, да не се откажуваме, туку да го понудиме подоцна. И цвеклото прво варено ќе го конзумирате, за свежо не знам кога се дава, јас давам варено.

    АИТ
    се согласувам и кај нас беше така, ама со ќерка ми. Малиов нејќеше сокчиња, па после две недели упорност пак нејќеше (и денес не пие сокови), па пробав со кашички. Прво една тегличка за 3 дена, па за два и така да стигнеме до цела тегличка после еден месец која ни замени подој.
     
    На meU и AIT им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.883
    Допаѓања:
    203.035
    Пол:
    Женски
    MeU, не мора да значи дека ако сега не сака јаболко, нема да сака и понатаму. Многу зависи од тоа дали кашата е домашна или купечка, ако е домашна зависи од сортата на јаболкото итн. Мене тука поентата ми беше да не се разочарувате и да не попуштате ако сакате детето да ви јаде сè. Ако одбие еднаш, не значи дека ќе одбива и понатаму.

    Ваше е кога ќе воведете дохрана. Јас сега кажувам како треба, ама кога јас воведував дохрана, подранив. Рано почнав, навистина и мислам дека згрешив со тоа. Но тогаш уште не знаев многу работи, бев збунета од толку различни информации, и сè ми се испомеша.

    Прво овошје што го проба син ми беше слива, од дрво скината, измиена, директно ја шмукаше. Прв зеленчук беше брокула, свежа, обарена, со неколку капки лимон. На 4-месечна возраст проба. Да, по совет и контрола од педијатар јас свесно почнав со ова. Денес знам (а не знаев тогаш) дека со овошја и зеленчуци што содржат скроб (банана, компир и слични) се даваат со 6 полни месеци, а никако порано.
    Да ми беше тогаш овој памет, сигурна сум дека немаше толку рано да почнам, ама фала му на Бога, син ми немал проблеми, ниту пак алергии, досега. Единствно што не ги сака благата тиква, костените и слаткиот компир, поради нивниот богат, брашнест вкус.
    За второто здравје Боже, ќе си знам. Со пробување вкусови со 4 полни - што значи навикнување на бебето дека постои и друга храна освен млекото (по можност каши, сокови не), а со цели оброци со 6 полни месеци.

    Ноел, црвенилото на образите може да е реакција на морковот. Очекувана е, не се плаши ако се повтори. Тоа е нормална реакција која ќе се изгуби после некое време. Морковот е слаб алерген, ама сепак се дава за почеток, како прв зеленчук.
     
    На NoellePage и meU им се допаѓа ова.
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Лолита и јас на ќерка ми првите 2-3 дена и правев сок од јаболко,но кога видов колку мака е тоа,почнав да и давам рендано јаболко на најситно ренде и така го јадеше. Кога викам сок тоа е всушност кашичка во која и додавам водичка ,а направено со рачен блендер.Мислам дека до сега ќерка ми и нема пиено бистар сок :)
     
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Фала ви на сите за советите. Свеки пак ме отече прво да пробал баначе, а и свекор ми од страна да да банана вика, а јас 8) Знам колку е калорична и тешка овошка, ама нека им, еднаш кажам, не сакам да им се повторувам. А мм ги има отпеано кога ќе го чуваат, што им се остави да го наранат кога ќе е поголем, тоа, ескивации да нема. Гурманче е џеков мој, ама цице најцеќе си сака. Така ќе се стутка кога го дојам, па ќе поче да си го гали, е како тоа да му го скратам :lol:
    Ајде за недела две недела ќе си почекаме.
    Ах, да од зеленчук покрај морковче кое е полесно? А и глутен имаат на Нестле затоа убаво мора мајка да си чита на амбалажа.
     
  13. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас од зеленчук му давав со полни 5:
    прво компир
    па компир со морков
    компир со тикве
    карфиол
    брокула
    со полни 6 дадов + боранија
    со полни 7 + домат
    со полни 8 + грашак
    ама денес на форумот прочитав дека овошје и зеленчук што имало скроб не се давало до полни 6. то не сум го знаела
    јас давав со овај редослед
     
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Бидејќи ветив оти ќе пишам од кога ќе се вратиме од консултација, еве не и нас со малку подотворена уста. Имено, беше дојден специјалист доктор за бебешка исхрана од Норвешка и што ни препорача
    -од старост 4+, да се почне со пробување вкусови;1 ден 1/2 лажичка, 2 1 лажичка и тн со наголемување НО со помали паузи и да НЕ заменува оброк
    -да се дава во форма на пире т.е кашичка, добро испасирана и со малку потечна содржина од купечките за да се навикне бебето на нов вкус, но и нова текстура. Образложението за соковите беше оти и тие се течни како и мајчиното млеко и потешко ќе биде да се премине кон 7миот месец на гнечена храна која ќе содржи помалецки цели парченца.
    -за глутен, има овесна каша со малку глутен од 4+, значи полни 4 во 5 месеци и таа можела да се дава иако имало маалку глутен за проба. Особено било добро да се даде глутен дури уште се дои оти ги намалува реакциите на истиот доколку ги има, но само неколку пати на 2 недели да се навикне организмот.
    -додаток на сол и др зачини строго да се избегнува
    -вода може да се дава од кога ќе се почне со замена на оброк малку да се згасне жедта, инаку нема потреба
    -грици, сокови вештачки, благи и да гледаат и бараат никако
    -мед после 1 година
    -за добар почеток се препорачува пире од компир, морков и др полесен зеленчук
    -месо со полни 6 по мала порција колку за вкус
    -кога се готви, може да се додаде малку путер поради потребите на малите за екстра масти
    За бебешки рецепти слободно прашувајте сега оти на подарок добивме и прекрасен готвач
     
    На Aerial, gorda, AIT и 4 други им се допаѓа ова.
  15. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Супер, со се се согласувам на истиот начин и јас го хранев син ми, само за месото јас некаде кон кон 8.5 м прв пат му дадов и тоа мноогу малце телешко и до ден денс го избегавам, дали 3-4 пати во месецот, но тоа си е личен избор и ако се оди по таков избор треба многу винмание да се посвети на зелнчуцоците кои имаат железо, бидејки месото е голем извор на железо, но затоа јас еднаш една до два пати во неделата правам лека,спанак, спанакот и жив го ставам во смутис.

    Само ова Ноли сакав да кажам, зошто купечки?
    И јас така почнав прва кашичка ни беше морковче на Хипп до душе надвор бевме излезени, тогаш бевме по цели денови надвор, па после со јаболче хипп исто продолжив, и сега кога би можела да го вратам времето исклучиво со домашни би одела, поле го зедов редот и кога излегувавме ретко купував.

    И за старите гледам си пишала се мешаат, тие нека си го кажат нивното, ти терај си го твоето, мене мајка ми што ми беше мајка искрено на живци ми одеше со тоа јас тебе така сум те израснала што ти фали, ми даде една книга по таа што се водела лимонче и водичка од два месеци :o и чудно ми беше бидејки имам млада мајка и мислев дека помодерни свакана ке има, не бре жената се запна, сега само измислуваат, не ни се обидуваше да ме слуша што кажувам, но си го терав своето.
    Друго било тогаш, сега сите истражувања од целиот свет се преку интернет се може да се види тогаш не бил достапен интернетот за сите, докторите можеле само од семинари да учат нови работи и побавно одел цел тој процес, не дека и сега не менуваат, но мојот инстикт ми вели дека е исправно ова со 4+ дохрана овошје, зеленчуци.

    Ах ви љубоморам ми фали тоа време :tmi: не дека и сега не ни е добро, но некако многу брзо лета времето...Ужвајтее.... :)
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Првата лажичка сокче од морков беше до домапе џусер, а ова со кашичкиве само за прв пат пробување, после се знае домашно. И потпоно се согласувам за хранава со железо, треба многу внимавање. А за водичка со лимон кога ќе чујам, или па мед на цуцла ауу коса ми се крева искрено.
     
    На Bozica1980 и DeMelo им се допаѓа ова.
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Еве како ќе ги натераме најмилите да јадат здрава храна :)
     

    Прикачени фајлови:

    На gorda и stefi23m им се допаѓа ова.
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Јас тука виршла гледам или така ми се чини :^)
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Виршла/колбас :D Освен тоа - ќе помине, кој има нерви да го прави :lol:
     
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    ^ Јапонците очигледно :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    А ние уште со авиончиња се лажеме :D
     
    На gorda и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.