Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    ќе и даваш 4 немлечни оброци или јас грешно разбрав???
    ние сеуште сме со 3 немлечни!!!
    јас немем идеја ако требе, што да му давам! :^) :^) :^)
     
  2. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Меу не мора да се немлечни на пример овошен јогурт или млечен пудинг ако до толку нејќе млеко секако домашно направени лесно нешто како ужина нека биде едниот оброк потоа млечна кашичка на пример и кревет
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    eve za hrana go stavam ovde bidejki pisuva i hipp
    Сникерс, Липтон, Нестле, Мекдоналдс...сите со ГМО вкус!


    Ова го тврди светското здружение на екологистите, Гринпис, кое објави долг список на кој се најдоа многу популарни брендови на прехранбени продукти за кои, како што тврдат, се произведени од генетски материјали. На долгата листа се најдоа и познати марки на детска и бебешка храна, како и млеко во прав кое се користи како замена за мајчино млеко


    Знаевте ли дека Сникерс, Липтон чај, Твикс, Милки Веј, Нестле чоколадо, Несквик, Кока-кола, Спрајт, Фанта, Пепси, Кнор сосови, Хелманс мајонез, зачини, сосови, Хип кашички, храната во Мекдоналдс... се генетски модифицирани? Ова го тврди светското здружение на екологистите Гринпис кое објави долг список на кој се најдоа многу популарни брендови на прехранбени продукти за кои, како што тврдат, се произведени од генетски материјали. На долгата листа се најдоа и познати марки на детска и бебешка храна, како и млеко во прав кое се користи како замена за мајчино млеко.

    Сите овие производи ги има и по рафтовите на македонските продавници, но иако важат за најпродавани, а истовремено и поскапи марки речиси никој од купувачите не е информиран за тоа.
    - ГМО храна се продава насекаде и сите ја купуваат, а не знаат колку е штетна! Може да предизвика сериозни здравствени проблеми, создава отпорност на антибиотска терапија, предизвикува алергии, а штетно влијае и врз почвата и биодиверзитетот - категорични се експертите.

    Од таа причина Демократската обнова на Македонија почнува голема медиумска кампања преку која граѓаните ќе се информираат за тоа што значи ГМО храната, како се произведува и како влијае врз здравјето на луѓето. Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, информира дека преку кампањата сакаат да влијаат првенствено врз институциите за да се создаде моќен механизам за спречување на увоз на генетски модифицирани производи.
    - Иако Македонија уште има донесено закон против употреба на ГМО и имаме Агенција за храна која добро функционира, односно имаме воспоставено добар систем, ќе мора да направиме уште посилен одбранбен механизам. Бидејќи има многу подземни методи за влез на ГМО. Ние не секогаш знаеме од што се состои одреден производ. Затоа се потребни специјализирани лаборатории кои ќе ја контролираат храната, вели Поповска, која додава дека објавувањето на списокот на Гринпис е само пренесување на мислењата на зелените движења од светот кои имаат развиена мрежа за следење.
    - Сакаме да постигнеме ефект кај граѓаните но пред се кај институциите. Посебно сакам да обрнам внимание на увозот на ГМО семенски материјали што е строго забрането, но има индиции дека влегува преку тајни канали и за тоа потребно е поголема контрола, додава претседателката на македонските Зелени.
    - Не паѓајте на искушението од овие производи. Сетете се дека нашите баби, дедовци, родители живееле без нив, и секако најважно од се преживеале, а многумина од нив и се уште живеат. Хранете се здраво - живејте здраво!, апелираат активистите на младите на ДОМ.
    http://vecer.mk/WBStorage/Articles/994474D91A54AF49804BD7FFE63578C7.jpg
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Така де, јас во не млечен ставам се што не е млеко во шише :$
    Инаку и преку ден давам каши со млеко. А засега и дадов овошен јогурт, сака да го јаде, пудинг уште не сум дала, но ќе пробам да го направам Фрутолиното да го направам со млеко за да видам дали ќе го сака така.
    Наутро јаде овошна каша(може и на Хипп да е млечна што се спрема со вода, Фрутолино, а и свежо овошје со гриз(на Хумана) но и во таа има млеко.
    Следно е зеленчукот со кисело млеко(ретко без него) и сега јаде или житарици со млеко на Хипп + јаболко или банана,јаболко и плазма, овошен јогурт....
     
  5. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Meu ми фати око плазмата би можела наместо плазма да дадеш обични бисквити ако веќе имаш дадено глутен затоа што плазмата има мед кој не се препорачува до годинка :)
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Глутен дадов, а давам Плазма мелена, а и обична си ја јаде. Но ме зачуди во составот ниакде не прочитав мед :?:
     
  7. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    И јас почнав да и давам кашички иако бев поборник на ексклузивно доење до 6 месеци. Ама како викаат, дома и на пазар не е исто.

    Почна да ги покажува сите знаци дека не и достасува моето млеко, за кратко време после добар подој пак е гладна, почна ноќе да се буди почесто за цицање иако до скоро ја преспиваше ноќта, покажува интерес за она што ние го јадеме, посега со рацете и шљамка со устата, а и уште малку ќе достигне и килажа од 8 кила, па решив дека е време да почнеме со кашички и сокчиња.

    Почнав со јаболко, прво по неколку лажички на ден, така изеде две кашички, вчера и денес и дадов од банана и по пола кашичка јаде, и овие два дена после кашичка спие по два саати, тоа одамна не се случило. :rofl:

    Мене матичниот ми рече да почнам со купечки кашички, а потоа да пасирам свежо ?!
    Друго нешто што ме збуни, сега читам на кашичката од банана на Хип пишува концентрат од лимон, мал е процентот ама нели лимон не се дава до една година?
    И трето, :!: , не знае да пие од шише со цуцла, еве веќе неколку дена се мачиме со шишето, ја гризе цуцлата, ја превртува во уста, ама не знае да пие. Не знам како ќе пие вода и сокчииња. :^)
     
  8. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Ќе се научи Маууа, ќе и биде малку потешко додека да свикне ама ќе научи, почесто давај и го шишето и ќе почне да тегле, ќе видиш ;)

    Инаку за кашички, јас пак сакам да почнам домашни свежо приготвени да му правам иако на почеток нема да јаде којзнае колку, па така планирам да почнам, купечките не ми се ич по кејф :envy: И ајс милсма дека на моето синче веќе не го најадува само млекото на ад сме иначе , си ги ставам рачињата нооон стоп во уста, без разлика дали е најаден или е гладен, исто како што опишуваш и ти Маууа, истото го прави и син ми, за 2 дена ќе полниме 4 месеци, а на килажа и не е многу голем, јас не знам овој месец дали ќе имаме дури и 6 кг, минатиот месец само пола кило ставил, ако и овој месец е толку тогаш нема да имаме уште 6 кг, слабичок ми е :worried:

    Па зато сакам да почнам со кашички уште од 4 месец, белки ќе добие повеќе во тежина од нив којзнае :tmi:
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Kalias зошто толку малку качува ти кажаа ли докторите нешто??? Повраќа, крв проверивте ???
    Чудно е посебно за првите 3месеци кога качуваат по 1кг-1200гр па и повеќе :?:
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Не, првиот месец ми качи 850 грама , вториот 800, а третиот само 550 гр.и докорите ми рекоа дека е добро дека од пола кило па натака е нормално да качува бебето во првите месеци. Инаку немаме никаков проблем ниту со повраќање, ниту со ништо, освен што понекогаш нема апетит да јаде, инаку си е весел секогаш, активен е премногу, се смее, гука, се радува, се развива нормално, освен што не качува многу на килажа, ама ете сите деца не се исти и јас се секирав зошто толку малку ми качува ама мајка ми вели дека и јас кога сум била бебе, во првите месеци многу малку сум придавала на килажа, а ем ме доела, па може на мене да се метнало синчето, како и да е , мислам дека не е загрижувачко, кога друго е се во ред, килажата е мање битна
     
  11. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    kalias не е ништо страшно,а плус спрема нас,вие сте супер.моето има 3 месеци и 18 дена, а има 5 100.Што ке кажеш на тоа?и мене ми е многу криво,ама тоа е
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Абе женски и моето мече на 3месеци имаше 5кг и нешто, ама се роди 2490гр, значи ја дуплира, затоа не се грижев.
    А инаку Калиас ако е се во ред не му се секирај, може понатаму многу повеќе ќе јаде па ќе си надополни. Само нека се живи и здрави.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    kaliass ista bese i kerkami , nemoj da se sekiras, premnogu bese a i seuste e aktivna postojano skoka, lazi, veke pocna da se isprava na krevetceto sama da stoi znaci premnogu e aktivna , taka da ne se sekiraj se zavisi do bebeto :)
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  14. taurus25

    taurus25 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Од колку месеци се воведува глутен и како го правите оризот и дали на готови(купени) кашички може да му се додаде ориз?
     
  15. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Абе женски не се секирам сега веќе, минатиот месец кога се вративме од контрола се враќам дома и мајка ми ме гледа таква загрижена ми вели што биде да не ви кажаа нешто што не треба, се исплаши кутрата, а јас велам овој месец само пола кило качил, јас мислев повеќе , а тој помалку, и ми вели мајка ми абре затоа ли се нервираш. па и пола кило е супер, не е добро да не качил воопшто или пак да изгубил на тежина и ми кажува дека и јас сум била иста, како мала бев коски и кожа, тоа е точно, јадев ептен малку,па еве ме жива и здрава, а и плус тоа кога го носам моето бебенце на педијатар таму се 2,3 доктори и едена запишува, друга го мери, трета го гледа како напредува, му ги фаќа рачињата,ножињата нели и сите тие работи што они си знаат и ми велат браво, супер е детето, и за килажата им велам дури, нели е малку што качил овој месец само пола кило и тие сите ми велат, не е , добро е, таман си е, детето си напредува супер и нема место за паника. После тоа се консултирав и со мојата матична и педијатар во Мк и и кажав како напредува и ми вели супер си е детето, не знам ти зошто се секираш, штом си е весело, пргаво и си јаде нормално, килажата не е битна, поарно послабичко отколку буце, дебело и така се опуштив и да ви кажам дека не се нервирам, па и сите деца не можат да бидат исти, сите се различни и различно напредуваат , таман работа.
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Глутен препорачуваат после 9месеци, јас воведов на 5,5 месеци, не сакајќи(дадов една купена каша, но само еднаш), а после редовно постепено го воведив со направени 6м и некој ден.
    Ориз јас правам мелен(купен), го варам и го додавам во домашна каша(по потреба не секогаш зошто може да направи запек), на готови каши немаш потреба зошто скоро сите содржат ориз(ќе видиш во упатството.
     
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    Ај јас да прашам, ве читам давате бејби фирст пап, што е тоа, и кога почнавте да го давате? :tmi:

    До сега има пробано јаболка и банана, утре ќе дадам каша од круша, матичниот ни кажа да и даваме овошје до следна контрола за една недела, и понатаму ќе ни каже како да продолжиме.
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Бејби фрс пап е млечна каша на Хипп, се раствора со водичка. Јас почнав да му ја давам на син ми кога почнав да го дохранувам, некаде околу 5 и пол месеци.
    Најчесто се даваат наутро за доручек, а кога ќе воведете и трет цврст оброк т.е. вечера се даваат и навечер пред спиење најчесто пред последниот подој или дохрана со АД.

    Значи има повеќе врсти на млечни каши, има на Хипп, Хумана, Милупа...на сите кутии пишува за која возраст се наменети, дали за 4, 6 или 8 месеци.

    Читам сега почнувате со дохрана, му даваш на бебко овошје. Млечната каша исто можеш да почнеш да и` ја даваш на малата наместо овошје за почеток колку да ја вкуси.
    Пр. денес јаболко, утре, крушка, задутре слива, па млечна каша, па пак неколку дена овошје итн. итн....ова за понатаму.
    Сега за сега давај една врста овошје 2-3 дена последователно, па друга врста овошје пак 2-3 дена, па трета врста-2-3 дена ....следи случајно да не има некаква реакција пр. алергија...се надевам дека нема да има. :)

    Мене малиот не ми ги сакаше овошните каши кога почнав со дохрана, па затоа наместо овошје му давав млечна каша (на Хумана со гриз и ванила бубон за 4 месеци) колку да почнеме да се учиме да јадеме со лажичка, потоа пак пробав овошје и го прифати.

    Инаку банана и до ден денес ретко му давам бидејќи му ствара тврда столица.

    Само да дополнам...млечни каши има и на Нестле и на Лино, ама тие се раствораат со АД, освен Фрутолино кое се раствора со вода.

    Обавезно читајте го составот на кутијата, ако не сте вовеле глутен не давајте каши кои содржат глутен. Фрутолиното содржи. :)
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Baby Firs Pap's јас го давам заедно со сварена јаболка, банана, круша, тиква.... секој ден различно и правам. Додуша некои 2 недели и немам дадено, зошто земавме Фрутолино и го обожава, па секој ден комбинирам, плазми, банана, фрутолино, јаболка... арно ме потсетивте да земам пак од ова :)

    Вчера и правев Рижолино , се прави со млеко, па земав Битолско, но не го сакаше па пак направив Фрутолино.
    Идеа некоја како да и го понудам Рижолиното??
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    А да пробаш и во рижолиното да додадеш овошје или пак јогурт/кисло млеко:?:. Само да додадам дека јас не сум му дала на син ми затоа што му правам мелен ориз (ама со вода).
    Син ми ги сака чоколиното (10 мес.), ванилиното (6 мес.) и кексолиното (6 мес.) од Лино. Сите ги подготвувам со Ад. млеко, немам прашано педијатар туку сама решив до 1 год. да не му давам кравјо млеко затоа што кога имаше 3-4 мес. имаше дерматит на обравчето. Од страв да не ми пројави пак некоја алергија превентивно не давам кравјо млеко.
    Ова како дообјаснување само :wasntme: .
    Инаку јогурт и кисело млеко јаде. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.