Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Ние да не се урочам пу пу напредуваме со кашичките. Почнавме да кркаме една кашичка за двете бебиња. Од се до сега што сме пробале обожаваат тиква и јаболко и јаболко и морков.

    Annath решив и јас дека летово ќе гледам да го прогураме со овошје и зеленчук, па понатака мевце. Таман и една комшика на моите земаа мали пиленца, па дур да почнеме да јадеме ќе има тазе домашно пилешко без хормони. Ај јас со прашањата :lol:

    Од кога палента?

    Кога јогурт, кисело млекце? И дали е подобро да се почне со кефир? .....

    Ние почнавме од 4 месеци со јаболко, па морков, крушка, слива и после комбинации од нив. Искрено нема потреба од брзање со сокчиња. Дури можеш и да ги рипнеш нив. Ние џабе почнавме кога еве не ги сакаат, а и не заситува сокчето.
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Јогурт и кисело млекце можете со полни 7 месеци, исто и палента. Јас и до ден денес кога му правам палента на малиот му ја давам со јогурт, така ми ја јаде, а само палента не сака.
    Кефир не сум дала.
     
    На Twinja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    мамички од ден на ден се повеке синко несака да пие млеко, само шо ке му ја ставам цуцлата во уста ја врти главата на страна и нема шанси да го испие, едвај на ден пиеме до 2-3 пати по 120мл, и ноке сега почнува да не го пие :( совет??
    еве денес не беше јаден 4ч саати , а можит и повеке се пробав млеко, млечната каша од хумана, не сака во уста да ги стави, а му дадов кашичка од слива цела ја смачка, од големите, исто веке и чајче не пие, какво друго чајче можам да му давам, досега го пиевме од бекутан
    се си мислам дека ке го откажиме целосно млекото :( или да пробам со друго??? :?:
     
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    Денес бевме на педијатар и ми даде еден многу добар совет кој можеби некои мамички го знаат ама сепак да го поделам со вас. Имено кога варите телешка коска водичката соберете ја и изладете ја. Потоа ставете ја во кеси за замрзнување лед. Ке си вадите по една коцка или две и ке си ги додавате во домашните солени кашички. Поздраво нешто здравје.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    период му е, син ми имаше неколку денови пред 2 недели не сакаше апсолутно ништо само цицаше, потоа почна да го сака овошното јогуртче на хумана, па полека полека кашичките јас што му ги правев и така пак се врати како што беше. Јас му купив чајче од бејбивита овошно е портокал, јаболко, и цреша, и околу 30мл пие од него а после водичка малку се борам јас за да пие течности на жешкото време оти многу се поти а само цицање мислам дека не е доволен внез на течности. не се секирај ке му помине.

    јас палента дадов на 5 месеци, исто и јогурт ама ептен малку за да ја испасирам палентата оти син ми само палента не сака да јаде. и супер ја поднеси детето, јас ја дадов со препорака од општ лекар подоцна овде на форумот прочитав дека требало да почекам уште месец 2 ама сепак не се случи ништо страшно. сега најмалку 2 пати во неделата давам палента.
     
    На Twinja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    И јас палента веќе и дадов. И тоа на 4,5 месеци и си јаде сега понекогаш и нема никаков проблем. Ја правам со малку вода и после ја правам потечна со АД млекце.И морам да кажам дека ја обожава.Незнам зашто треба да се чека со палентава до 7-8 месеци кога има и готови кашички од пченка за 4+ месеци...
     
    На Twinja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    ааа сите наши врсници ја пробале палентата , да ја пробаме и ние тогаш, хехех
    инаку денес таа др кога бевме на вакцина ми вика до кај 7м ништо да не му даваш да јади само хумана 1?????
    аха да и после да пиеме млеко на 15мин, тоа и така е стално гладно :lol:
     
  8. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    диња и либеница од кога се дава??
     
  9. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    40
    како сте сега со млекото,почна ли да го пие,инаку и мојата е многу тешка за млеко,се однесува исто како и твојот синко,а каши јаде дневно една од малите
     
  10. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    давајте му по малку водичка може се бунтуваат ако се жедни, јас тоа го приметив кај син ми вчера и денес, ако е жеден и му се пие вода не сака да јаде а знам дека е гладен, и му давам по малку водичка (со лажиче оти шише на фати ниту цуцла ни ништо) и потоа јаде без проблем.
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    ние си пиеме водичка без проблем, а за млекото вчера пиеме повеке од претходно, а забележав дека се му го одвлекува вниманието и затоа можи не пиеше, пробајте сами да сте кога пи млекце може и кај вас е до тоа,а синко мој јади пак со пеење, хехе некој да му пее тој да јади :D
     
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    хумана 1 велиш ти рече???
    а незнај та дека дека хумана 2 почнува од 4 месеци???
    шо му даваш ти сега???
     
  13. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    да бе ми викат хумана 1 да му давам , и дури ко ке појдиме наредно на вакцина после 1август ке ми кажела шо да му давам, ние имаме уште малку од хумана 1 да го допиеме и ке си купиме 2ка ;)
     
  14. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    2 ка почни давај му, повеќе витамини има.
    на сите груги ад млека 2 ката е од 6 месеци, само на хуманата е од 4. незнам зошто
    ама почни давај му.. ;) ;)
     
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    дада ке почниме секако со 2ка, сигурно нема да чекам да одам наредно во здраво дете ;)
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Е да ви кажам се враќаме од педијатар, па најсвежи информации да споделам.
    Супа од коска НЕ до 1 година, многу била масна па како и свинското така и ова не се давало до годинка.
    Грав, леќа, боранија од 7месеци.
    Риба , бела, варена од 9месеци.
    Ај друго ако ви текне прашајте :)
     
  17. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Срце и Хуманата 2 ад млеко е од 6 месеци, ние го пиеме кецот, уште две недели се префрламе на 2 ката , исто е како и кај другите млека, почекајте до 6 месеци полни па почнете да пиете или мешајте ако сте блиску до 6 ката , еден оброк 1 еден 2 .......не брзајте ....поздрав :*
     
  18. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    дали има некоја мајка во темава што почнала да му дава кашички на своето бебе после 3от месец и да ми каже кои се тие кашички Нека пиши во ЛП
     
    На loki.c9 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Јас почнав да давам кашички од 3,5месеци, но не како оброк туку само да пробува вкусови. Почнавме, со јаболко, морков, слива, круша...
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    мамички читам дека им даваат некои мамички житарки на бебушките од кај 5м, кои се тие???
    и знам дека секое дете е различно, но по колку пијат млеко во 24ч вашите бебушки, кои сте отприлика колку нас? ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.