1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Hipp кашите се сосема сигурни, не се секирај. Понесигурно е она што ќе го купиш на пазар, верувај, прскано со секакви пестициди, без никаква контрола, и кој знае на какво земјиште раснето... Имам позната на пазар што продава и знаеше дека имам бебе кога воведувавме храна и безброј пати ми има кажано, дури и кога сакав да купам нешто, „За бебето земаш? Немој, не е добро за бебе“. Да не зборувам за потврдената штетност на разните пестициди кои со кофи се тураат само за родот да биде покрупен и да не гние лесно. Со Хип барем некој контролира и производство и потекло. Зборував со човек кој бил во фабриката на Хип, импресиониран беше, буквално. Огромна контрола имаат, тоа е факт.
     
    На nesa, AIT и girl1985 им се допаѓа ова.
  2. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Дали на дете од неполни 4 месеци се дава купено благо млеко?
     
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Не се препорачува да се дава кравјо млеко на дете испод 1 година, така на неполни 4 месеци воопшто не е добро да се дава кравјо млеко.
    Во случај да се нема млеко си има вештачко млеко кое до некаде може да го замени мајчиното млеко.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Фала.Иначе не беше за мене братушетка ми му дава на малото а знам дека не е убаво му дава и краво и вештачко
     
  5. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Сега зависи кај кој како,јас ќе си кажам мене што ми се случи,почна моето млеко да не му стига на моето малечко и нон стоп плачеше,во болницата прво ми кажаа да пробам со вештачко млеко,ги купив сите можни што ги имаше во аптеката ниту едно не сакаше да го прифати,потоа ги купив сите можни шишиња мислејќи дека е до шишињата,на крај самиот педијатар ми рече да пробам со кравјо разредено млеко и тоа од прво го прифати да го пие од 4 месеца почнав со него
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Педијатер што препорачува кравјо млеко за бебе од 3 месеци треба да му се забрани да работи.

    Кравјото млеко е повеќекратно штетно да се дава на толку мало бебе, може да дојде до сериозно нарушување на здравјето, единствената предност на кравјото млеко во однос на вештачкото е во цената, литар млеко е 30 денари а кутија вештачко млеко 700-800 денари.

    Главните негативни работи на кравјото млеко:
    1.Во кравјото млеко нема доволно железо кое што е неопходно за развојот на бебето.
    2.Високиот процент на калциум во кравјото млеко не му дава на организмот на бебето да го апсорбира и малиот процент на железо што го има кравјото млеко.
    3.Вишокот на протеини и минерали кои ги содржи кравјото млеко ги оптеретува бубрезите на бебето, за да се ослоди од вишокот, се мокри повеќе и често се случува да исфрли повеќе течност од што прима и да дојде до сериозна дехидрација на организмот, а во ретки случаеви и внатрешно крварење.

    Секоја мајка си знае за себе што и како е добро за нејзиното бебе ама за мене е нормално да пие 3 месеци бебе кравјo млеко колку што е нормално теле да цица од жена.
     
    На soncicko и MacenceEna им се допаѓа ова.
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    До 6 месеци се препорачува исклучиво мајчино млеко. Доколку не можете да доите, одговараат и специјалните млечни формули. Од 6 месеци натака, може да се воведат овошните кашички, житарки, зеленчук.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.012
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Ако е така, тогаш на сите педијатри нека им се забрани да работат :D

    Шегата настрана - јас сум против кравјо млеко до година. Ама, ако околностите се такви што мајката нема млеко, а детето ги одбива сите, ама баш сите адаптирани млека, што е изборот? Ниеден педијатар од прва нема да ти рече, пробај со кравјо, сите прво ти советуваат упорност во доењето, после ад млеко, и на крај, како последна опција кравјо млеко. Син ми беше на доење плус дохрана со ад млеко, арно ама на 6 месеци се скара со секаков вид ад млеко, со шишето и со цуцлата (а какви се цуцли не сменивме, џабе), почнав да му давам кравјо. Ни тоа не го прифати, остана само на моето млеко, плус дохраната со кашички. И требаше јас детето без млеко да го оставам? Почна да го јаде, само во млечни каши и како кисело млеко и јогурт. Додуша, со постојаното цицање и мене ми се зголеми количината на млеко што ја имав, ама пак, за него беше малку. Така што, кравјото млеко во било каква форма и облик (освен тетрапак) ми беше единственото решение.

    И ад млекото е кравјо млеко... само преработено и исчистено од сите алергени и штетни продукти... ама кај нас во Македонија е под знак прашалник какви млека се носат - само да спомнам - има два вида Аптамил (моментално најдоброто ад млеко на пазарот), едно кое се произведува во Бугарија, и другото, далеку подобро, кое се произведува во матичната земја на производителот - па сега, на кое ќе налеташ, зависи од среќата твоја... јас лично, порадо би давала кравјо млеко, отколку адаптирано. Ако живеам во земја во која нема да се плашам што купувам од продавница или аптека, нормално дека не би се двоумела. Ама вака... предност му давам на помалото зло.
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Подобро козјо да давате отколку кравјо...
     
  10. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Е и јас земав аптамил,хипп,лактовит,нан и уште не знам кое друго не ги сакаше,па затоа кравјо млеко иако бев исплашена што како ќе биде зошто имав искуство со една братучетка што нејзиното беше алергиќно на било какво млеко и тоа се изнамачија додека открија од што е алергично ,мајката снема млеко како мене на 4 месеци и препорачаа прво вештачки ,малото ептен малку пиеше и повракаше,потоа и рекоа да проба со кравјо и пак исто, па завршија на испитувања во скопје и открија од млекото,јас поради тоа што не сакаше други млека па морав со кравјо инаку не би му давала на своја рака никогаш кравјо млеко,тоа беше совет од педијатар и тоа роднина зошто гледаше како се мачам со малото како плаче нон стоп од глад а пред тоа другите педијатри ми велеа дека такво ќе си биде детето
     
  11. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    За некој месец и ние ке треба да почниме со дохрана, но искрено јас сум во големи мисли и паметот ми е на триста страни, стварно не знам со која опција да почнам.
    Во Америка се препорачува прва дохрана да бидар житариците ради неутралниот вкус, кај нас со овошјето а други пак викаат со зеленчукот , бидејки може ако се почне прво со овошните кашички да не ги прифака зеленчуковите.
    Друга мисла ми е за времето кога да се почни, во болница каде се породив , ми рекоа до 6 месеци само на млеко, некои педијатри пак викаат може да се почни со навршени 4 месеци.
    Времето кога јас сум била бебе сосем друго препорачувале педијатрите па со мајка ми не ни можам да се консултирам, а нејзиниот збор навеке ми значи.
    И ова ми е дилема не знам дали да одам пр. ете со кашите на хип или со природни кашички, секогаш сум за природното, али ни тоа не ни е толку сигурно бидејки ги прскаат, а за био на хип еве велите дека и тоа не било био, али и таму содржат сигурно емулгатори колку и да се било мора да има некој од буквата Е, :envy:
    Едниствено да видам да се распрашам каде кај нас има свежо огранско овошје и зеленчук.
     
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    DeMelo, воведувањето на цврста храна кај бебињата зависи од самото бебе. Зошто? Ете моето синче не сакаше да пие млеко од шише (ниту мајчино, ниту вештачко,ниту кравјо), а само цицање не го најадуваше. На неполни 4 месеци започнав со дохрана. Наизменично му давав овошје па зеленчук. Без проблем ми ги прифати, иако повеќе сакаше да јаде зеленчук.
    Точно дека е најдобро да е на млеко до 6 месеци, НО според мене мислам дека треба барем 2-3 вида сокчиња да се воведат до 6тиот месец, колку да не е само на млеко.
    Секогаш сум за природни каши, купечки му давав само кога одевме некаде или кога некој ќе му донесеше :)
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    ДеМело, слободно од 4 месеци плус да си почнеш со дохрана. Мајка ми со брат ми одеше според книга, предијатри и големи господа и јас знам што си виде со тоа од 6 месеци плус со дохрана. До душа секое бебе е различно. Пробај си ако мислиш дека има потреба. Како што кажа Блонд, пробај со сокчиња, па со кашички на кои си пишува за од 4 месеци, па види како ќе ги прифати. Ако ги прифати и се е ок, продолжи си наименично и со млеко и со дохрана.Мислам подобро е од порана возраст да се почне, дека после 6 месеци како што викаат наеднаш ќе му дојдат мн вкусови и мн повеќе време ќе му земе да се адаптира и да ги прифати новите вкусови.
    А за зеленчуците и овоштијата убаво миј ги и лупи се што можеш да излупиш. Органско, неорганско денес скоро исто ти се фаќа. Тука се брендирани како ЕКО за таму не знам.
    Гуд лак
     
    На DeMelo и blond им се допаѓа ова.
  14. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    аптамил 2 од кога се почнува ? од кога ќе ги исполни детето 6 те месеци или од кога ќе влезе во шестиот месец може да се почне со двојката
     
  15. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Јас мислам дека е од кога ќе влезе во 6ти месец.

    п.с. на нет најдов искуства од други мајки кои го користат уште од 4ти месец.
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.190
    Јас на ќерката почнав да и давам кашички и сокчиња кога имаше 5 и пол месеци, и веднаш се покајав што чекав толку. Толку беше навиканата на вкусот на млекото, што никако не можеше да се навикне на друго околу 3 месеци, и многу ослабе тој период.

    Со второто само што наполни 4 месеци веднаш почнав да му давам кашички, барем по едно лажиче, колку да се навикне на вкусот. И супер се навикна, воопшто немав проблеми со јадењето со него.

    Инаку и јас сум забележала дека секаде пишува различно во однос на тоа со што да се почне прво - дали житарки, овошје, или зененчук. Мислам дека нема грешка со што и да се почне.
    Јас мислам дека со двете почнав со овошје, и тоа купував од кашичките на Хип. На ќерката исклучиво и давав Хип - многу рано тргнав на работа и ми ја чуваше кој стигне - мајка ми, татко ми, другарките, девер ми... и немаше смисла да оставам обврска да подготвуваат кашички. Плус никакво време беше кога требаше да јаде, крај на зимата кога нема ни многу избор. На малиот му давав готови овошни кашички бидејќи многу се вкусни, плус главно му ги давав кога шетавме, па ми беше попрактично. Зеленчукови подготвувавме дома, готовите имаат некако блуткав вкус, иако нели од кај знае детето што е вкусно, кога не пробало ништо :D . Ама тогаш веќе имав жена за чување, и плус и јас бев дома 6 и пол месеци.
     
    На Annath и DeMelo им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.012
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Од полни 6 месеци и тоа не наеднаш, туку наизменично со аптамил 1, еден оброк 1, еден 2, па ќе зголемуваш :)
     
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас со ќерка ми која сега има 5месеци и 1 недела ,со навршени 4 месеци почнав да и давам јаболче и тоа рендано и со јаболчето теравме некаде 3 недели.Потоа 1 недела и давав и морков,па следната почнав и тиквичка и брокула. Почнав да и давам и Хип кашичка со адаптирано млеко затоа што гледам дека само моето и е малку. Од вчера почнавме и со банана :) .Околу јадењето немаме проблем единствено што приметувам дека за разлика од првото дете ова повеќе сака овошје(можеби затоа што е благо :^) )
     
  19. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам за мала помош ! Мојата ќерка има 5 месеци и веќе почнавме со овошје,зеленчук,а и млечни кашички (со адаптирано млеко ).Значи има 3 оброци и плус цицање ,а јас малку се изгубив во тоа како да ги распоредам .Значи малку ми е нејасно после оброциве на колку време да цица и всушност колку пати ????
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.879
    Допаѓања:
    102.898
    Пол:
    Женски

    И јас бев во истата забуна како и ти. :) Кога почнав да и давам овошје , зеленчук и кашички , сабајлето и давав овошје , поручек зеленчук а вечерта кашички , а меѓувреме и ја доев кога да ми побараше. Исто така и за спиење ја доев нели,нормално. Неможеш точно да определиш на колку време и колку пати да цица. Зависи од детето. И плус тоа нема да изеде којзнае колку овошје,зеленчук и каши зашто тек е почеток а нели и плус цица. Немој да се плашиш дека ке биде недојадено , тоа си знае колку му е доста и од храната и од млекото. ;) Мојата керка кога почнав да ја прихранувам немаше некоја желба за јадење и се плашев да не не расте итн, но кога престанав на 11 месеци да ја дојам почна да плаче за јадење буквално :) :hai:
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.