бре не сме толкави снобови, дај што ќе дадеш не бирам јако гурманче сум..не мора да е кавијар а ни риба нека биде гирцееееееее ммммммммммммммм нека теече цаѕики од сите страни лом да се направам јадејќи го..мирисот у коска да ми влезе! а да и онака еден свежо исцеден сок од пРотокал! за чоколадните колачи accepted лигњи сакам бре се давам! вино..не сум по алкохолот така да не знам да процена добро лошо вино..така да вистина е сакам квалитетна ВКУСНА скапа..храна..но има и прилики-ИСКЛУЧОЦИ.кои се чести хиихих.. за ракот..имам 3 рака дома..никој од нив не ни јаде леб..а не се ни здебелува богами.!! :jealous: се зезам..се знае who's thA boss
Најголемиот сладокусец во зодијакот, се развеселува при самата помисла на некои вкусни колачи. Најмногу уживаат во чоколадо, кремасти колачи и торти, а секогаш ги избегнуваат овошјето и зеленчукот. Ваквиот начин на исхрана е главната причина што поголемиот број Ваги водат битка со вишокот килограми. Вагите уживаат и во фина храна, како риба, месо и разни салати, а најважно им е покрај добриот вкус и убав изглед на храната. Воопшто не избегнувам зеленчук а пак овошје ич,голема љубителка сум на овошјето.
Јас сум јарец и си се пронајдов. Сакам здрава храна, но понекогаш знам да си каснам и хот дог ,сендвич
Ја сум вага и на почетокот за благите, чоколадото и тортите е точно.Поголем опсесивец по чоколадо од мене нема.Но за зеленчукот и овошјето нема врска.Цело лето сум само на овошје.
Баш не ми е погодено.. не сум по месото воопшто ... мене ми дај бре колачиња, чоколади, сладолед торити, одма лом ги правам
Рак Ова се многу емотивни луѓе на кои уживањето во храната им е само еден начин да се справат со бурните чувства. Поголемиот дел од Раковите тагата ја надминуваат со храна, но бидејќи многу лесно се здебелуваат, треба помалку да јадат леб и благо, а повеќе зеленчук и овошје. Со голема љубов собираат стари семејни рецепти и внимателно ги запишуваат. Има ли потреба да кажам дека се е точно?? Само што тагата јас би ја заменила со досадата...
Точно е . Само тоа дека сум најголемиот гурман не би рекла дека е точно за мене. Многу повеќе јадења има што не ги не јадам, отколку тие што ги јадам.
охохоооо шкорпијаааа ми ја погоди месо обожавам ама да е чисто без мрсно тестениини уфффф ги обожавам иначе денес за ручек тестенини и компиррр уф како го сакам кога ке му наваламм а за сосови и зачини па зачини не до толку ама сосови сакам да еспериментирам
ништоо ама ништоо не е точно , барем за мене, обожавам овошје а воопшто не уживам во чоколадо , a вишок килограми..ах камо да ги имав
Тууу, мислев ќе прочитам што и како јадам или не јадам, а они ми викаат лесно се дебелеам и да не претерувам со леб и благо. Е на чело да не ми пишува???
Погодено ми ее-шкорпија Месо, тестенини обожавам а и компир само ако е пржен. Зачини доколку можам би ставала во секое јадење мммм
Овен Овните се познати по нивната љубов кон црвеното месо и генерално јадат премногу зачинета храна. Најомилено им е се што јадат во големи количини да го посипат со некој зачинет сос, и не го намалуваат, дури и кога знаат дека тоа ќе им штети. Не прифаќам ручек без месо обожавам зачинета храна колку и да е зачинето некое јадење мене ми е малце и си доставам зачин. Морам да дополнам дека ние овните сме големи гурмани и обожаваме да јадеме
Јарец За овој знак карактеристична е љубовта кон традиционалното, па така Јарецот ужива во стари и испробани јадења кои со генерации се подготвуваат во нивниот дом. Важни им се квалитетот и умереноста, затоа најчесто консумираат здрава храна. ... Не, не. Каква умереност човече.. И за жал не консумирам здрава храна често, темпото не ми дозволува колку и да се трудам.
Брате ич, ама ИЧ не е точно. Морска храна од дно на душа мразам. Какви лигњи, какви сипи?! Давај ваму гравчето! Ама затоа последното поточно не може да биде.