1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Доколку на бебето не му е доволно мајчиното млеко во исхраната (приметувате дека е гладно) тогаш се препорачува да се почне со формула или кашички после 4ти месец. Во спротивно препорачливо е само мајчино до 6ти месец.
     
  2. Beluvce

    Beluvce Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    mojata kerka uste nekoj den ke polni 5 meseci...se uste cica, no koga napolni 4mes. nekako zabelezav deka i e malku samo moeto mleko, pa so konsultacija na pedijatr pocnav da i davam po 30-40ml dnevno sokce od morkov na hipp no zabelezav deka od nego ne mi kaka redovno inaku taa kaka po 3-4 pati na den...i go prekinav sokceto i povtorno go prasv pedijatarot dali mozam da pocnam so kasicka toj mi predlozi od morkov...i na 4 ipol mes pocnav so kasicka od morkov na hipp i si ja jade i plus cica
     
  3. suzan-33

    suzan-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    13
    Белувче веќе можеш да даваш јаболче печено варено банана круша слива тиква па понуди понатака зеленчук моето од 5 полни веке си јадеше и зелечукови манџи
     
  4. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    пред некој ден слушнав на 6 месечно бебе му даваат чоколадо! :o :o :o Кога почнавте вие да им давате чоколадо на децата?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.657
    Пол:
    Женски
    Рано е за чоколадо, јас некаде на 8-9 месеци му дадов Животинско Царство за првпат. И тоа само да проба. А тоа што некој дава чоколадо на 6 месеци, јас би рекла, личен избор. Секој знае за своето дете. Инаку, чоколадото е алерген, па не се препорачува пред полна година.
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас дадов на некој ден пред 8 месеци и многу и се допадна,ама па затоа и направи многу тврда столица и престанав.Сега и давам повремено ,еднаш неделно по еден ред од животинско царство.
     
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Моето е уште мало, ама пред 1 година не ми е во план да му дадам
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.657
    Пол:
    Женски
    Па да, обично чоколадото има таков ефект, ама не секогаш. Кај мојов нема. Син ми на почетокот не сакаше многу, ама сега бара. Јас обично му ставам во гриз, за вечера, наместо шеќер, и сметам дека му е доста (има скоро 18 месеци). Ама тоа што баба и дедо му даваат кога ќе им побара, е тоа е друга приказна...
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мене педијатарот за син ми ме тераше да му давам чоколадо кога беше 8 месеци со образложение дека какаовецот содржи железо или помага во неговата апсорпција(не сум сигурна кое точно беше :x ) кое и тоа како им е потребно,но секако тоа да биде 1-2 реда ж.ц. ,а не Милка од 100ка :D .Син ми бидејќи не сакаше бело млеко порасна со чоколадно,кога купечко ,кога домашно
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.657
    Пол:
    Женски
    Какаото е богато со железо, па држи вода во исхраната да се вклучи чоколадо, ама црно чоколадо со што поголем процент на какао (мин. 70 % е пожелно). Ама кое дете ќе го јаде тоа? :?:
    Инаку, јас пробав на син ми да му увалам чоколадно млеко, бидејќи не го пие никако. Ама џабе. Џабе чоколадото, штом осети дека е млеко, плука.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ние имаме 9 месеци и од пред некое време и давам по малку жц. Да речам на 5-6 дена ред-редипол.
     
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Мамички да ве прашам нешто, внука ми има скоро 1 година (за некој ден ке полни) и има ли потреба сеуште да пие адаптирано млеко? значи се си јаде и месо и лебче се и тоа количински многу може да изеде , обично млеко не пие бидејќи била алергична на кравјо млеко...
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Штом е алергична тоа си е друга приказна и за тоа дали смее или не смее ќе си кажат педијатар и алерголог.Инаку во нормални услови оние кои пред година не почнале со кравјо ,во овој период почнуваат,односно откако бебето ќе наполни 1 година.
     
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Еве ние почнавме од неполни 5 месеци со кашички
    За ручек јаде зеленчукови каши , за ужинка овошни , и навечер јаде исто така кашиче за Добра ноќ двопек и бананче !
    зеленчуковите каши се од морковче и компир, спанаќ со компир, тиква и компир, брокула и компир
    :)
     
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    дали можи да ми кажите од кога почнавте да воведувате глутен во исхраната на вашите најмили???????
     
  16. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Значи феминки ХЕЛП!!! Мојот син не сака да пие млеко воопшто! Значи бега од шишето, плаче.... А постојано ги смука прстињата и јас мислам дека е гладен, ама тој не....... Значи вчера само три пати јадеше.....А имаме 4 месеци и 3 недели......Му давам и сокчиња, кога како ги пие, ама млеко нејќе никако..... Нервозен е многу... А кога ќе прифати да пие, и тоа обично е заспан, пие и по 230-240 мл.... Значи немаме проблем со количината, ама на секое јадење ми се скратуваат по 5 години од животот од нервоза... Сакав да му воведам кашички, ама докторката ми рече дека е мал, да почекам до 5 месеци.... Не знам што да правам. Инаку имаме најава за забчиња, и тоа тројки први ни растат горе...... Се надевам дека тоа е причината... Што мислите вие?
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Како 3ки први?? Да не се 2ки?

    И да не е случајно скок во развој? Јес да е малце „нестандардна“ возраста за тоа, ама никад се не зна...мојата така одбиваше да цица, вриштеше кога ќе и се приближев, и само на заспана или полузаспана ја доев. Тоа траеше 4-5 дена (до недела максимум велат), и после детето си се враќа во нормала, ко ништо да не било.

    Колку време веќе трае кај вас?
    И да, малечко ти е, почекај пред да воведиш друга храна....
     
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Како прво тројки му растат ??? Не дека не ти верувам,но искрено прв пат слушам за вакво нешто :x
    Околу исхранава 3 пати во еден ден е многу малку.Не знам дали цица ,зошто ако цица сигурно надокнадува со тоа,но ако не цица тогаш сигурно е гладно. Доколку столицата не му е златно-жолта ,тогаш е изгладнето. Јас би пробала да му дадам кашичка на Хипп која е со АД млеко и ориз и се раствара со вода и е 4+ .Ја има по маркетиве и аптеките и е 150-160 денари. Исто така полека би почнала да давам и овошје (сок,кашички) за ако ништо друго барем да внесува храна и да не седи гладно. Навистина ме чуди како педијатарот те оставил така ,зарем не знае дека детето не пие млеко и не јаде ?Мораш да пробуваш на разни начини да му даваш млеко,па макар и со лажиче (доколку е на АД).
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    За Хипп, само да кажам мое, и на многу мои пријателки и познанички, искуство - скоро 90% од децата се нафрлаа после користењето на оваа млечна каша. Ај мојата си имаше атопичен дерматитис, ама кога видов и дека и други исто изреагираа, го проверив составот, и освен АД млеко, оваа каша има и чисто полномасно кравјо млеко во прав. Премногу е рано да започни со ова....
    Мој совет ти се безглутенски житарки (пченка и ориз) на Милупа или Нестле со АД млеко.

    И се согласувам дека не треба да седи гладно, ама не мислам дека овошјето и соковите нешто посебно ќе го најадат, сепак на тоа дете, во овој период од животот, му треба млеко, без разлика АД или од мајката...има време кога додатната исхрана ќе му заменува оброци, според мое мислење премногу, ама премногу е мало за покривање на гладта со нешто друго, освен млеко.
     
  20. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    ^^ Да тројки, ама детето воопшто не бара да јаде.... Тие три оброци вчера ги изеде додека спиеше несвесен... Инаку, пие по 200-230 мл одеднаш па и не е толку малку тоа што го испил со оглед на тоа дека според тежината, потребни му се 600 мл млеко... Проблемот е што она пиеше по 180-200 мл 5 пати во денот и од кога ја прими вакцината, утредента цел ден седеше гладен само на вода и чај зашто млеко не сакаше да помириса, а потоа почна нормално да си јаде...А вчера не знам што му се случи и одеднаш се му се испоремети... не знам дали да го откачам ноќниот оброк, па може ќе сака да јаде така... немам идеја како да постапам, пример прееска заспан почна да пие млеко, 50 мл испи, се разбуди и почна да го плука... Сега пиеше вода, а млеко не сакаше.... И не сум го оставила така да гладува, што ли не порбав да правам ама кога нејќе сосила не можам да му истурам у уста.... И дури не земав кашички за да пробам да го натерам да си го пие млекцето, ама.... Ете го сега си игра, весел е и не плаче, само нејќе млеко да пие....П.С. тоа што прво тројки му искачаат е генетски..... Не цица, само на АД млеко е....
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.