Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    да се заменува оброк,
    колку што пие млеко отприлика и толку треба кашичка да јади....
     
  2. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Ние започнавме со сокчиња,прво јаболко,па јаболко со морков ,по неколку лажички.....и сега достигнавме по 30мл чист сок на кој му додавам 30мл вода. ги сака мојава кукла ама несакам да ја навикнам многу на нив. после воведувањето на сокчињата и давав по малку пасирано варено јаболко,2-3 дена ,потоа пасирана кајсија, па праска и сега мислам дека е редно да пробаме коктел кашичка :) дома и ги правам и соковите и кашичките. полека...полека се навикнува да ги јаде а од почеток имавме борби со лажичката :rofl: срцка....незнаеше што е тоа..... Сакав да ве прашам за житарките,дали може да и давам гриз и палента? планирам со вода да го варам ама ќе и дадам и овошје обавезно тој ден ко ќе јаде гриз за да не добие запек. мајки што сте давале дали може да напишете искуство со столицата на бебето ко сте почнале со житарки
     
  3. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    невидов колку е старо бебето али ако не си дала глутен пази обичниот гриз е со глутен во зегин ке бараш на хумана гриз од пченка се прави со вода а може и со ад а за запек ако ти добие ке ги правиш или по течни или слива му е мајката или сува смоква варена од житарките побарај хељда имаш во карфур 110ден. 200г 100% без глутена пошто и даваш и друга храна столицата ке се менува
     
    На roza102 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    аха, значи му доага тоа една кашичка цела :)
    е сега имам читано на инт дека бисквити се даваат од 6-7 месеци нагоре баш прееска кога купував кашички од хип, имаше една мешана овошје со бисквити? имате давано таква?? исто си купивме и кашичка од тиква, и од круша па ке видиме :)
    а со шо можам да ја измешам на пример таа кашичка од тиква? :?: леле цела сум збунка, еххе
    ај напишете мамички како комбинирате ;)
     
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    Љубичица таа кашичка со бисквити на Хип содржи глутен, затоа внимавај на составот на кашичките.
    Уште ви е рано за бисквити.
     
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    да знам за глутенот , не купив таква, затоа реков да си прашам ;)
    а инаку зедов овошни, сега на ред ние круша, банана, можеме и тиква и кајсија да пробаме така??
     
  7. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Можете да ги пробувате сите што ги наброја :) По колку пати на ден им давате кашички и по колку лажички? јас давам сега по 2 пати во денот ама повеќе од 3-4 лажички не сака
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.159
    Пол:
    Женски
    Добро е Роза, штом пробува, не форсирај, на малото уште му е млекото главна храна. До кај 6 месеци е убаво да ги пробате повеќето вкусови, за после да заменуваш еден млечен оброк со цврста храна. Затоа, за почеток ти е доволно еднаш дневно да даваш кашичка, пожелно наутро за да се реагира на време ако има реакција, давај неколку лажички, колку да знае дека има и други вкусови освен мајчиното млеко.

    Љубичице, пробај прво тиква, па круша, после банана и на крај кајсија. Кајсии и праски оставете за последни вкусови, таман сега им е и сезона, крај на јуни и јули ќе може и свежо да јадете (задолжително лупено). Ама прво дај од кашичка, да се осигураш дека нема никаква реакција, а после може и свежо да дадеш.
     
    На roza102 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Во право си Annath за распоредот на давање на вкусови, јас еднаш и дадов само малку банана и потоа несакаше да го јаде јаболкото :rofl: знае детето што е слатко :rofl: а праскиве и кајсииве не ги сака баш многу :lol: прави фацички кога јаде ама јаде :lol:
     
  10. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    фала многу, да денес ете пробавме тиква, ми се мурти нешто, ама пак си лапка, еххех
    па после продожуваме со другите вкусови ;) инаку јас му давам еднаш во денот по некое лажиче :)
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.159
    Пол:
    Женски
    Подобро што почна со тиква, обично таа во кашичките е поблуткава, кога ќе биде на есен сезоната на мускатната тиква, сигурно ќе ја сака.
    Син ми не ги сака брашнестите вкусови, мускатна тиква ја повраќа, не го сака ни благиот компир ниту пак костенот, одма го плука штом осети дека е тоа. Криво ми е што не можам да му ги спремам, ама здравје.
     
  12. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Ме интересира дали некогаш сте давале чајче со бисквита внатре. Сега слушнав и неможам да верувам :?: и ако сте давале од колку месеци?
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.949
    Пол:
    Женски
    Јас имам внуче 7 месеци, 8 ќе прави кај и да е, верувале или не сеуште е само на мајчино, а да го видите ќе речете ова веќе крка месо, едно буце невидено. Сметам дека 7 месеци само на мајчино е премногу, ама детево не знае да јаде луѓе, се дави од трошки лепче, не ми се верувало, се задавил од кашичка од компир и морков :?: . За кашичките, гледам често ги купувате, да полесно е но сега иде сезона на овошје што не пробате да им правите, од една кајсија ќе направиш кашичка таман за проба на бебушко а не да лупнеш 50 денари за два пати да касне и толку, фрли ја, или ко што правевме ние, зет ми ги кркаше :lol: Внука ми не ги сакаше ич купечките, ама па и сестра ми не ја мрзеше, спремаше навелико, додека житарки, паленти и тестенини беа специјалитет на тета :rofl: Тарана со зденка и павлака, дете се давеше во неа :lol: Бисквити, поготово овие купечкиве, никакви, полни со свашта, не ги практикувајте, нема потреба, кога ќе потпорасне пробајте со плазма.
    Ама си кажав, ама со внукава навистина многу работи научив и се сметам себе за добро реализирана тетка па можам и тук таму да дадам некој совет :lol:
     
    На ikame му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Која количина на овошна кашичка се дава на бебе од 6 месеци :^)
     
  15. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    јас и мерев во малите теглички ти е се 125 грамски па истури во чинијата и ке видиш колку има па после од прилика а за понатака во големите тегли мерев 190гр. па после од прилика гледав
     
  16. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Еве веќа трета недела како не јаде само овошна кашичка ако не е со млеко и безглутенски гриз или рижолино а во зеленчук се дави ( а дохрана почнав со овошје) ... и ставам малку млеко околу 60 мл 2 лажички гриз и едно цело пасирано овошје на пример цело јаболко поголемко цела круша цела банана е сеа бананата и мириса па се молиме со јадењето , кајсија нејќе никако ,
     
  17. ivana89sara

    ivana89sara Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    Zdravo na site mamicki sakam da prasam od koga go vovedovte orizot vo ishranata na vasite najmili.nie imame cetiri ipol meseci pa me interesira dali moze da mu davam i kako da mu go podgotvuvam so voda ili kako bidejki sme na ad mleko.poz
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.949
    Пол:
    Женски
    Ах колку е тешко вака со јадењево, значи живци да ти испукаат. Мојава прцла од внука супер си јадеше, за пример беше, ама сега нејќе да стави ништо во уста, нејќе да јаде, или јаде само бомбони, колачи, од солени јадења само супа со кнедли и се дави во млеко со краш и сув леб, да и дадеш цел ден со тоа ќе помине. Порано јадеше се, и манџички и тестенини и се, ама сега ништо не сака да јаде. Ми беше на викенд и мислам дека ми го крена притисокот за прв пат во животот, и направивме сва и свашта за ручек, за доручек, за вечера па да не збориме, а цуцата јадеше само сува корка и тоа одвај дочека да дојдеме дома со лебот, се тегнеше по улица да и дадам од лепчето :tmi: Е нели е да ти пукне душичката со такво дете?
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Имам дилема околу кашичка од спанаќ. Вчера прв пат и дадов да проба, но од готовите на Хипп. Извадив во посебно тањирче, а другото го ставив во фрижидер, па дали може и денес да го употребам со оглед на тоа дека е спанаќ и компир???
     
    На MakeupLove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    За спанаќот знам дека не се остава повеќе часови да стои затоа што оксидира и свеж кога е подготвен најдобро е да се јади истото време кога е подготвен и да не се подгрева ако веќе стои, е сега за готовите кашички не знаам дали важи истото правило како и за свежиот спанаќ :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.