Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ane10

    Ane10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    143
    Aha epa super znaci mozam i jas d pocnam so malce a koe e najdobro kiselo mleko za da mu go davam??Nemase nikakva reakcija od kiseloto mleko?Inace imas since ili kerka?I kolkava e :)
     
  2. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    И јас му давам кисело млекце и јогурт на синчето и многу го сака, ептен си го јаде и едното и другото, дали ќе е во каша дали така само си го ручка и баш така, се освежува, на мајка му се метнал по јогуртот ќе е :D
    Инаку јас почнав да му давам една недела пред да наполниме 6 месеци и до сега фала богу си е се во ред. И не само од млекцето туку и од јадењата досега што ги има пробано се е во ред, нема никаква реакција.
    Е сега не знам за глутенот што да правам, купив една кашичка со житарици,пченица,ориз и не видов дека има и глутен |( дури дома прочитав дека има и не знам дали да почнам да му давам или да почекам до 7 месец барем, оно во кашичките којзнае и колку пати е обработувано де, ама пак ми е на мисла, не знам дали да почнам... :worried:
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    јас му давам каков ке имам јогурт дома, ама најчесто е од битолската млекара или идеал шипка ;) се мислам да му дадам така утре само кисело млеко малку да си сркне, ехехх
    инаку калиас ние веке јадиме се шо содржи глутен, имам порано пишано , и кашички,и бисквити почнавме му ставам во секоја овошна кашичка а тој е срекен и си лапка :D
    нас наредно ние да пробаме телешко месо, ама како секоја нова кашичка по ја пробуваме прв пат така и овај пат тоа прво ке биде готова од хип, а после ке правиме дома ;)
     
  4. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Ане јас имам ќеркичка, денес полни 6 месеци. Не барам некое посебно млеко или јогурт, ама некако све накај Битолско ме тера :) Почни си таман сега е лето, убаво свежо ќе му дојде.

    Калиас ова со млеково од тебе го украдов :$ и фала ти, пишав и на некоја друга тема, мислам те оговарав де :lol: За кашичката со глутен не и се секирај, давај ја.Ем препорачуваат од 6 месеци, ем сега све некако нови работи се во мода.Моево веќе си јаде Фрутолино а и бисквитки крка, исто како на тетка Љубичица. Ние исто тераме а...? :lol:
     
  5. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Леле ма Silk зарем стварно ме оговараше??? :o Ааааа не го очекував ова од тебе :lol: се шалам мила.

    Слободно давајте мајки и кисело млеко и јогурт, а посебно јогуртот е многу хранлив за нас, а не пак за малите бебенца :)
    А мене пак ме интересира, зошто глутен не се дава до 6 месеци? Што има толку многу во него за да не смее да се дава стварно ме интересира? Јас сум слушнала не смее ова да се дава не смее она и гледам да се придржувам за тоа ама пак и не ми се јасни многу работи и си велам , а зошто де ?
    Еве за кравјото млеко препорачуваат педијатри од 6 месеци да се почне нормално да се дава кравјо млеко, јас по интернетов се и сешто прочитав дека е рано за кравјо дури после 1 година да се дава и се двоумам, јас продолжив со Хипп 2 засега, кравјо тетарпак сеуште не сум дала, ама здравје планирам од 7 месец еднаш да му дадам, овде во Гр.има на Нестле млека, на НОУ-НОУ, на НУТРИЦИА и пишува на нив после 6 месеци се даваат и дека 17 пати е побогато со витамини отколку било кое друго млеко, еве сега баш имаше и реклама на Тв па ме заинтересира да пробам еднаш и од тоа да му дадам да видиме како ќе му се допадне или не, инаку Хипп 2 морам да кажам дека повеќе го сака од Хипп 1, а и поубаво е навистина, јас кога го пробувам ми мириса поубаво ан ванила повеќе отколку она првото па и затоа го сака ова зверчето мое :)
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Денес прв пат ќе и дадам мевце, којзнае како ќе поминеме
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Јас почнав пред некој ден со пилешко и телешко, по еднаш му дадов и добро го прифати, си го изручка заедно со друга комбинација од зеленчук.
    Инаку мене педијатарот ми рече еден ден пилешко еден ден телешко да му давам, по мааалку значи како големина од ноктот малку повеќе, ете толку му ставам за почеток, чисто да замириса на мевце и многу е убаво ми иде мене да го изедам, а не пак син ми :lol: и по неколку капки маслинов зејтин му ставам откако ќе го изблендирам и го ставам во тањирчето негово ќе додадам малку маслинов зејтин и неколку капки лимон и се добива екстра ручек 8)
     
  8. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    805
    Мамички вие што ги цицкате бебињата, кога им воведовте и друго млекце, дека гледам еден куп житарки што се прават со вода, ама во нив пишува дека има млеко, а моето до сега е само на мајчино, и житарките на Nestle со мое му ги правам :D
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.050
    Допаѓања:
    108.778
    Пол:
    Женски

    Јас на ќерка ми прв пат и дадов крема со житарки кога имаше 5,5 месеци а и јас ја доев мојата (до 11 месеци) па немаше никаков проблем и си цицаше од мене и јадеше таква крема и тоа млеко е многу мала количина во кремата инаку ако сакаш секако додај и и твое таму каде што нема млеко во кремите нели како што викаш некои со вода се прават, и јас така и правев :) а за млекото ако си имаш свое млекце нема потреба да и воведуваш друго нека си цица од тебе
     
    На Mravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    браво за вас, мојот син не јаде житарки не сака да ги смисле, и јас пребендисувам многу што да јадам како малку ако не мириса убаво не го ставам во уста ама моево дете е бетер од мене, ограничен е скроз, од овошни каши строго хип а зелечукови строго од мене правени стандарт варен зеленчук блендирано со малку солца и или млеко или јогурт зависи од типот на зеленчукот, и кашите со месо ги сака посебно со телешко, а житарици, сокчиња, млекциња, нема шанси, едвај го научив вода да пие и тоа последната недела пие од чаша, многу ги прази шишињата и цицлите, компилициран е најмногу што може да постои во светот.
     
  11. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    805
    Не друго нема да му давам да си пие, туку ми беше дека во некои работи што сакам да ги купам дека има млеко, баш тие житарките на хипп што ги гледав со слива беа, житарки и млеко...
     
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.378
    Допаѓања:
    261.979
    Пол:
    Женски
    ^Не е комплициран малечок е :)

    Јас колку пати овде пишував и се жалев дека ќерка ми не јаде ама баш ништо. Наполни година останавме на доење, јадеше чат пат по некоја бисквита, банана, ама оброк како оброк јок. Денес има 21 месец и од пред 2 месеци почна сама да бара и да јаде баш се. Грав-нема проблем, зелка, ориз буквално се. Уште не сака месо, ама со оглед на квалитетот на месото кај нас не се ни трудам да јаде.

    Вода исто така не сакаше да пие, а сокови никогаш не сум и ни нудела освен домашно цедени кои не многу ги сакаше. Сега го зема шишенцето од Горска вода она како со цуцла што е и го пие пола наеднаш. Цуцли, чашки со клунче со цевка никогаш не успеав да и подметнам.

    Сењорита ова го пишав за да не се нервираш и да мислиш дека детето ти е копмлицирано или пак дека нема да се промени. Си знаат они најдобро, уживајте.
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    хехех така е ;) има некои групи на фб каде дебатираат мајките, и таму не се осудувам да пишам заради тоа што да можам ке ме каменуваат дека на бебушко се ова му давам, па за воведувањето на глутенот, или да прашам кога да му дадам смоки, или животинско царство, одма ке ми скокнат мајките" здраво шо ги хранат децата" :D
    затоа тука ке си комуницраме ние мајките , шо сакаме да му дадеме бебушките да пробаат се, нормално се во свое време ;)
    тука дај кажете ми утре на синко ке му дадам прв пат црн патлижан, како да го направам? се мислам да го сварам, да му додавам малку оривче и кисело млекце, бива??? :?:
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kammam

    kammam Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    21
    божица, те читам и се пронаоѓам во твојов пост. јас сум исто насекирана затоа што еве веќе цел месец како пробувам на синко мој да му давам кашички, вода, но едвај по две три лажички успевам да му дадам со лажење, а потоа затвара уста и никако не сака да ја отвори. ни ние не фативме ниту цуцла, ниту шише, ни вода не можам да му дадам, јас стави со лажичка тој ќе ја плукне. а кога читам колку јадат некои бебиња, си мислам моево дека е гладно. ама вака весело си е детето. значи да не го форсирам, сигурно само ќе си покаже кога е време.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    пробај со чаша, син ми ништо не фана ама вода пие од чаша :D мораш да го лажиш некако да јаде голем е веке на 6 месеци треба да има оброци што не се млеко.
     
  16. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Јас го сварив во комбинација со тиквица кромид компир и морковче, малку маслинов и сол, мммммммммм Алачки :D
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    направиме некоја комбинација , добро помина како за прв пат, еххе
    е сега синко мој неколку дена има друга шема, значи ми се буди покасно и пиеме млеко, па наредно ние овошје и сега кога ни бепе наредниот оброк т.е млеко спие, па се буди за оној оброк кога ни беше претходно зеленчук, ме интересира дали е подбро тогаш да му дадам млеко или кашичка, совет?? :?:
     
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас се ориентирам според тоа колку е сатот.
    пие млеко кај 7-8. (зависи кога станал)
    поручекот му е стално пред 10ч.
    ручекот му е стално кај 14 тина ч.
    а вечерата му е кај 18ч.

    можиш и ти така. и да му дајш кажичка овошна или зеленчукова можиш по 1.5-2 сати да му дајш млеко (како ужина).
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    И јас според саатот се водев, и уште се водам. Правило ми е, откако почнавме со пет оброци, појадокот да биде во периодот од 7-9 најдоцна, околу 10-11 ужинката, па спиење, па околу 14 ручекот, па ужинката околу 16.30-17 и вечерата околу 19.30 -20 најкасно. А меѓу оброците кога и да посакаше си цицаше, а друго млеко не внесуваше. Јас би советувала да му дадеш зеленчук, а млекото после тоа. Детето ќе менува и треба да го прилагодуваш јадењето спрема неговите потреби. Ако ти мислиш дека е подобро млеко да му дадеш, дај. Ама ќе ти се помести терминот за ручекот (зеленчуковата каша му доаѓа како ручек).
     
  20. Ane10

    Ane10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    143
    Силк и Калиас и јас ќе му давам битолско кисело млеко,затоа што пие и битолско млеко :) ,т.е веќе му дадов и си го изручка фала богу немаше некоја реакција на алергија,баш ми е мило затоа што јас сум млекар посебно многу сакам јогурт кисело млеко и млеко :) ..Јас од 6 месеци ќе почнам со глутенска храна не верувам дека како што кажуваат некои мајки дека може болест да фатат и да умрат од пченица мислам глупости...Од житарици да се умрело јас не се ни замарам со такви жени ама воопшто,и освен некои совети од искусни жени од никој друг не слушам ништо,ниту пак доктори си терам по мојот мајчински инстикт и фала богу до сега не сум згрешила за ништо што сум му дала... :) А и јас едвај чекам да му дадам житарици,бисквити месце :D
     
    На kallias и silk им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.