Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Вчера правев грав, извадив водичка за Л пред да ставам зачини. Дали можам денес да и дадм од гравот, во фрижидер ми стои цело време она што е за неа???
     
  2. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Jas na maliot od 6 meseci se mu davav bez zaprska
     
  3. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    Меу, јас мислам дека може да и дадеш, нема зачини, само грав и вода е, а и ти стои во фрижидер.
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    да да сварено со се пиперка и домати, но мислам дека сварени не сметаат. И јас мислев дека не би требало да има проблем, но викам да си прашам, што е сигурно :)
    Нека стане па ќе ручка :) Вчера кога го зготвив и дадов да проба, го сакаше, па денес ќе и дадам како оброк.
     
  5. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Вие сте пораснале до гравче сте стигнале браво браво :) и јас мислам дека може да и дадеш пробај ја претходно ти јас обично така правам иако сеуште готвам одвоено бидејќи сеуште многу работи не ручкаме :)
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Епа почнав маци, полека полека, се да си јадеме :) втор пат и давам готвено како за нас, минатата недела и дадов печен ориз, но + сварив компирче за со него.
    Сега сакам цвекло и спашнаќ да воведеме, ради крвта
     
  7. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Ајде ќе биде Меу се ќе биде ние па веќе јадеме спанаќ :) и го сакаме ,него мами ние се заглавивме со млекото мислам со кравското и сеа не знаеме како па ќе ни биде добредојден секоја ваш спвет . Почнавме кисело млеко пред 3 дена денес веќе 1супена лажица во зеленчуковите каши и супер го прифативме е сега јас сакам тоа што и е второто Ад од полни 8месеци да стане разматено кисело млеко со овошје значи ова кај 12 саат на пладне е , есега како да сменам наеднаш или да мешам лажичка по лажичка па Ад ми е страв да мешам искрено ? Исто планирам нешто подоцна од 8м лино оброците да почнам да ги спремам со кравско млеко ,(до сега со Ад и ги правам ) прашањето е исто да правам две каши и постепено да менувам ( со ова би се мешало кравско со Ад )или само да сменам а за проба претходно би можела да и дадам компир со 1 лажичка млеко за ручек да видам за реакции и постепено да зголемувам па потоа да спремам лино со кравско ?
     
  8. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    mamicki koga se pocnuva so sokcinja? Stom vleze vo 4ti mesec ili so poln 4ti mesec. Pozdrav
     
  9. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    МеU и ние денес јадевме гравче , по втор пат :) Со сласт го изеде за 10 минути :)
    Најново почнавме и краставица да јадеме, ке ја исцица целата и ке ја фрли , а доматите немам потреба да ги пасирам кога ќе почне да ги тепа по маса исто како пасирани се :) :) :) Шала на страна Ана обожава домати :)
     
  10. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68

    Индивидуално е. Некои почнуваат со полни 3 и ќе влезат во 4ти, некои со полни 4, некои подоцна.
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    ние веке почнавме да јадеме кашичка како замена за еден оброк, јадеме се и овошје зеленчук ;)
    вчера пробавме готова кашичка овошје со ориз, па ме интересира како можам јас дома да и направам таква кашичка, можам во овошјето да ставам варен ориз од овај ние што јадеме така? и ако е да колкава количина отприлика :?:
    аха и уште нешто морков со што можам да измешам освен со јаболко, со компир може?
     
  12. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Јас и правам на ќерка ми кашички со овошје и ориз,оризот го купувам мелен,го има во маркетите во делот за здрава храна. и не е воопшто скап,околу 30 денари е . го варам со вода во сооднос како што пишува на упатството ама помала количина ставам. пример наведено е во 200мл вода 2 лажички ориз а јас правам со пола лажичка и 50 мл вода. а овошјето го пасирам и го додавам во оризот кога малку ќе се излади. Јована многу го сака оризот :) Морковот можеш да го мешаш и со компир.
     
  13. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    фала,после ке си купиме таков ориз и утре ке си лапкаме морков со ориз или јаболче со ориз ;)
    инаку денес си ја смачаквме кашичката цела , таа готовата овошје со ориз, и кога ја дојаде почна да ми плаче, ваљда сакаше уште :D
     
  14. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    :lol: И мојава кукла сака многу ориз :lol: Кога почнав да и правам вакви кашички и д аи давам дури се изненадив :lol: ама незнам како ќе делува на столицата ако помешаш ориз со морков :?: :?: може запек да добие. подобро почни со ориз и овошје. или дај му сосема малку,неколку лажички од кашичката со морков и види како ќе делува :)

    Мамички дали и од кога давате палента? читам некои со блендер ја подготвувате за да нема зрнциња.... ајде ако имате некоја идеја за кашичка со палента пишете :*
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    палента со кисело млеко можеш, само направи ја по разредена, за да може да се соедини.
    морков можете со компир, можете со ориз, може и тиквичка парче да додадете.... нема гајле од овие работи, алергии не прават. Додавајте и маслинов зејтин, така ќе им биде по мрсничко и нема мака од запек.
    Мене педијатарот ме советуваше да ставам повеќе зејтин(маслинов), значи не по 1-2лажички, туку слободно да се стави.
     
    На roza102 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.160
    Пол:
    Женски
    Палентата не ни треба во блендер, доволно е ситна. Земи ја оваа
    [​IMG]

    поситна е, побрзо се вари (т.н инстант палента е ова).

    Јас ја правев вака: филџан млеко и филџан вода ставам да зовријат, ставам пола филџан палента, и кога ќе се свари додавам лажиче путер да се растопи. И после мешав со сирење, така ми ја јадеше.
    Инаку, мој совет... не давајте често палента... пченката е скоро секаде ГМО, не е исклучено и кај нас да е. Порадо гриз давајте отколку палента.
    Башка Роза, твоево мало е. Почекај за палента, со 6 полни давај.
     
    На roza102 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    фала мамички ;)
    дали може сега јас на синко мој да му давам по 2 пати на ден кашичка?? заради тоа што на секој 2 саати тој е е гладен, пиеме по 130мл, се си мислам како да не го заситува млекото, имам пробано да му дадам повеке млеко количински ама не го пие тогаш цело..совет некој мамички? :?: :)
     
  18. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    јас само сакав навреме да се информирам за палентата инаку знам дека е рано :) многу сум возбудена кога и купувам храна за неа :lol: гледам најубавите плодови да и ги одберам,можам со саати да ја разгледувам бебешката храна :lol: Има некој друг што го прави ова? :?: И ќерка ми несака да писе наеднаш 180 мл и ние јадеме помалку ама почесто и мислам дека ако напредува во тежина дека не е ништо страшно
     
  19. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    40
    ме интересира колку кашичка треба да изеде за да биде како оброк,еве мојава повеке од пола не јаде,зборувам за малите кашички од хипп ,дали да го рачунам ова за оброк и давам два пати во денот,инаку маки мачиме со млекото, цела се витка и мрда,повеке од 60 не пие
     
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    синко мој ја јаде цела таа малата кашичка шо е и после 2-3 саати е сит :) ама пак мене ми рекоа да не му мерам, т.е да му давам колку сака да си јаде, хехех
    ние пиеме млекце ама бара мн на брзо на 2 сати обавезно, и додека го испиеме сите положби ги менуваме, во раце, на кревет во транспортер, еххе , затоа мислам дека не го заситува млекото дека ми бара на често :?:
    а и уште нешто хумана 1 се дава до 6месеци или??
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.