Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Senjorita,jas na pogilemiot mu davav so polni 6 meseci gravce prvo corbata so lebce bez zaprska,a veke se polni 7 I zrnca mu pasirav
    A zelka posle godina mu dadov od pricina sto ne ja sakame doma gotvena,a I on ne ja sakase
    Sega ima tri godinki si krka sveza
     
  2. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Драги мои мамички, еве вака , јас на син ми му водам евиденција секоја вечер од кога ќе заспие што јадел колку јадел, што пробал колку изел итн итн (може е лудо ама бар си имам чиста работа ) еве го списокот што се јадел и пиел во кратки црти од кога почнавме од 4 месеци полни :

    - Со полни 4 месеци до денес :)сок / комбинации на каша )
    1. јаболко
    2. морков (комбинација -јаболко морков)
    3. круша
    4. банана
    5. слива
    6. праска
    7. кајсија
    8. (ориз) готови каши на хумана, Хипп ; Нестле ( со ориз, пченка , гриз бурбон -ванила ,byby frst pap , со двопек, со банана, (а сега најново од 6 месеци, фрутолино, гризолино, кексолино,-до сега се ова проба ,)
    9. грозје
    10.диња
    11. вишна
    12. цреша
    13. палента
    14. домашно кисело млеко
    15. компир
    16. тиквица
    17. тиква
    18. карфиол
    19.пашканат
    20. грашок
    21. брокула
    22.блитва
    23. кромид
    24. боранија
    25. пилешко месо (стек варен)
    26. денес модар патлиџан

    Секако сето ова во мали количини и постепено , во комбнации со многу малку маслинов зејтин и сол (незначително) и нормално домашно спремени кашички.Е сега ако ептен сум во гужва и морам надвор земам овошни кашички бидејки зеленчуковите каши се уууууууууу ни за нас :puke:

    Планирам до крајов на летово да пробаме јогурт, полека да се навикнуваме и на домашно млеко(зборував со матичната на Андреј , вели дека може да се менува ад млекото со тетрапак Но најдборо со козјо за почеток бидејки јадел се (сега за сега ) -меѓутоа тоа останува дискутабилно прашање дома кај нас , па најверојатно ќе тераме до годината со ад -отом потом - а исто така планирам до 8 месеци да кркне макарончиња и шпагетки (купив безглутенски )

    Ете драги мои до сега сме вака фала Богу и само здравје нека тера вака .......

    пс. Ван темава ама морам да се пофалам овде - СПИЕ САМ ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕ НЕМА ВЕЌЕ ВО РАЦЕ Ч :rock: :rock: :rock: :rock:
     
    На danielka0507, macence4 и senjorita.lombardi им се допаѓа ова.
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    супер што му водиш некој список на бебушко што јаде, јас искрено не го правам тоа :?: ама машала како што гледам вака веке се сте пробале, само читам дека веке си му дала и од таа кашичката со двопек, таа содржи глутен така да немора да му даваш макарони кои не содржат глутен, можеш и посни тие без јајце, а јајце кога ке пробате??
    инаку ние пробавме диња, лубеница , малку сладолед, ама мн малку на прстето, не ме карајте, ехеххе ;)
    е сега утре ке пробаме плазма, нели веке имаме ние воведено глутен,мора нешто да му ставам во кашичките, јадиме по една голема одприлика, и по 2 саати пак е гладно, :?:
    а пробавме црвен патлижан во кашичка не сака, а така свеж цел го шмукна :)
     
  4. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Оф ние стагнираме со јадењево. Ништо не сакаат да јадат. Или на сила јадеме мала кашичка од 125гр по пола за двајцата....Проблемот кај нас е тоа што не можеме без МЛЕКО! И да јадеме кашичка одма за пола саат вриштиме корнеме по млеко ....Гладни нема шанси да останат зошто револуција е ако не пиеле млеко . Дајте некој совет како да ги поттикнам да јадат.
     
  5. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Љубичицаа од се помалку ако се дава да се проба (што викаш на прстето) не е страшно . Јајце ќе почекам бар уште два-три месеци (бидејки јас сум хронично алергична особа -се надевам дека синко не е на мене ) па не ми се ризикува. Фала богу до сега не покажа реакција на ниту една храна (ама ниту јас не сум алергична на храна-кај мене има респираторно-дерматолошки алергии(обично на полен, прав, мувла итн)

    ЗНам дека може обични да давам (ама веќе ги купив па нека си ги мцне ако ги јаде, па понатаму ќе давам и обични.

    И мојов Твиња пие млеко помеѓу оброци и тоа како (по 150 мл 4-5 оброци -е сега не секогаш ама обично толку +-)
    Ништо страшно ќе си почнат со се полека (само еден совет што ми го даде мајками и еве кај мене упали - за храната (другото немора толку ) само Упорност, Упорност , Упорност-Настојување да се јаде, и ќе се навикне секое дете на вкусовите со текот на време (и иии никако скокање оброк , ако треба покасно да јаде само да јаде, макар и две лажички ) Кај нас еве упали овој совет сега за сега и да ви кажам нема ништо со сила, не се тераме ниту го малтертирам ама знаеме богами за некоја храна и два саати да се раниме ама ете јаде :D

    поздравче -----конечно искачаме на викенд надвор од Скопје ------------------само уште синко да стане да се спремиме ............ :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Twinja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.987
    Допаѓања:
    108.482
    Пол:
    Женски

    Твиња да ти дадам еден совет :) ако не сакаат да јадат, ок е , немој на сила да ги тераш. Јас не можам да разберам како очекувате од 4-5 месечни бебиња да јадат јадења , па тие какви стомачиња имаат колку можат да соберат, па и млеко штом пијат, па секако тие се уште многу мали, млеко им треба а не нешто др. Немој да ми се налутиш, сакам да ти кажам да не се нервираш, ќе потпораснат па друго ќе биде :)
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Јас да ви кажам дека си јадеме и овошје и зеленчук супер, за сега, насабајле после првото млекце ни е овошната кашичка која ја правам од свежи овошја, што имам во фрижидер обично 4,5 овошја миксам и полна чинија ја јаде синчето ми, за ручек се трудам секој ден различно и да му воведувам по некоја нова ствар, ете до сега имаме јадено компир, морков, тиква, грашок, боранија, патлиџан, блитва, брокула, кромид. Од денес почнувам и со месо телешко па утре пилешко и така преку еден ден месце ќе му воведувам плус во ручекот.
    Инаку да си кажам дека вчера купив ориз мелен, ни заврши онаа кашичка со ориз и ванила и сега му земав само ориз и од ноќното млеко на Хипп ќе му ја мешам затоа што само млекото ноќно не ми го пие, а вака мешано го сака. И исто купив и една кашичка со пченица и читав дали содржи шеќер и глутен и не прочитав никаде и откако се вратив дома пак ја земав да читам и на едно скришно место кое нема шанси некој да види пишува дека содржи глутен ]:) И сега што да правам? Да чекам од наредниот месец кога ќе наполниме 7 месеци да му ја давам? Сега сеуште не сме вовеле глутен и мислам дека е рано уште во 6 месец за глутен м? :^) А исто така пак една друга кашичка која е од 6 месеци исто така прочитав дерка има и мед 1,1%, па нели не терба испод година да се дава мед?
     
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    калиас јас глутен му воведов, уште на 6м некаде , пред тоа му и имав дадено и лепче, а потоа и таа кашицката од хумана со двопек шо е, а денес му дадов и бисквита, т.е плазма, во неа има мед, ама сигурно е преработен којзнајт колку пати, а и сигурно нее исто тој со тоа ако му дадеш чист мед.
    да може некој ке рече дека е рано за овие работи, навистина се изначитав на инт многу за глутенот, како и искуства на мајки кои го вовеле ,а и последиците се јавуваат кај мн малку деца, а и во нашата фамилија генерации наназад нема никакви алергии
    е сега ме интересира за грашакот и боранијата конкретно, јас му направив грашак со јогурт ама ми дојде некако погруб од другите кашички и синко едвај го дојаде, само ми се грозеше :puke:
    вие како ги правите?
     
  9. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Не се лутам мила, ама во споредба со другиве деца ние сме катастрофа, основните вкусови ги немаме пробано а не пак месо или да замениме оброк(како што настојува педијатарот). Најмногу се нервирам што почнавме да стагнираме со килажата, а и се гледа дека се гладни и малку им е млекото.

    Еве денес јадевме кашичка од банана,јаболка, праска и ја изедоа пола и сега сакам да им дадам домашна кашичка од морковче, компирче, тиквица со малку маслиново да видиме дали ќе јадат.


    Мамички може некоја да пише како ви изгледа распоредот на оброци. Благодарам
     
  10. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Zensko izvinete na zlato.od mob pisuvam.prvo za grasakot I boranijata-jaa mesam so kompir morkov I mleko malku maslinovoi sol I coals sinko krka.
    Dneven red:
    Obicno see budi izmegju09-10 h
    Menuvame pelena,Obleka
    Pieme okolu 120-150ml ad
    Pomegju 10:30-11:30/12- dorucek 120-140 gr ovosje
    Setkame I spie do kaj 14h /14:30 pelena
    15/15:30 ad okolu 90-120
    16:30-17:00 100-120gr rucek zelencuk

    Spie izmegju 17:30-18h do. 19/19:30
    Pelena pa mleko 90-120
    Mlecna Kasa okolu 21/21:30
    22/22:30 banjanje
    23:00 120/150 ml ad I spie do sabajle

    Normalno ima otstapuvanje od ova no ova e generalno+ kakanje pelena menuvanje vodicka sokce izmegju ama vo sustina toa e
    .
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.735
    Допаѓања:
    38.471
    Пол:
    Женски
    И внука ми (од сестра) е таква. Една кашичка од 125мл. не ја јаде цела и после тоа одма плаче за млеко. Со син ми го немав тој проблем. Дури тие кашички му беа малку. Му давав од поголемите кашички.
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    синко станува некаде кај 6-7 во последно време но се тркаламе во кревет до кај 8ч и стануваме па некаде кај
    - 8:30 пиеме млеко ад 150-170мл
    - 11-11:30 овошје со ориз обично му го мешам, е сега јас секој ден му давам различно овошје, значи не му мешам повеке овошја, туку еден ден едно, др ден друго , количината обично е околу 200 гр, имам едно малечко тенџерче и по него се водам,еххе
    -околу 14ч пие млеко 150мл
    -17ч јади зеленчук исто околу 200 гр , сега некогаш повеке , некогаш помалку
    -20ч јади млечна кашичка од хумана
    - околу полнок пие во сон 250мл млеко
    сега измеѓу оброците пие сокче, водичка и знам некое овошје да му дадам да си пошмука ;)
    -
     
    На Twinja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Не знам зашто ќерка ми не шмука никакво овошје пробав со праска со кајсија нејќе едноставно не ја ни отвора устата и сеуште заспива многу рано кај 8:30 - 9 : 00 навечер спиеме .

    Инаку редот ние ова во 05 -06 сабајле пиеме Ад 180 мл
    потоа стануваме кај 7 и менуваме пелена
    доручкуваме кај 8 и30 или 9 тоае обично грисолино фрутолино исл
    потоа кај 12 млеко 150 мл ад
    кај 14 -15 часот ручек зеленчук варен во комбинација со месо телешко или жолчка некогаш со некогаш без кисело млеко
    потоа во 18 00 е вечера повторно млечна каша грисолино или нешто од лино или бисквити или овесно снегулки во комбинација со овошје измешано
    и во 20 и 30 млеко 210 мл
    ама ми станува во 2 и потоа во 5 за млеко во 2 пиеме чај а некогаш стануваи на секој саат онака безпричина
    Меѓу оброците пие чај и вода најчесто евентуално малку сок ама пие многу течности без малку скоро литро излегува претпоставувам од топлово мада мислам дека е мала за толку многу
    пот
     
    На Twinja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Малава некако ја забележувам дека зеленчуковите кашички ги сака повеќе и од овошните и од млечните, па најчесто и најобилно и давам од нив. Еве нас каков ни е редот одприлика:

    08 - 08:30 млекце 150 мл
    после спие од 09 до 12
    12 - 12:30 млекце 120 мл
    пак спиење до 15
    15-15:30 овошна кашичка околу 180 гр
    17:30 - 18 зеленчукова кашичка околу 200 гр.
    (до сега имаме пробано: ориз, морков, компир, грашок, боранија, тиквичка, кромид и лук) Во било која комбинација ставам еден кромид и две чешниња лук, без нив не јадеме :lol: и две лажички кисело млекце.
    20 - млеко 100 мл
    22 - 22:30 млечка каша од Хип,Хумана или последно Фрутолино од пред некој ден
    00 - 00:30 млеко 200 мл

    Измеѓу се пие вода по цели денови, сокче и чајче, и тоа по 1 литар само од овие течности...А кај ни е млекото, јадењето...незнам кај ги става. Затоа па се кака и по трипати на ден :lol:
     
    На Twinja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    кај нас пак е обратна ситуацијата, ете на пример банана, диња, домат во кашичка не ги ајде а да му дадеш да ги шмука одма ги ја отвара устата ;) а силк и ние по неколку пати се какаме, дури јаде мора истовремено и да се покака, си прави место во мешето :lol:
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    кога сте го напишале сите редот во еден ден еве да кажам и јас за синко мој :)
    Се буди околу 10-11 и јадиме одма овошен јогурт од хумана,
    околу 13 има прва овошна каша,
    па преспиваме и спие околу 1-2 часа се буди следува цицање
    околу 17 е втората зеленчукова( 2 пати неделно е со месо, 2 пати со жолчка)
    и се шетаме од 19 до 21:30 па дома бањање, и цицање и околу 23 часот заспива и преку ноќ се буди на секои 2 часа и цица
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    а вие сте почнале и со жолчка, браво, ние по изгледа ке почниме недела две со жолчка, а утре планирам да му дадам прв пат телешко месо, до сега само пилешко има јадено и го бендиса, еххехе

    јас не му имам дадено уште овошно јогуртче, се мислев дали може обични, тие шо се продаваат во маркетите??? а немав забележано од хумана дека има :(
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Женски да ве прашам, колку гр.овошна кашичка им давате вие на вашите најмили? Јас му давам на син ми околу 200 мл изблендирано свежо овошје и не знам дали е малку или многу, по се изгледа второво :tmi: ...оти многу пати не ми го јаде целото повеќе од половина кашичка си изеде и понекогаш не сака повеќе, а почесто си ја јаде цела кашичка и сега не знам дали толку треба или јас многу му правам па настојувам цела да ја изеде..? :?:
     
  19. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Мајчички прво сакам да и се обратам на Силк , мислам дека нема да ме свати погрешно,-сонце мислам дека многу касно и даваш овошна кашичка (односно мислам дека многу касно почнуваш со јадење) би требало некаде од станување (прво пиење на млеко) до доручекот да поминат 1-2 часа , па да се доручкува- бар мене така ме советуваше матичната докторка. Сепак 6 месечни бебиња до година обавезно треба да имаат бар 4-5 млечни оброци на ден (млеко ) и три не млечни и постепено да се намалува со млекото до 1 година -значи во овој период до кај 08/10 месеци (ова се совети од матичната на Андреј - не ме разбирајте погрешно)- да има ваков ред исхрана

    -прво будење -млеко
    1-2 часа - доручек (овошје )
    Измеѓу ако има желба вода сок
    спиење од 1-3 часа (зависи од детето)
    второ будење -млеко
    исто така од 1-2 часа ручек (зеленчук (месо) )
    повторно вода сок по желба
    спиење истотака 1-3 час а
    трето будење млеко
    1-2(па и 3 часа зависи од детето) часа вечера -млечна каша (гриз,-нешто сл)

    околу 21:30(22:00) -бањање (обавезно до 1 година секоја вечер )
    22:00- 22:30 млеко и спиење

    (Според мојата матична докторка -гаранција за успех и среќно задоволно дете )

    Нас еве тоа ни успеа Фала богу-син ми спие цела ноќ и го има овој режим на секојдневие
    Не сме отстапиле ни милиметар од овој совет на докторката,а за количината на исхраната е тоа е веќе дискутабилно и зависи од дете до дете ( син ми обично во просек пие 120-150 ммл млеко , а јаде од 80/90/100-120 гр каши .

    Не ме разбирајте погрешно не сакам на никого да солам памет ама ова е најдобронамерно пренесување на совет од една искусна прекрасна докторка од која научив до сега многу и се што применив еве фала Богу се вроди со плод.

    Поздрав и извинете ако некој се налути. (Силк извини не мислам ништо лошо со тоа што те именував )

    :inlove: :*
     
  20. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Бидејќи јас прашав, па ред е и да пишам за нас

    6-7:30 се будиме

    8 30/9 пиеме 120 мл млеко и заспиваме(спиеме малку најмногу по еден саат)

    10 30/11ч кашичка 60 гр на сила(некогаш ни толку)

    12 30/13ч пак спиеме еден саат и пиеме 120мл(некогаш помалку, некогаш повеќе) млеко

    14/ 15ч ручаме зеленчукова каша одвај по 30 гр

    16/ 16 30 пак дремуцкаме или саат или пола саат и пиеме млекце пред спиење 120 или 80(зависи кога како)

    18ч /18 30 пиеме млекце или јадеме млечна каша на ХИП и после се шетаме, бањаме и успиваме со 200 мл млекце....

    Успутно пиеме сокче одвај 30 гр(кое е 10гр сок 20 вода :lol: ) и навечер на секој саат пиеме по 20/30 гр млекце или сок :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.