1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски

    Точно математички нема правило колку оброци дневно да има, и колку да бидат количински.
    Вака, наутро доење, после час и пол - два часа овошна каша, па доење, па зеленчукова, па млечна каша, па доење за добра ноќ. Така му доаѓа да има 6 оброци - толку е и препорачливо, а кога ќе се воведат повеќето продукти во исхраната, бројот на оброците се намалува. Евентуално меѓу зеленчуковата и млечната каша може да ти побара пак да цица, ама зеленчукот држи прилично. Јас би ти рекла - давај и да цица секогаш кога ќе посака.
    Млекото е сè уште главната храна на твоето малечко. А кога ќе воведете повеќе продукти, тогаш и распоредот и бројот на оброците се менува, при што најдобра опција е почесто по малку.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.443
    Пол:
    Женски
    Ние денес бевме на контрола со бебушот и докторката ни сугерираше поинтензивна дохрана за да биде навечер посита и да не се буди толку често. Ми изнакажа толку рецепти што уште повеќе ми направи хаос во главава.
    Меѓу другото ми рече да користам кравјо млеко за припрема на некои зеленчукови оброци а јас ве читав тука дека дури после година дена се препорачува кравјо млеко :^) Исто така ми спомена ориз, телешко месо за попладневен оброк (ручек) а јас се прашувам да не е сеуште мала.
    Не знам дали има некоја тема на форумов со рецепти за припрема на бебешка храна ако има дајте линк :*
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Божице, малечка ти е срцушката за такви тешки рецепти.....плус, никој ама НИКОЈ нема да ти гарантира дека нема да ти станува навечер ако ти ја натупаниш со јадење. Може да станува од што ќе и` е тешко од храната, може од запчиња, може од што ќе те бара тебе....причини се многу, ова е страшно глупав совет од страна на официјален доктор - педијатар за тешка исхрана пред спиење, со изговор дека така ќе спие подолго :doh:

    На твое место не би давала кравјо ни под разно, мојата има 15 месеци па не пие кравјо (козјо пие, ама и тоа не е за вас сега). Би давала АД млеко со житарки (и тоа безглутенски, ориз и пченка на Нестле), и тоа е нешто „најтешко“ што би си дозволила да и` дадам пред спиење.
    Месото е рано да го воведеш, нема потреба од брзање.....а и замисли како би и` го раширела стомачето ако ја товаш за да ти спие повеќе? Мислам, жално, ама советов од МНОГУ АСПЕКТИ нема логика :(

    ЕДИТ: Сега ги прочитав мерките од последното мерење на малата....Божица ма, ќерка ми на 15 месеци има 11.5 кгр, твојата на 6 - 10, и како тоа докторката смета дека и треба „појака“ исхрана????
     
    На DeMelo, Nine25 и Annath им се допаѓа ова.
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.443
    Пол:
    Женски
    И јас се чудам искрено!
    Демек да руча мевце со зеленчук не пред вечера туку за ручек, ама пак ќе огладни до вечер не гледам јас дека е решение ова. А за житарките од Нестле и јас прашав ми рече малечка е уште, после 8 месеци се давале, гледам едно флаерче од Хип нивните се навистина 8+ а за Нестле не знам. Така и падна муабетот за млекото ја прашав со какво би и ги приготвувала и она вика со кравјо слободно.
    Ич не сакам кога имам недоумици а особено не околу детето нормално. Лекаркава е добра со триста препораки ја одбрав за матичен педијатар ама со исхранава некако ме збунува!
    Ајде барем крвната слика и беше одлична ваљда правам и јас нешто како што треба :)
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Не бе мила, житарките на Нестле од ориз и пченка се безглутенски, и слободно можеше да ги даваш од 4 месеци (ако сакаше) а регуларно од 6, така си стои и на нив....да не не збориме за истите? :?:

    Глутенски житарки Да, се даваат малце покасно (околу 8ми), ама ти ќе си одбериш чисто ориз, или ориз и пченка. Не гледам каде е проблемот.....житарки (основната исхрана на бебињата/децата) не смее, а месо смее???
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Имаш житарки на Нестле што содржат само ориз и пченка, без глутен, и тие се за 6+.
    На истава страна имам пишано, дека на дете до 6 месеци главна храна му е млекото, без разлика дали се зборува за мајчино млеко или адаптирано.
    Овошјето и зеленчукот се замена за оброци, при што зеленчукот обично се дава за ручек, а овошјето за ужинка. Ако малата наполнила 6 месеци, можеш да ги спремаш зеленчуковите каши со вода во која се варело месо (пилешко, телешко, мисиркино), за подоцна да можеш да го воведеш постепено.
    Житарките за вечера се најдобар избор затоа што не го оптоваруваат стомакот, а заситуваат.

    Рецепти за 6-8 месеци е малку потешко да се смислат поради тоа што малото не може баш се да јаде, ама затоа после 8 месец е нешто полесно. Мислам дека има тука некаде тема со рецепти, ама пак, претежно беа за нешто поголемки бебиња. Ај ќе пишам и јас таму некои рецепти за помали бебиња, имам мини готвач дома, кој искрено, ми помогна и ме насочи како да ја спремам храната за малиот кога почнувавме со цврста храна.

    П.С. Моира, мене матичната ми рече на малиот НИКАКВИ житарки да не му давам до полни 9 месеци :?:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.443
    Пол:
    Женски
    За Нестле житарките не знам ама на Хип читам пред мене е флаеров пишува 8+. Секако мене ми беше прашањето со какво млеко да ги подготвувам а за возраста ќе најдев соодветни но сепак ќе почекам уште малку.
    Има едни кашички на нив пишува за добра ноќ, ако не да пробам со нив? А за месото ќе почнам како што пиша Аннатх. Мене не ми е толку за исхраната преку ден, сум си увртела у глава дека можеби навечер е гладна па сакам нешто околу тоа да сменам да не е само со доење.
    Поздрав мамички па се читаме во темата со рецепти!
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    А зошто? :?:
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски

    Па ми рече да не брзам со глутен, тоа и беше единственото објаснување. Јас веќе бев почнала со оризова водичка кога ми го кажа таа тоа. Ама искрено, не ја послушав.
    Божица, млечните каши за добра ноќ содржат глутен, ако немате пробано, немој со нив. Инаку, ако купуваш од кашите на Нестле, можеш со било кое адаптирано млеко да ги правиш, а ако купуваш од кашите на Хипп, тие се прават со вода бидејќи содржат ад млеко во нив.
     
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.443
    Пол:
    Женски
    Фала Аннатх тоа ми беше прашањето, немаме пробано глутен сеуште. Ќе почнам со оризова вода а сега ја чекам и мајка ми за финални консултации :)
    Ова бебешкава исхрана е бетер од квантна физика :D
    Мала шала, се најдобро за најмалите!
     
    На viktori5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    На Хип има кашички со мелен ориз и адаптирано млеко што се 4+ без глутен ,јас и ја давам на мојата ќерка која има 5,5 месеци.Ја купувам од Веро
     
    На Bozica1980 и jana31 им се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.443
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам јас со критики кон моево ѕверче. Како прво да спомнам дека малата е крупна и долга така да не е гладна НО тоа е се од мајчино млеко никако да се убедиме да јаде!
    Не е маанџика но јаде исклучително малку, кога велам малку да речеме од најмалечките теглички со кашичка за 24часа не ја јаде ни половина. Се обидов со сите купечки и сите варијанти во домашни услови но пак 10 лажички е максимумот. Истото е и со водата и сокот.
    Малку е подобра ситуацијата ако и давам пасирано а не блендирано дури се труди и да џвака.
    Така вчера јадеше малку лубеница и диња, не сум прочитала никаде дали е ок ама со оглед на минијатурниве порции мислам дека не погрешив.
    А со 8ипол месеци мислам дека е ок и малку јогурт сто се напи...и кога сме кај јогуртот каков им давате?
     
  13. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Најчесто давам битолски јогурт , друг не сака многу многу одма прави кисела фацка , не си погрешила што си дала лубеница па нели таа содржи 90% вода. И кога веќе се труди да џвака прави и пасирано ќе си ја усоврши таа техника за која ние маки мачевме до пред 1 месец (сега има 1,5год.)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Не знам кога и даваш да јаде ,па не сака ,но би ти рекла после 2,5 -3 саати од цицање да пробаш да и дадеш дали рендано јаболко или пасирана банана (ако предходно си и дала и немало реакција ,ако не постепено) и немој да ги блендаш зошто го менуваат вкусот . Во принцип вие сте сеуште на почеток со исхраната и немој да и мешаш многу работи одеднаш . После овошјето за 1-1.5 час можеш да и дадеш да цица или пак да и дадеш зеленчукова кашичка и таа пасирана и со 2-3 вида на зеленчук,јас на почетокот правев од морков,тиквичка и компир и ставав од водичката во која се вареле за да не е многу суво.Зеленчуковата каша во која има компир,ориз или леб заменува цицање и следниот оброк е после 2.5-3 саати . Што се однесува до водата нејзе бебињата многу и не ја сакаат и најчесто ја плукаат ,па јас во соковите кои ги правам и ставам по малку водичка ,а сметам и дека преку млекото ја добива.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Божица штом си напредува одлично немој да се секираш, ке биде со мала упорност, како викаат некогаш бебината треба да пробаат и по 16 пати за да се навикнат на вкусот, ако не сака денес утре пак, со тек на време ке почне, ако не сака солени повеке прави и благи, но исто можеш да кобинираш нормално.Јас пример еве денес прв пат сакав да го воведам компирот, го направив со мешавина од морковче, сакав и јаболче да додадам но мм заборавил да купи, вака не го сакаше дури се налути многу и викаше,но и вкусот ептен беше млитав го свакам :D досега јадеше само овошни кашички и морковче, и јас на моменти се плашам дека ке биде малку потешко за зеленчуковите ни со упорност знам дека се ке биде.
    Затоа уабово се прпорачува во некои земји прво да се почни со зеленчуковите.
    Исто и за водичката и моето црцорче не ја сака ама за тоа ладно чајче од органско нане си пие, исто и јас малку порано му го воведов портокачето и секој ден му цедам портокал разреден половина со водичка и го обожава.(Знам дека портокал и останатото цитурно овошје после 8 месец со воведуваат но бидејки мојот го шмукаше потокалчето и немаше никаква реакција му го давам)
    Исто и сега бидејки има многу љубеница бидејки не ја сака блендирана му ја давам разредена со водичка како сокче, а динчето на прачина и му го давам од моја рака си го цица. :)
    И да резимирам за крај штом сака да си џвака супер радувај се давај и пасирано, за тебе ке биде полесно понатаму.Поздрав и :hug:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла малку и да ја оставаш да огладне, т.е да има некое растојание меѓу оброците. Ќе ги прифати вкусовите, само треба упорност. И пасирано само - блендирано никако, после ќе си имаш мака со јадењето (не дека сега немаш, ама после може да ти одбива се што не е блендирано). Нека се учи да џвака, без разлика дали има или нема заби. И да има - има само секачи, тие служат за гризење, а не за џвакање, бебето си џвака со непцата ;)
    Јогурт - најдобар е струмичкиот дефинитивно, на Јока, а кога сме во Скопје (не можам таму да најдам струмички), давам Цацко на Здравје Радово. Битолскиот ми мириса на антибиотици премногу.
    Уште ова да додадам - ако ти пие јогурт и јаде кисело млеко, пробај во зеленчукот да додадеш кисело млеко (што не е препорачливо ако има месо, ама ако не јаде поинаку...), исто за овошјето може овошни јогурти да и правиш, може така ќе ги сака?
     
    На AIT и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  17. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    дали има некој давано сок од љубеница после 4месец?сакам да пробам ама незнам ми е страв...
     
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас дадов на 6 затоа што е малку тешка за варење и може да направи проблеми со стомачето ,а мојата и така ги имаше па не сакав да ја оптеретувам дополнително.Доколку дадеш да не се грижиш ако во пелената забележиш црвени како кончиња ,тоа е нормално и на таков начин се исфрла.
     
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    Ние сме само на млеко . Си цица а плус и дохрана со ад млеко ке почнам пошто гледам немам многу млеко :( на жалост . не сакам да намалува на тежина .
    Имаме веќе 4 ипол месеци и до сега само сокче од јаболка и имам дадено пошто си има бебето мое проблеми со столица , кака на 4-5 дена зависно а сокчето и помага полесно да се искака .
    Со кашички планирам од 5 месеци да почнам , иако сите ме убедуваат уште сега ама некако ранко ми е да и дадам
    :?: :?:
     
  20. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    ние сме цело втеме со вештачко и
    и јас сакам да почнам после 4 со сокчиња од јаболко и морков, и мене ми велат дека е рано ама ќе почнам 10тина дена со сокчиња па со кашички.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.