Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Од житарки само ориз имаме пробано(млечната каша на Хип). Инаку моите пијат мноооооогу млеко :| Па скоро литро дневно и тоа со ограничување, да е до нив би пиеле и по 2л. Ама не пиеме ни чај, ни вода, ни сок :doh: И немаме заменето сеуште оброк.
     
  2. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Љубица малово мое има 5 месеци и 4 дена (помали сме од вас), и од зрнеста храна до сега и имам дадено ориз (од кашичките Baby First Pap), овес ( т.е. овесни снегулки, што ги има во маркетиве таму кај здравата храна што е :$ ) и пченка ( во облик на палента и оние готови млечни кашички со пченка што се).

    За млекцево незнам што да ти кажам...до пред 1 недела немав сменето толку оброци :lol: (само еден ми беше сменет) и млеко ми пиеше приближно по 1 литар. Сега имам три цврсти оброка и 4 млека, и отприлика пие по 700-750мл млеко дневно.
     
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Јас доега му давав млечна каша со оризово брашно и ванила, готова на Нестле и ја заменував единствено само таа како оброк, сега овие денови почнав да му давам и овошна кашичка, ја правам дома зависи што имам од овошје, 5,6 овошја микс и излегува полна чинија и си ја јаде цела и втор оброк е тоа ккао му заменувам. Со зеленчук сеуште сме на старт, не сака да го јаде, пробува 2,3 лажички и полсе се мурти, се тегне, врти глава и почнува да плаче на крај па морам млеко да му правам одшто е гладен нели па му се јаде. Е сега оваа млечната кашичка со ориз ми заврши и земав со пченка како палента мислам дека е, синоќа пробавме пр пат и ја изеде пола само, дали дека јас и многу му направив 140 мл со вода се прави оти има млеко внатре и може затоа не ми ја изеде цела :o
    Инаку во врска со оваа кашичка сакам да прашам дали секој ден да му давам, со пченка оти е, со онаа секој ден му правев и многу ја обожаваше , колку му направам се си изеде, а оваа како палентата секој ден ли исто можам да му давам? Ако знае некоја мама да ми каже. Благодарам ;)
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.987
    Допаѓања:
    108.489
    Пол:
    Женски

    [​IMG]

    каллиас за оваа крема од десно ли збориш со пченка? па да , како сакаш , ако сакаш можеш да му даваш еден ден крема со пченка еден ден кремата со ванила , јас така правев ;) :)
     
  5. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Да, за таа од десно со пченка, само што не земам на Јотис оти имаат шеќер и глутен, на Нутрициа земав со пченка, не содржи шеќер и без глутен и онаа млечната исто така на Нестле што ја земав многу е убава , без шеќер е и без глутен, јас многу гледам на составот, секогаш пред да купувам нешто особено за бебето мое :!:
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.987
    Допаѓања:
    108.489
    Пол:
    Женски

    јас само колку за пример ја ставив сликата :D инаку и јас не и давав од Јотис , кога прв пат ми кажа докторкава да и дадам крема ми даде подарок крема ванила од истава марка - абе катастрофа не се растворува како што треба , се прават грутчиња а плус и има и шеќер , Нестле и Нутрициа се многу подобри :)
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Да, да, јас прв пат кога отидов да му купам крема од 5 месец сега почнавме, ги прегледав сите по ред, ги има многу марки, само на Нестле и на Милупа немаа шеќер и глутен, сите други имаа, си пишуваше во составот, па затоа се и толку ефтини, Јотис и Ноу-Ноу пак секогаш попуст имаат, можеби затоа ставаат оти не им се трошат :lol: Нестле дупло поскапа е, ама не жалам пари, колку сака нека е, само да е здраво и квалитетно за моето бебе се работи, не за мене :!:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Мамички, еве нешто корисно за воведувањето на мед во исхраната :)
    http://moebebe.com.mk/?p=2033
     
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас му дадов мед, и јас ја најдов оваа страна пред да му дадам,
    кога му дадов чекав 4 дена немаше реакција, сега кога ќе ми текни му клавам или во овошјето или во житариците.
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Добро утро мајкички. Како сте денес на овој летен дожд?
    Ние сме добри, станавме пред неполн саат и уживаме на балкон :P
    Сакам да ми дадете предлог за денес што би можела да му направам од зеленчук на синчето мое, вчера му сварив компирче само и му додадов Ад млекце и можам да кажам дека му се допадна и пола тањир изеде, пола не, ама задоволна сум многу, со оглед на тоа што зеленчук не ми сака ич, сега мислам дека постепено почнува да го прифаќа. Два, три дена по ред му правев компир, тиква и морков и мнооогу малку јадеше, па затоа вчера му направив само компирче и го рчкаше, а денес што би можела да му направам? Само тиква? Дали па ќе ми ја јаде само неа , нема никаков вкус таа :( Освен тоа што друго можам да му направам ајде дајте ми некој предлог мамички за едно 5 и пол месечно бебе :)
     
  11. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Добро утро, убаво утро, и ние само што се разбудивме пред половина час, се средивме и испивме млекце 150 мл, па се спремаме полека за доручек, денес ќе доручкува круша со банана, а за ручек се мислам компирче да сварам, затоа што не сме почнале со зеленчук сеуште и веќе е време да почнуваме .Еве ти предлог, ориз со морков ама ако веќе си давала тиква деновиве тогаш пробај брокула со ориз , да не добие боичка бебушка, бидејки од тиква и морков ако се јаде почесто може да добие жолта боја. искомбинирај ... со ориз. поздрав
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    калиас има вкус тиквата ке му дојде нешто како морков, ако јаде морков сигурно и неа ке ја јаде, синко мој тиква обожава :) единствено од се досега шо имаме пробано не сака мн банана, а се друго лапка, еххе
    и да внимавај не давај мн често тиква, морков и откако ке му дадеш не треба да го вадиш на сонце ;) јас обично му давам еднаш неделно
    има едни готови кашички од хип се , зеленчукови јас ваква му дадов на синко и супер ја прифати
    http://hipp.com.mk/images/Mesan%20zelencuk.jpg

    а ние вчера пробавме и гриз кашичка од хумана може со млеко или со вода да се прави, јас му ја направив со вода , да не му е се благо, па не ми направи проблем, ја смачка, еххех
     
  13. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Колешки благодарам на одговорите, инаку не сум знаела дека од морковот и тиквата се добива боја,жолта? :?: Ама не портокаловата блага тиква, онаа зелената тиквичка му ја давам, за која важи ова со бојата? :)
    Сеуште не сме ручкале, спие моментално па кога ќе стане планирам да му направам нешто...брокула јас не можам да најдам, денес бев по супермаркетите, нема, вајда не е сезона?
    Ние наутро јадевме овошна кашичка, секое утро јадеме од 5 овошја и си јаде за сега да не ни се уроци добри сме.

    Отприлика вака ни е менито овие денови:

    7-8.30 стануваме и пиеме млекце 120 мл
    10.30-11ч јадеме овошна кашичка, банана,круша,слива,праска,нектарини,јаболко.
    13-14ч пиеме млекце 120 мл
    16-17ч јадеме кашичка од компирче или тиквичка, зависи што му направам.
    19ч пиеме млекце 120 мл.
    21-22ч јадеме кашичка од ориз и ванила или кашичка од пченка.
    И 22.30-11ч најкасно заспиваме.
    Така спие цела ноќ, се буди ноќта ама со затворени очи промрдува и му правам млекце 90 мл пие, повеќе не сака и тоа во сон ги пие и продолжува со спиење до сабајле :)
     
  14. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Калиас ова со жолтава боја се однесува на обична тиква (благата :lol: ) Морковот,тиквата, кајсијата имаат бета каротен и од него се добива жолта боја ама ако стварно се претера. Еве го и нашето мени:

    8-8:30 -млекце 200 мл
    12:30-13 -овошна кашичка 125 гр
    15-15:30 -млекце 200 мл
    17-17:30 -зеленчукова кашичка 150 гр
    18-18:30 -сокче 100 мл
    20-20:30 -млекце 150 мл
    22:30 -млечна кашичка 120 гр
    00-00:30 -млекце 200 мл
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Па и јас така мислев, дека се однсува за благата тиква, инаку од таа сеуште не сме пробале, засега сме на обичната зелена тиквичка и тешко ни оди ова со зеленчукот :tmi:

    Инаку супер ви е и вас менито, твојата си пие млекце 200 мл ние у живот не сме пиле, затоа и не можеме да добиеме во килажа...Тебе колку кг е малата? Кај мене пред 2 недели беше 6.600, па сега за 2 недели баш да видиме колку сме придале за 1 месец
     
  16. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    ^ Калиас и ние тешко со зеленчуков некако...Едвај ги јаде кашичките,ама јас и буткам колку можам повеќе :D . Млекце и течности ептен сака и дури после кашичка она знае да испие 150 мл млеко или сокче. А за вода да не ти кажувам.
    Јас мислам дека добро ти е твоево со килажа, како не качува кога 6.600 е одлично...зависи и колку се родило.
    Малава сега има 7.600, и е долга 70 см, ама и тешка се роди,скоро 4 кила и 52 см.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Silk добри сте и вие, ете кај тебе поголемка се родила, кај мене помало, 3.400 со 50 см, а сега во должина сме 66 и 6.600 хаха се шестки :D
    Инаку за течности слабо, вода не сака да пие ич, ама после секое јадење му давам насила да пие барем неколку голтки, мора, треба да пие, едвај 10,20 мл дали ќе испие вода, за сокче го пие од круша само најмногу, еве вчера испи 130 мл. За млеко толку ни е, 120-150 преку сила да испие, ама ретко е тоа.
    Ајде нека се живи и здрави па ќе јадат кога ќе пораснат, ќе се сменат, нема се така да бидат :)
     
  18. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Супер си е детето Калиас, не се замарај дека слабо јаде,по ова што го кажуваш убаво си ручка и супер си напредува. Има деца што баш ич не јадат и не добиваат на килажа. Сите се различни.И јас имам другарка која има бебе колку нашиве и сега и е 10 кила,па кога ќе каже колку и е тешко детето се запрепастувам со разликата од моево ама па и тоа не чини...треба да е средна килажа и да си јаде колку што си сака оно а не со сила сега да им пикаме само за да бидат што потешки.Тоа не е мерило колку е здраво детето.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  19. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    да бе не се замарате со тежината, бебето треба да си има цврстина и треба да е здраво, ако е подебело не значи дека е поздраво....
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    kallias ја сна 5,5месеци давав:
    компир+морков+малку кромидче+брокула/тиквичка
    можеш и со кисело млеко да разредиш зошто компирот е леплив.
    ориз+грашок+кромидче+морков
    ориз+морков+тиква+кромидче
    ориз+морков+брокула
    Секогаш давам повеќе работи. Само по едно беше додека пробувавме, а претпоставувам дека и вие имате испробано повеќе работи па слободно можеш да ги размешиш. Не се учете само на еден вкус.

    Кромид и лук давам од 5месеци и недела, да заокружиме на 5,5месеци. Педијатарот ни кажа од 6м да почнеме, зошто се здрави, за имунитет, но јас почнав порано. Сега веќе ставаме пола глава кромид(мала глава) и едно чешне лук во секоја манџа.
     
    На silk и kallias им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.