Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    на некои листи за исхрана на бебиња стоеше дека може да се дава од кај 6м, додуша ние малку подранивме, хех ама му го дадов во комбинација со компир, така нешто беше кашичката, и супер си ја прифати ;)
     
  2. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Знаете што мамички ,јас мислам дека ако почнеме да даваме од се ,ама баш од се по половинка од нивните лажички секој ден за проба нема да им биде ништо.Пријателка на мм секој ден на своите дечиња има давала после 6 месец од се помалку и така истерала цел месец значи до 7 (овој муабет вчера ми го кажа пријателкава) и нејзините деца до 8 месец јаделе се што јадела и таа и нејзиниот маж и ниту биле болни ниту имале никакви здравствени проблеми.До 10 месец почнала да дава и тетрапак (кравјо)млеко, и фала богу има дечиња бомбочиња едното сега средно другото факултет, и тоа да ги видиш здрави и јаки. Не викам дека треба и ние истото ама постепено малку по малку можеме да даваме ....
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    јас имам и претходно пишано, јас сакам се да проба синко, секако се во свое време, гледам од прилика шо се дава за одреден месец, ама ете некогаш и несвесно, и од толку внимавање пак ке му дадам нешто шо не одговара , еххе ама фала богу досега немало ништо , никаква реакција
    и јас сум за тоа се да пробува детето постепено, а не наеднаш после 9-10м ке му дадат се наедаш, и после ке викаат не јади ништо, слабое,конкретно другарка моја така правеше со керкаи, до 10м само ја цицаше и се почна да и дава, ама џабе , малата ништо не сакаше да јади, се му дојде наеднаш :(
     
  4. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    ^ Јас баш вчера и дадов на малата грашак. Како само си го изеде... Не се придржувам на ,,новиве,, правила за хранење, секако со мерка.Нема сигурно сега да и дадам свинско да јаде или јајца.... Значи си го сварив грашакот, сварив едно помало кромидче и едно чешне лук. Све тоа го изблендирав со две лажички кисело млеко и малава си се накрка со сласт.Не го лупев грашакот,иако остануваа мали како љушпи, ама нека се учат бе со време.Убаво ни вика Anath дека уште од сега треба да ги учиме да џвакаат иако немаат запчиња...
    И така... иначе готово веќе е со нашево пиење на млеко, до пред 3 дена пиеше дневно по 800 мл. а сега едвај 400 ако испие. И давам млеко,го плука, и одма и правам некоја кашичка,си ја јаде.Значи не дека не е гладна,туку нејќе више млеко.Охххххх...
     
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    и кај нас беше така со млекото, ама од кога почнавме со хумана 2, пие повеке од претходно, може и бебушката твоја ке го пие повеке 2
    ние купивме од таа кашичката млечна , од хумана шое со јаболко, банана ама има и двопек, па ке пробаме како ке ни оди, другите ептем ги сакаме :lol:
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    И јас сакам грашок да почнам да му дадам да видам дали ќе го јаде.
    Силк, колку отприлика и даде ти на твојата пуфличка грашок, кромид и лук изблендирано? Како оброк ли и дојде или само за проба?
    За млеко и кај мене намали многу, ама ќе пробам сега штом наполниме 6 месеци да му дадам од тоа ноќното на Хумана, штом ги држело да спијат цела вечер и обично Хумана 2 ќе почнам да му давам, и така че биде само насабајле и навечер да пие млеко после 6 месец па да видиме како ќе биде.
    Овошна кашичка ние јадеме како оброк насабајле после првото млеко, после пак млеко малку пиеме па нареден оброк попладне му доаѓа јадеме млечна кашичка и навечер пред спиење млеко.
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    калиас јас хумана 2 му дадов оваа недела на неполни 6м, затоа што веке и ми заврши 1 ,па за затоа зедов 2 и како што кажав синко го пие ;)
    инаку ние кога ке станеме пиеме млеко, па овошна кашичка, па млеко, некогаш и 2 пати, измеѓу пиеме млеко, денски ретко спие, па сме гладни, еххех
    па имаме зеленчукова кашичка, и пред спиење јадиме млечна кашичка, а мн рано заспиваме во 19-20ч, и во 00 млеко 250мл ;)
    и заборавив да кажам веке 2 дена пиеме чај од домашно нане , со мн малку шекер ;)
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    А шеќерот во чајот зошто го ставаш?
     
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    пробав без шекер ама ич не пиеше, а вода , сокчиња ,ништо не пиеме ,никаква течност во последно време :( па затоа пробав така, ама ставам мн малку, колку да се промени малку вкусот, додуша др ми рече дека смеам :?:
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Па и ни сме така како Љубичица што вели со јадењето , ама јас имам од Хипп 1 на залиха уште 2 пакетчиња и морам да ги истрошам тие па да почнеме со двојката :)
    За чај, јас откако видов дека има шеќер од овој на Бекутан, не прочитав на упатството дека има и кога му направив и видов колку има на дното на шишенцето шеќер :o толку беше, не му дадов повеќе и така си стои цела кутија.
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Мислам дека веќе и птиците го знаат мојот став по ова прашање, јас искрено не би дала ништо што има шеќер внатре, не па дополнително да ставам. Ама вие си знаете...

    Шеќерот кога се разградува ослободува енергија, која тоа мало бебе сега нема како да ја потроши, па би му дошло нешто како „телото му спие, а умот не“. Ако и онака ти е бебе кое не му треба многу сон, со шеќерот тоа само ќе го интензивираш...
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    ние тој од бекутан го пиевме од прв ден, до пред некое време, ама веке не го сака, пробав и со од хумана некој беше ама исто, и затоа пиеме нане
     
  13. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Калиас како оброк и давам, секој ден има по еден овошен,еден зеленчуков и еден од млечна каша и измеѓу млекце.
    За кашичкава ставив неполна кутлача грашок (околу две третини од кутлачата), едно помало кромидче и само едно чешне лук. На тоа му додадов една-две лажички (мали) кисело млеко и го изблендирав. Од се ова ми излезе 125 мл., знам пошто го ставив во мала тегличка од Хипп кашичка. И си го изеде, а богами и стварно беше убаво на вкус.
    Денес јадевме морков,кромид,лук и кис.млеко. Ептен кромидарче ми е детево :lol: . Многу си ги сака.

    Љубица фала на советот, сигурно е така и треба веќе Хипп 2 да и земам,ама имам уште 5 кесички од Хипп1 :$ ...што да и правам, морам некако да ја докрајчам...

    Ама денеска се оправивме малце, со молење и глупирање ама испи 700 мл млеко и плус три кашички... Едвај чекам да не треба веќе млеко да и давам, со хранава некако полесно ми е...
     
  14. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    silk твоето јади 3 немлечи оброци, нормално е дека нема да сака да пие млеко, најадено е,
    и моето кога почнав да му давам 3 немлечни престана да ми го пие млекото и од тогаш па да сега сме со 2 пати млеко. ама јас почнав да му заменувам трет оброк на 7 месеци
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    40
    silk ти кажуваше дека пиете по 800 мл + 3 оброка од каша ,јас мислам дека тоа и е многу,мојава е колку твоето и таа количина на храна си ја јаде за три дена,така да не се секирај за млекото,има денови кога ке ми испие 400 млеко + 2 кашички мали,а има и денови кога пие и по 600 + 2 кашички ,а вие имате 3 каши,затоа ич не се замарај супер ти јаде детето
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    40
    и уште нешто,гледам по тикерот исти ни се малите,кај се породи ти,на кој датум,може и сме се виделе хихи :D
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    сигурно имам наназад пишано ама немам време да барам :(
    од кога се почнува да се дава кравјо млеко на бебињата?
     
  18. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    jas im davam od 5 mesec i super si pijat i napreduvaat
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    да? кажи какво млеко им даваш и на почеток го раствораше со вода така?
     
  20. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    види во мк земај си битолско 3,2 на поцеток го давав пола пола ама само неколку дена после 70посто млеко 30 вода и сега само млеко,јас немав никакви проблеми супер си го пијат и напредуваат во секој слуцај мислам дека е мн поздраво него адаптираното млеко а роса исклуциво роса а претходно купуав хумана
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.