Рак Ова се многу емотивни луѓе на кои уживањето во храната им е само еден начин да се справат со бурните чувства. Поголемиот дел од Раковите тагата ја надминуваат со храна, но бидејќи многу лесно се здебелуваат, треба помалку да јадат леб и благо, а повеќе зеленчук и овошје. Со голема љубов собираат стари семејни рецепти и внимателно ги запишуваат кога сум тазна благо е спасот не е вазно дали се колачиња, чоколадо, крофнички вазно да е благо и да јадам зеленчук и овошје а за рецепти имам неколку тетратки од повозрасните
Девица Опседнатоста со здравјето се рефлектира и во нивниот однос кон храната, па така секоја вистинска Девица знае кој производ колку витамини, минерали и калории содржи. Правилната исхрана им е исклучително важна, бидејќи со внесувањето на здрава храна го зачувуваат своето здравје. Точно од а до ш
Вага Најголемиот сладокусец во зодијакот, се развеселува при самата помисла на некои вкусни колачи. Најмногу уживаат во чоколадо, кремасти колачи и торти, а секогаш ги избегнуваат овошјето и зеленчукот. Ваквиот начин на исхрана е главната причина што поголемиот број Ваги водат битка со вишокот килограми. Вагите уживаат и во фина храна, како риба, месо и разни салати, а најважно им е покрај добриот вкус и убав изглед на храната. Фатална грешка ! -Најмногу уживам во пица ,па тек после чоколадо, -Овошје и зеленчук конзумирам дури ми собира желудникот и никако не ги избегнувам, -Битката со килограмите одамна е надмината, -Мразам риба ,сакам свинско,стек и плескавици -Гајле ми е за изгледот ,ако не ми е погоден рецептот Повеќе ми одговара она за Овен .
Лав Поради тоа што кон се се однесуваат снобовски, сличен пристап имаат и кон храната. Кога би можеле секој ден би уживале во кавијар, шампањ... но во поголем број случаи мораат да се задоволат со фина риба и малку поскапи вина. Со големо задоволство јадат канапе, брускети и слична храни со отмено име, а жедта за слатки ја задоволуваат со овошни колачи. Во никој случај не се однесувам снобовски,а за хранаат точно е сакам кавијар,риба,колачи и скапи вина {многу се убави}
Јарец За овој знак карактеристична е љубовта кон традиционалното, па така Јарецот ужива во стари и испробани јадења кои со генерации се подготвуваат во нивниот дом. Важни им се квалитетот и умереноста, затоа најчесто консумираат здрава храна. хаха колку е само точно барем за мене обожавам традиционални и испробани јадења поготово тавче-гравче и риба како што знае да ги направи мајками и затоа си немам цел живот проблем со килограмите
Бик Најголемиот зодијачки гурман вистински ужива во секој залак. Важно им е храната да е вкусна и добро приготвена, а бидејќи се естети, посебно внимание посветуваат и на декорацијата. Не внимаваат претерано на здравата исхрана, а на нивното мени преовладуваат тестенините, белиот леб и различни колачи. од збор со збор се е точно ххиххихи
Се е вистина освен делот дека си имаат проблем со вишокот килограми.Јас го немам тој проблем,барем не засега. И тоа дека избегнуваат овошје.
Близнаци Не важат за претерано страсни личности, а таков е и нивниот однос спрема храната. Таа им претставува само нешто со што можат да преживеат и во неа не пронаоѓаат никакво задоволство. Токму со овој став можат да се пофалат со витка линија и помлад изглед на кој многумина им завидуваат Па и не ми е баш погодено. И те какво задоволство пронаоѓам во храната Некогаш кога сум ептен гладна онака кога ќе си направам нешто со мерак си го јадам и тоооолку уживам во јадењето што тоа е чудо едно А што е уште почудно ништо не ми се фаќа Никој не би рекол дека јадам толку многу
Бик Најголемиот зодијачки гурман вистински ужива во секој залак. Важно им е храната да е вкусна и добро приготвена, а бидејќи се естети, посебно внимание посветуваат и на декорацијата. Не внимаваат претерано на здравата исхрана, а на нивното мени преовладуваат тестенините, белиот леб и различни колачи. Не сум некој голем гурман, тоа се познава по мене. А се друго ми е погодено.
Бик сум во хороскоп и најповеќе што мразам е тоа шт ние биковите не можеме да одолееме на храната и да вистина се е погодено а за колачи не ми е погодено само бидеќи не јадам блааго
Точно, поточно здравје. Само фала Богу па имам брз метаболизам па имам само 2-3 килца вишок иначе ко што си јадам да имав другачиј метаболизам ќе имав 20-30 кила вишок не 2-3 .
Не е вистина( барем за мене) дека тагата ја наминуваме со храна, а дека лесно се здебелуваме-точно!Леб не јадам ич ама јадам благо а јадам и зеленчук и овошје. а и точно е тоа за рецептите.