За колачињата би се сложила до некаде, но не ми се задолжителни. Тестенини не јадам, не сум ни јадела некогаш, освен тортелини кои ги приготвувам ако сум ептен гладна а немам ништо друго дома. Бел леб не јадам исто така, многу многу ретко.
Рак Ова се многу емотивни луѓе на кои уживањето во храната им е само еден начин да се справат со бурните чувства. Поголемиот дел од Раковите тагата ја надминуваат со храна, но бидејќи многу лесно се здебелуваат, треба помалку да јадат леб и благо, а повеќе зеленчук и овошје. Со голема љубов собираат стари семејни рецепти и внимателно ги запишуваат. ова е точно
многу сакам зачинета храна, не сум љубител на место (исклучок риба) и секогаш претерувам кога ставам зачини во храната
Лав сум и јадам во дослух со потребата на еден лав Мераклија за добро подготвено месо, деликатеси, канапеа, мини залчиња, добро вино, гурманлукот мислам дека ми излегува низ ушите. Особено кога одам некаде кај што има повеќе видови храна, од се’ потчепнувам, вкусувам, спојувам, комбинирам. На роденденот на фирмата ми, се изнамцкав лепчиња со тврдо сирење и смокви, макарони со вргањ и лут сос... Вкусови што ти го играат непцето бреј. И да, си бев дебела ем среќна еден период кога уживав во фаст фудови и палачинки. Сакам нездрава храна, го сакам чувството на мрсен комбиниран од Седмица, на пилешко со кари и компир од Шеф, благодетот од изеден Сникерс во 5 сабајле... За мене јадењето, храната, е ритуал, дар. И така и се однесувам со неа, како да ми ја крепи душата.
Точно од збор до збор Сега го прочитав и ова, и морам да се повторам дека е точно во целост и останав ваква
Пааа.. како за јарец... до некаде би јас традиционална да, би јас пити и слични тесто чудесии од храна, но многу традиција во храна па и не сосема. За ново?!? Охо, не само што сакам да пробам се што некој фино се помачил да ми го киднапира окото во чинија па да не се одлепам од тој агол на масата, но и самата сакам да експериментирам. Од коа извишив доволно да го гледам дното на тенџерето дур е на оган само и тоа правам. Среќа дома ми си имам глувчиња за проба, па фино мене ми некако што знам. Зачини лов дем а лот. Мехикана, еспањола, чајна кичен би ја би се ... само нека не е нешто што во каква и да е вода плива. Но грациас де нада. А, да здрава по отколку нездрава. Имам само определени денови кои се реткост кога пржам компири и лапам дур се пржат да. Хамбургер два пати во година дали јадам... е сега пица и се тоа тестесто веќе кажав нека не ми замириса од рерна... топам со поглед.
Точно е се. Вегетаријанка сум и цела исхрана ми е од месени работи и тестенини. Леб јадам многу (ко ќе е топол и така го јадам без ништо ) И денот неможи да помини без да каснам нешто благо.
за рак не ми погодија мене. јас сум рак во хороскоп и не е точно дека раковите лесно се здебелуваат. обожавам да јадам калорична зачинета храна и чоколатца и торти од најкалоричните, а ништо од тоа не се одразува лошо на моето тело
вистина е, многу сакам да експериментирам, и пак сум многу слаба -.- И немам проблем со желудникот, никаков проблем немам
Мене ми е скоро се погодено, многу сакам зачинета храна со силен, впечатлив вкус. Сакам месо и италијанска кујна (тестенини). Инаку умерена сум во исхраната, знам кога треба да престанам и знам што не треба да јадам, ете само тоа не е баш погодено.
Девица Опседнатоста со здравјето се рефлектира и во нивниот однос кон храната, па така секоја вистинска Девица знае кој производ колку витамини, минерали и калории содржи. Правилната исхрана им е исклучително важна, бидејќи со внесувањето на здрава храна го зачувуваат своето здравје. Погодено.
И нормално ништо од ракот речиси не ми е погодено. Јес да кога сум нервозна јадам често, али некад од нервоза не ни јадам. Јадам зеленчук и овошје, али ја и рецепти? Ма јок никаква комбинација Вагата како подзнак ми е повеќе погодена. Се би дала за чоколадо, торта и колачи А месо, салати па и риба мњааааам секој ден би јадела, леб и онака не сакам многу. А и да освен вкус многу сакам се убаво да ми е сервирано и многу внимавам на тоа
леле PAK ама кога сум нервозна не јадам ич, тотално ми се губи апетитот не сум емоционален јадач инаку за рецепти не собирам, а дека раковите брзо се дебелеат тоа да, зашто имаат проблематични стомаци
ВАГАА Се е вистина хахаха И да сум прејаена да знам дека има нешто благо одма рипам и цело го јадам .. се давам у благо