Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.392
    Meu можеш житарки да и ставиш , јас откако почнав житарки да ставам ја држат по 2-3 часа, и правам и попара со бисквити и млеко ама ептен малку, давај и да грицка нешто измеѓу оброци ..
    Јас глутенот , уствари не јас мм и имаше дадено фрутолино и така воведовме глутен на 5.5 месеци мислам дека беше.
    Инаку конечно го видовме запчето :) Грепка на прсте и го чекаме да искочи скроз во секој момент :)
     
    На pepus и meU им се допаѓа ова.
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    мами дали имате дадено риба и со што??
    јас имам неколку пати купено готова кашичка на хип со лосос и син ми ја јади, па денес зедов лосос.планирам да го сварам и да го исчистам од коските, ама незнам со што друго да му ја спремем кашичката! има некоја идеја???
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    Со ориз, компир...само ништо млечно, тоа не се мириса со риба како комбинација :)
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    И со спанаќ и брокула не оди риба, односно не се давало.
    Неодамна читав дека алергијата на риба не настанува од млечни производи туку конкретно од спанаќ. Од старо останало дека рибата не се мешела со млечни за да заштедат, демек гозба било кога се јадело риба.
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.051
    Допаѓања:
    108.788
    Пол:
    Женски

    јас и ја давав рибата со компири , заедно ја варев со компирите можеш да ставиш и морков ако сакаш ;)
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    Како мислиш „Неодамна читав дека алергијата на риба не настанува од млечни производи туку конкретно од спанаќ“?
    Ме збуни комплетно....зборуваш за алергија на риба, а се смешаа и млечните и спанаќот :worried:
    И зошто баш брокулата и спанаќот (и двете богати со калциум)? Да не има тоа врска? Оти ако е тоа, тогаш според мене, и млечните би требало да се вбројат тука...

    Ај плиз ако може линк од статијата :)
     
  7. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    му направив, сега да видам колку ќе јади.
    прво ја сварив и ја исчистив рибата, запржив младо кромитче и лукче со малку морков и ги остравив да се варат во водата од рибата и кладов и една рака ориз, пред да го изблендирам ќе ставам и магдонос.
    фала многу на советите.
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Маци читав во списание. Ќе се обидам да го најдам и да ти сликнам :)
     
  9. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    Ние сме 6 месеци и до сега имаме пробано овошје (крушка,јаболко,банана,слива,манго,лубеница) а од зеленчук (компир,брокула,грашок,боранија, морков). Исто имаме пробано ориз и житарици. Од месо имаме пробано пилешко и мисиркино ( ги мрази и двете и одвај зема по неколку лажички). Е сега овошјето обично го јадиме наутро помешано со житарки а зеленчукот (се бориме со маки) го јадиме поручек. Јас се некако си мислам дека треба да и дадам повеќе ама ете не ми е баш јадач на кашички детево, особено не на зеленчук и месо.
     
  10. taurus25

    taurus25 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Сакам да ги прашам мајките кои даваат само купени кашички дали се придржуваат на возраста која ја пишува на кашичките т.е на 4 месеци давате од тие што се за 4 месеци итн.затоа што не ми е логично да давам пилешко месо на 5 месеци а во некои од зеленчуковите кашички на Хип за 5 месеци има и пилешко месо.Не сме строго на купени кашички ама тоа од тоа овошје што го нема сега купуваме кашички.позз
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    Јас не се придржувам.
    Ја следам листата за воведување производи што претходно ја има Анатх постирано и иако пишува на самата тегличка дека може на пр. одреден продукт да се даде на бебето со полни 4 или 6/8 итн. месеци, јас прво проверувам на листата па потоа ја купувам тегличката. :)
    Исто има кашички на Хипп од 5 мес. глутен што содржат, јас тие почнав на син ми да му ги давам со полни 7 мес. кога всушност и воведов глутен во исхраната.
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    СПАНАЌОТ ЗАБРАНЕТА ХРАНА ЗА БЕБИЊАТА?

    Сигурно сте слушнале дека на бебињата не треба да им давате спанаќ? Но, се наметнува и прашањето зошто спанаќот се наоѓа на црната листа на производи за бебиња?
    Педијатрите истакнуваат дека многу видови зелен зеленчук, вклучувајќи го и спанаќот, црпат од земјата нитрати, природни соединенија кои ги складираат во своите клетки. Нитратите, сами по себе не се опасни, но знаат многу лесно да се претворат во нитрити, а тие соединенија можат да бидат многу опасни.
    До конверзија на нитратите во нитрити може да дојде уште додека се наоѓаат во почвата, каде хемиска реакција предизвикуваат ензимите на спанаќот или бактериите од земјата, но претворањето на безопасно во опасно соединение можат да го предизвикаат и бактериите во органите за варење. Нитритите се опасни, бидејќи ги спречуваат црвените крвни зрнца да го транспортираат кислородот, но далеку од тоа дека критичната маса на нитрити можете да ја внесете така што ќе се најадете со спанаќ.
    Меѓутоа, во органите за варење кај новороденчињата и бебињата до три месеци има повеќе бактерии кои ги претвораат нитратите во нитрити отколку кај поголемите деца и возрасните. Покрај тоа, кога крвта на новороденчето ќе дојде во допир со нитрити, во него драстично опаѓа нивото на кислород и бебето не може да дише.
    Поради сето наведено, педијатрите им советуваат на родителите да не им даваат спанаќ на малите бебиња. Во принцип, бебињата би требало само да цицаат мајчино млеко или да добиваат формула до четвртиот, уште подобро до шестиот месец, но многу родители не го почитуваат тоа правило. Па, доколку почнете порано со цврста храна, никако не давајте му спанаќ на вашето бебе, советуваат лекарите.
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Од колку месеци се почнува со пиперка???
    Сакам свежа да ставам да се вари. Домат пробавме, односно и ставив четвртинка во манџата, се свари, а и дадов и свежа да проба. Пробавме и цреша.
    Наредно ни е јајца и месо.
     
  14. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    можеш да и дадеш ја вчера и правев со морков и путер и ставив
     
  15. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Женски, ние за 5 дена ќе полниме 4 месеци, па би сакала да ми кажете што да почнам да му воведувам нови вкусови, овошје, сокчиња, зеленчук, кои кашички итн. И не знам по кој редослед да почнам, значи од сабајле се почнува со некое овошје, да му правам сокче или готово да му купам, напладен и навечер како оди се тоа....збунка сум, не знам што и како да почнеме да воведеме па ако сака некоја мамичка да ми напише редослед и отприлика што и како да му давам на бебуле мое.
    Однапред thank you :*
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.051
    Допаѓања:
    108.788
    Пол:
    Женски

    Срц , еве јас ке ти кажам значи мене мојов педијатар кога требаше да и давам на ќерка ми прв пат да јаде тврда храна, ми даде редослед како што и кој месец да и воведувам. Прв пат и дадов да јаде од 6-ти месец сабајле - банана , јаболка и круша , поручек- компир и морков а за вечера крема од тие со житарки. И тоа не оти јадеше хахах бидејки нели на почеток не знаат како да јадат , па тоа е колку да се пробаат нови вкусови :) А за 4-ти месец е некако рано , мене барем педијатаров така ми кажа изгледа во Гр покасно препорачуваат да се почне со јадење. Мој совет ти е подобро да почекаш да ти каже педијатарот што и како и кога да поченете :)
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    јас на моја бебушка и давав на пладне да пробува до 12 часот и давав и после се млеко пиеше а некаде од средина на јаноари сум почнала да и воведувам оброци тогаш сме имале 6,5 месеци вака и ги воведував
    7-9ч мелеко зависи кога ке станеше
    10-12 млеко
    14.30-15.30 зеленчук оброк
    17ч млеко
    19човошје
    21ч млеко млекото по 150мл го пиеше
    и жолчка и воведов тогаш и мевце
    а кога направи 7,5 месеци и до ден денес и давам
    8-9ч млеко 210мл само нкогаш не го пие цело
    11-12ч оброк со овошје,бисквити,овесни снегулки или готови житарици на нестле али овошје обавезно
    14.30-15.30 зеленчук оброк
    17-18 вецера лебче со к.млеко, јогурт, путер,жолчка и тд
    21-22ч млеко 210мл а во меѓу време вода и давам и помалце животинско царство бисквита да си грицка
    е сега како оди со месеците напред така и ја зголемувам количината
    се придржувам на овој распоред и секој ден е во исто време
     
  18. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Го ранам од 5 месеци. Прво беше ајде демек испробуваме уште ама еве седум месеци стана уште "испробуваме". Се ми одбива а скоро воведов се што е до 7 месец.сум пробала и готово и домашно и печено и варено сол без сол путер кисело млеко павлака демек да го поарни вкусот ама само што ќе ја види лажичката затнува муце,очајна сум само цица и цица и цица. А да и шише цуцла не пие... Совет чаре има ли? Грешам ли негде? Пс и гладен го чував подолго да огладни и јас добив мастит :(
     
  19. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Јас да си прашам свежо цвекло од кога може да се даде ? И да втор оброк кога сменивте ( зеленчиков) јас планирам на 6,5 мислев да не е рано а млечна каша планирам на 7,5 ?
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Втор оброк мене д-р ме советува да сменам на 5м, но јас го воведов целосно на полни 6м. Сега веќе имаме и трет оброк(на 7м), а ја гледам дека не и одговара кога треба млеко да пие, па наскоро ќе и го сменам и 4тиот(за месец дена, а до тогаш ќе се тепаме со шишето), само незнам веќе што да воведам.
    Многу е среќна кога ќе го види тањирчето и лажичката, пред време отвара уста :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.