Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Да и боранија му правев се гадеше...
    Значи лебче може....супер
    А за спанаќ прашав на педиатар минатата недела ми рече од 8 месеци ,како и грав и грашок
    А овие портокал, мандарина,ананас спаѓале во цитрусни да се давале по 9 месец...свашта
     
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    спанаќот после 8???јас меѓу првите му го давав!!!
    за цитрусните велеа после годината, шо му текна шо намалија.
    јас лани му давав од нив оти беше зима и немаше шо друго да му давам, па не ми јави на ништо реакција!
    oсвен капинка, малинка, јаготка и кива се шо има друго на нашиот пазар се му дадов пред година.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Охо машала симонке вие сте кркале :lol: јас дури денес почнав со месо :$ , а вчера му дадов и јајце ке му давам две недели по 1/8 секој втор ден, да не му воведов наеднаш две работи незнам шо напрајв од јајцето немаше ништо па сега ке видиме :?:. А лепче и јас прашав ми рекоја сите тука рано било, а јас му дадов корка да си лижи ко ке јадиме ние со мм, значи обожава :) А грашак по списокаон на анатх грашок од 7 месеци можи и јас му дадов, а боранија од 8.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Нека крка ,нека расте :)
     
    На anule88 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    мајки со што комбинирате домат,јас и дадов со компир и морков,се изблендирано и ич не го сакаше,се мислев да не треба да ставам малку сол,ама до година не сакам сол и шеќер да и давам,како го јадат вашите бебушки?
     
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    А за плазма бисквити може ли да му давам на син ми кој има 9 месеци? Да не има шеќер во нив?
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.050
    Допаѓања:
    108.778
    Пол:
    Женски

    Многу рано си дала домат, се дава по 10 ти бидејки е голем алерген, треба да го свариш и да ги извадиш семките. Подобро почекај уште некој месец може потоа ќе го јаде :)
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.343
    Има и шеќер и мед во нив, прочитај на кутијата
     
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Јас давам бисквити од petit beurre од 5 месеци
    И домат од 6 месеци
    Варам мевце(телешко,јунешко или пилешко)го вадам од водата , го сецкам
    Меѓу време малку го потпржувам компирот,морковот,го додавам доматот,мешам една минута,го додавам месото, посолувам и ја додавам водата од месото
    Па се вари и се крка
    И јас пробав му давав без сол ,ама не јаде
     
  10. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    јас прочитав дека од 8 месец може да се дава домат,затоа и дадов,значи прво треба да се свари и без семки,јас и дадов несварен само изблендиран и не го сакаше,не јадеше,ако не ке почекам уште малку
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.050
    Допаѓања:
    108.778
    Пол:
    Женски

    Јас ти кажав како мене педијатарот ми кажа , така и на ќерка ми давав :) инаку,да,почекај може и вкусот и е чуден сега , може ќе пројаде покасно :)
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    ние од 5,5 месеци почнавме со кашички завршивме пробно со јаболче, сега сме на јаболче и морковче, следно планирам слива, тиква, банана... дај те ми совет што понатаму ? и дали е ова во ред?
     
  13. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    во ред е за возраста ,можеш и круша сега им е сезона , со тиква јас уште не сум почнала ,инаку ке комбинираш од овие сите што ги наброја .


    ние денес прв пат пробавме брокула и ни се допадна што е најважно :) во комбинација со морков и компир , повеке ги обожава зеленчуковите кашички ,изгледа и се досади овошјето , за месо ке почекам уште малку .
     
  14. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    дали некоја мајка давала од хумана каша со гриз и бурбон ванила,пишува дека е без глутен ама на сликата има пченица,а нели пченицата содржи глутен,и кога ја давате сабајле за доручек или за вечера?
     
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    имам давано со овошје, ако пиши дека нема глутен, значи нема.
    не ми се верва да лажат! :^) :^)
     
  16. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Me interesira od koga mozam da vovedam kiselo mleko na pr so spanak da proba ( dali mozam na 5 ipol meseci da i dadam spanak da proba i brokula )??? I od koj mesec smeam da dadam bebeski keksi koi sodrzat gluten ???
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски

    За спанаќ и брокула мислам ви е рано, со 6 полни може, или повеќе, исто и за кисело млеко. А за глутенски производи, златна средина е некаде 6 месеци, плус минус, кој како сака.
     
    На sabatini му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    Мајки, јас до сега имам дадено од овошје се скоро , а денес му дадов да проба праска со орис на фрутек и многу ја сакаше :lol: од сливата се мршти и од јаболкото, друго се си сакаше , е сега се консултирав со педијатар во врска со оброците, дали можам да му давам и овошни и зеленчукови каши во еден ден, она ми рече дека нема потреба од брзање штом супер си напредува, значи да си продолжам да заменувам еден оброк дневно, ама синко мој пак почна да ми цица на 2 саати , значи брзо ми огладнува и затоа незнам дали да продолжам со ова темпо или да воведам уште нешто од една страна несакам да брзам од друга страна па пак почна како на почетокот на 2 саати :^) И уште едно прашање имам, колку количински да му давам кашички? На пример тие што ги сака вкусови ги јади и до половина тегличка од еднаш, дали треба една таква кашичка на три пати или нема врска тоа зависи од детето? Фала ви однапред
     
  19. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    Ана, некаде низ темиве прочитав дека бебушот твој одлично си напредува и тоа на ексклузивно доење!!! Па со оглед на тоа немаш ама баш никаква потреба од воведување на исхрана пред 6 месеци ;) Не знам сошто педијатарот не те посоветувал да си причекаш уште некој месец? Според СЗО до 6месеци не треба да се дава никаква дохрана, поготово ако бебето си напредува одлично само од мајчиното млекце ;) Сепак е твој изборот, но јас би си продолжила само со доење- ем најубаво за бебе, ем нема да се загрози количински твоето млекце.
    Ако сум грешка во поглед на возраста и напредувањето на бебушот- игнорирај го постов. Позз :)
     
  20. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    Срц во право си запамтила, супер си напредува, некаде пред 2 недели т.е на 5 месеци беше 7.500 тежина и тоа само на млекце, педијаторката ме посоветува да почнам да му воведувам вкусови за после 6тиот месец полесно да ги прифаќа и да почнам да му мешам, засега како што кажав еднаш во денот му давам па незнаев дали да му зголемам количина, со оглед на тоа дека го дојам на 2 саати..инаку и јас сум за тоа до 6 месеци само на мајчино млеко
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.