Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.150
    Пол:
    Женски
    Ќе се навикне со тек на време. Ќе ја нудиш почесто, ќе менуваш вкусови, ќе бидеш упорна, ќе видиш што и се допаѓа најмногу. Не е лесно со почнување на дохрана со цврста храна кај бебиња, само упорност треба и челични нерви.
    На пример, ако сака банана (ова само како пример го кажувам), ќе и ја мешаш со нешто што не го сака, да го маскираш вкусот. Не дека нема да осети, ама штом има банана, помали се шансите да одбива. На тој начин може да им се протнат вкусови кои не ги сакаат, за постепено, кога ќе се навикнат, да може да им ги давате и чисти.
     
  2. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Зборот беше дека 60 грама кашичка ( толку и давам она би изела и повеќе ) ја држат пол саат ако одиме по проста логика 120 -125 грама би ја држеле до 2 саати максимум а би требало да ја држат околу 3 часа или треба да јаде повеќе што би било многу за нејзина возраст инаку од вкусови исе свиѓа се па дури и чист морков денес кој малку ми нагорнуваше ( од чист морков хип ско зборам )
     
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    ЈАс пак да си прашам
     
  4. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Ние сме со иста килажа и см само што сме 8 месеци,детето ти е топ што се секираш не води сметка колку се поправил,на почеток повеќе качуваат,битно да си јаде да си има апетит да си е весело детето,може повеќе троши па затоа не става на кг.
    Ние исто немаме проблем со јадење фала богу ,јас дури му скратувам ,јаде цела каша од 190 и малку му е ,др ми вика да не се секирам колку сака толку да му давам само помалку готови млечни каши и житарки а зеленчук со месо и овошје може колку сака,значи јас ограничувам со млечните вечерни кашички по 150 му давам др колку сака толку.
    Вода едвај пиеме ,сокови исто,чај не ,само ад млеко пие и незнае за доста но и тука 180-210 само навечер.
    Вчера му дадов домашен сос од патлиџан,со макарони и малку сиренце се изнајаде,денес компир манџа со телешко мевце.
    Супер сте Ноеле продолжете така.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.150
    Пол:
    Женски
    Ќе ја мешаш со житарки за да ја држи сита подолго време. А може и повеќе да даваш, не мора да се ограничуваш на 120г., нека бидат 150г на пример. Ама секако, измешана со житарки ќе биде поголема количина и погуста. Ќе си го најдете и вие редот, не се секирај.
     
    На pepus и Moira им се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Зависи што ќе јаде - ако е само овошје, без млечна формула и житарки - тешко дека (и покрај зголемената количина) 2 саати ќе издржува, иако зависи од бебе до бебе, сите се различни.
    Како што ти рече и Анатх - мешај со житарки, ем ќе добиеш на густина, ем ќе се зголеми нутритивната вредност. Овошје и зеленчук е исто ко ние што јадиме, не држи во основа многу, тие брзо се варат во цревата ако не се потпомогнати со месо/тестенини/житарки/леб.
     
    На pepus му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.090
    Допаѓања:
    43.316
    Пол:
    Женски
    Моево се одвикна од млеко пиење :^)
    Само за заспивање и давав ама се помалце и помалце пиеше ..и само фрлав млека
    Него од пред некој ден и дадов свежо кравјо и пивна малце и не сакаше , и дадов и Нестле исто и тоа не го сакаше ..
    незнам дали да сее вратам на Беба 3 иако и тоа не го сака веке ...
    А си заспива и без млеко :?:
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Ако несака не ја принудувај, штом заспива без млеко не и давај.
    :!: јас сум голем противник децата да пијат млеко :$ Квалитетен калциум може да го внесува преку други продукти
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Мамички, на која возраст почнавте да им давате гравче на дечињата?
    Сум заборавила, а во листата на Анатх не пишува конкретно.
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.090
    Допаѓања:
    43.316
    Пол:
    Женски
    Така е
    Па веке не и ни давам, и пиењето навецер за забите не е убаво :)
    Пред тоа ги миеме убаво 2та заба и легнуваме :lol:
     
    На NoellePage и slavica999 им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.150
    Пол:
    Женски
    Јас дадов некаде околу годината или подоцна. Најмногу заради тоа што јас не го сакам, не го поднесувам гравот, па мислев дека ни малиот нема да го прифати. И не ми го сака нешто особено, па не го форсирам.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Јас со тој домат сум на маки затоа што најголем дел од кашичкиве со месо содржат домат. Има една на Хип за добра ноќ со домат, тиквичка, пченка и млекце и тоа за 4+. Има некој искуство со порано давање на домат? Ние за скоро сме 7 месеци.Мојов не го најадуваат веќе зеленчукови и овошни каши па по препорака на педијатарот и водичов од клиника за храна, почнавме со месо и се си јаде и многу сака,месарче мало. Инаку на повидок ни е запче веќе 3 недели никако да излезе ама се гледа малкуцка и грепка па за некоја недела се надевам да ве викам на сутлијач.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Ноел од каде го најде водичот од клиника што е издаден ?
     
  14. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    значи јас можи да му дам на син ми грав????се думам некое време ама....??
    а како и со што го правеше ти??со месо?? и + кој зеленчук????
     
  15. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Pepus не живеам во Мк,ама имам дома стручна литература на македонски ќе скенирам ако сакате и ќе поставам тука слика од беби рецепти и совети, а ако од тукашнава литература најдам некој интересен рецепт ќе го пишам без галје ;) Малинка кој пробал? Мали ми е скоро 7месеци а на нестле житарки има со малинка и банана добивме пробно пакетче а чисто така не го сака?
     
  17. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156

    Многу благодариме се отепав од барање пред некое време
     
  18. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Такви се нашите институции. Се работи за прв официјален прирачник на македонски од ваков тип наменет за родители, генерално е одлично направен, и наместо да го стават на почетните страници на официјалните страници на министерството за здравство за секој родител да може лесно да го најде, тие го скриле во некоја забутана страница на некој институт која ни гугл не ја наоѓа.
     
    На pepus му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.150
    Пол:
    Женски
    Гравот си го правев како што го правам вообичаено за нас. Прво го оставам да кисне малку во вода, после го проварувам и ја фрлам првата вода. Динстам кромид и лук на вода, додавам рендан морков, гравот, зачинувам со зачин К+ или малку сол, додавам вода и малку доматен сос за боја и ловоров лист и оставам да се крчка. Кога убаво ќе се свари, вадам неколку зрна, ги гмечам и ги враќам во тенџерето да поврие уште малку и да се згусне. И толку. Пред да ставам во чинија додавам малку ладно цедено маслиново масло и мешам, па му давам на малиот да јаде. Месо не ставам.
     
    На ph.orhideja и stefi23m им се допаѓа ова.
  20. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Денес варев мелен ориз и ништо не направив изгледа во многу вода го ставив што знам или го преварив колку време треба да се вари . Инаку го ставив во провриена вода и цел ми се излепи ама така пишуваше на кутичето . Како алтернативм оже ли даи варам обичен ориз и д аго пасирам ќе излезе ли добро испасиран или ќе ми останат зрната искуство ?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.