1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана според хороскопскиот знак

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од gami, 26 декември 2010.

  1. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Прочитајте како се хранат хороскопските знаци. Дали се совпаѓа напишаното со вашиот начин на исхрана?

    Овен

    Овните се познати по нивната љубов кон црвеното месо и генерално јадат премногу зачинета храна. Најомилено им е се што јадат во големи количини да го посипат со некој зачинет сос, и не го намалуваат, дури и кога знаат дека тоа ќе им штети.

    Бик

    Најголемиот зодијачки гурман вистински ужива во секој залак. Важно им е храната да е вкусна и добро приготвена, а бидејќи се естети, посебно внимание посветуваат и на декорацијата. Не внимаваат претерано на здравата исхрана, а на нивното мени преовладуваат тестенините, белиот леб и различни колачи.

    Близнаци

    Не важат за претерано страсни личности, а таков е и нивниот однос спрема храната. Таа им претставува само нешто со што можат да преживеат и во неа не пронаоѓаат никакво задоволство. Токму со овој став можат да се пофалат со витка линија и помлад изглед на кој многумина им завидуваат

    Рак

    Ова се многу емотивни луѓе на кои уживањето во храната им е само еден начин да се справат со бурните чувства. Поголемиот дел од Раковите тагата ја надминуваат со храна, но бидејќи многу лесно се здебелуваат, треба помалку да јадат леб и благо, а повеќе зеленчук и овошје. Со голема љубов собираат стари семејни рецепти и внимателно ги запишуваат.

    Лав

    Поради тоа што кон се се однесуваат снобовски, сличен пристап имаат и кон храната. Кога би можеле секој ден би уживале во кавијар, шампањ... но во поголем број случаи мораат да се задоволат со фина риба и малку поскапи вина. Со големо задоволство јадат канапе, брускети и слична храни со отмено име, а жедта за слатки ја задоволуваат со овошни колачи.

    Девица

    Опседнатоста со здравјето се рефлектира и во нивниот однос кон храната, па така секоја вистинска Девица знае кој производ колку витамини, минерали и калории содржи. Правилната исхрана им е исклучително важна, бидејќи со внесувањето на здрава храна го зачувуваат своето здравје.

    Вага

    Најголемиот сладокусец во зодијакот, се развеселува при самата помисла на некои вкусни колачи. Најмногу уживаат во чоколадо, кремасти колачи и торти, а секогаш ги избегнуваат овошјето и зеленчукот. Ваквиот начин на исхрана е главната причина што поголемиот број Ваги водат битка со вишокот килограми. Вагите уживаат и во фина храна, како риба, месо и разни салати, а најважно им е покрај добриот вкус и убав изглед на храната.

    Шкорпија

    Шкорпиите сакаат комплицирани и необични јадења со интензивни вкусови и мириси, а не се плашат и да употребуваат нови и необични зачини. Сакаат месо, тестенини и компир, а поради тоа што и во исхраната се неумерени, многу често имаат проблеми со килограмите и желудникот.

    Стрелец

    Хедонисти по природа, Стрелците сакаат вкусна храна и секогаш се подготвени за нови рецепти. Сакаат авантура и нови знаења, па затоа ги воодушевува необичната храна на другите национални кујни. Со големо задоволство ја почитуваат мексиканската или кинеската кујна, а проучуваат и поегзотични рецепти.

    Јарец

    За овој знак карактеристична е љубовта кон традиционалното, па така Јарецот ужива во стари и испробани јадења кои со генерации се подготвуваат во нивниот дом. Важни им се квалитетот и умереноста, затоа најчесто консумираат здрава храна.

    Водолија

    Како и во животот, Водолиите и во кујната сакаат да пробуваат нови работи. Тие секогаш се отворени за нови рецепти, па дури и оние кои содржат состојки од кои на другите им се крева желудникот. Дури и ако јадењето не им се допаѓа, уживаат во фактот дека пробале нешто ново.

    Риба

    Рибите уживаат во морската храна и со посебно задоволство уживаат во лигњи и рижото од сипа. Тие се многу флексибилни во однос на храната, но често имаат проблеми со надуеност и задржување на водата. Склони се со храната да ја лечат депресијата, па затоа лесно се здебелуваат.
     
    На hermosa, alexa_dimoska, mjay.yyy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    за мене е погодено не седнувам на маса без кечап, оцет и маслиново масло, од зачини оригано, босилек како и без сирење.
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  3. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    54
    Па не баш дека конзумирам здрава храна, меѓутоа точно е дека сакам традиционални, испробани јадења.
    Манџа FTW! :D
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Шкорпија сум во хороскоп ама не сакам комплицирани и необични јадења а уште помалку не сакам да употребувам нови и необични зачини со оглед на тоа дека сум многу прибирлива за јадење а и многу јадења не ги јадам, ама погодено ми е дека сакам месо, тестенини а особено компир!
     
    На Special.Someone и gami им се допаѓа ова.
  5. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Сакам да експериментирам со храната :^) а за тоа дека ја почитувам кинеската кујна па и не е баш точно :|
     
    На femina11 и gami им се допаѓа ова.
  6. MileyCyrus1Fan

    MileyCyrus1Fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    130
    Точно е тоа што го пишува. :) Точно е дека не сакам да ексериментирам со јадењата и дека сакам стари,традиционални и испробани јадења ;)
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Па, и за мене до некаде е точно, јадам да преживеам :lol:, витка слабичка линија, помлад изглед :)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Бикот е голем гурман, но и голем естет и сака да си го одржува и физичкиот изглед. Затоа од време на време се протура од јадење, а потоа некој период ништо не јаде. Јас барем :rofl:
     
    На plawa и gami им се допаѓа ова.
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Близнаци

    Не важат за претерано страсни личности, а таков е и нивниот однос спрема храната. Таа им претставува само нешто со што можат да преживеат и во неа не пронаоѓаат никакво задоволство. Токму со овој став можат да се пофалат со витка линија и помлад изглед на кој многумина им завидуваат

    Taчно је :bow:
    Можам јас и без храна да преживеам :wasntme: Ама да си помине редот, и да нема викање по дома, ќе каснеш нешто :D
     
  10. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Рак

    Ова се многу емотивни луѓе на кои уживањето во храната им е само еден начин да се справат со бурните чувства. Поголемиот дел од Раковите тагата ја надминуваат со храна, но бидејќи многу лесно се здебелуваат, треба помалку да јадат леб и благо, а повеќе зеленчук и овошје. Со голема љубов собираат стари семејни рецепти и внимателно ги запишуваат.

    Јас сум рак во хороскоп,и донекаде е вистинито ова :) иако не е точно дека се здебелуваме лесно :lol:
    Гурман сум, јадам се што сакам и пак сум 53кг и 400гр, :rofl: :rofl:
     
  11. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    рак- точно е :lol: само што не собирам рецепти ....засега
     
  12. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Бик - точно - точно - точно :nod:
     
  13. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Јарец точно е дека не сакам неиспробано, а дека сакам повеќе од растително потекло храна :)
     
  14. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Вага- точно, обожавам благо :lol:
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Девица

    Опседнатоста со здравјето се рефлектира и во нивниот однос кон храната, па така секоја вистинска Девица знае кој производ колку витамини, минерали и калории содржи. Правилната исхрана им е исклучително важна, бидејќи со внесувањето на здрава храна го зачувуваат своето здравје.
    ова со калориите ме изнасмеа нема врска :rofl:
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Точно е за мене, ама кога прочитав и за другите хороскопски знаци, видов дека сите ми одговараат не само мојот. :tmi:
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Ауу, ич не е точно за рипчињата. Никако, никако. :x :lol: Мразам морска храна, морски плодови, како и да е. Не страдам од надуеност и баш не користам храна за лекување на депресија :lol: океј сега, си има екстремни случаеви во кои исклучиво, ама исклучиво си употребувам чоколадо. :lol: Ама и тоа, колку и да го јадам, а го јадам on a daily basis, никако бре не ме дебелее. Пак си останувам јас сучка жива. :D
     
    На nicol му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    За јарците е точно, според мене. Јас сум јарец и сакам да јадам храна која е испробана, но сакам и да експериментирам и да пробам нешто ново, па макар и невообичаено. Инаку сакам храната да е квалитетна, здрава и добро приготвена. Количински јадам малку ( зашто инаку ќе се сторам како каца), пробувам од се и гледам да се хранам здраво.
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Сакам да експериментирам, ама не во кујна туку на маса така да ми се случило да јадам и крем и јогурт одеднаш :D
    Сакам месо ама само строго пилешко, за тестенините и компирите точно е погодено.
    Секакви видови на тестенини и компир на секаков начин подготвен сакам.
    П.С проблеми со желудникот имам кога ќе се прејадам само (иако многу ретко се случува тоа) инаку јас можам да се прејдам/препијам и со една чаша газиран сок. :$
    А проблеми со килограмите има секој хороскопски знак доколку не внимава на исхраната.
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Мразам морска храна,мразам морски плодови,мразам риба!Бљак!Едино ако МОРАМ и немам избор,со сила,колку да не умрам за јадење.И не јадам кога сум во депресивни периоди,туку тогаш во чвор ми е желудникот,трошка не ми се става во уста.
    Ги прочитав сите знаци,си викам да не ми се погоди во некоја куќа од тоа наталната карта,ама не,нема такво нешто! :D