1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана 12+

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 5 мај 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Како продолживте со исхраната после наполнета година?

    Јас сакам да преминам на неблендирана храна, џвака, ама така брзо се уморува и помалку јаде. Пасирана не сака, или парченца или блендирана. За доручек не сака веќе овошје, сака нешто посодржајно, а овошјето мислам да го преместам за ужина. Давате ли така да грицка само? И што за доручек?

    Некако не знам преминов како да го изведам, па совети и идеи се добредојдени. :)
     
    На Anna***, Tinushka, BabyStyle и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    27.837
    Пол:
    Женски
    Ние преминуваме полека полека на друг тип на исхрана.

    Сега за сега мешаме пасирано со парченца. Има работи што сака да ги јаде на парчиња како на пример круша, леб, макарони и слично. Другото го пасирам за да јаде поразноврсно инаку би јадел само тоа што му се свиѓа.

    Ние сеуште тераме овошје и житарка за појадок и пак овошје за првата ужинка. Сега со ужината мака мачиме зашто одбива да го јаде овошјето и бара бисквити или леб наместо овошје. Секое со свои бубачки изгледа е.
    Ако сакаш посодржаен доручек ќе мора да свртиш на лебче со путерче и кашкавал, можеш мафини домашни да правиш, пити, различни намаза за леб (пример со авокадо и лукче, наут и таан, маслинки блендани) и слично. Само тогаш не знам што ќе даваш за вечера нас во моментов тоа ни е вечера. И јас се мислев кога и како треба да се смени доручекот ама бидејќи сеуште ми го прифаќа терам така.

    Инаку сега сака и сам да се храни со лажица па он држи една лажица и бута во уста јас друга и исто се трудам да му бутнам во уста. Смешки живи сме и цели сме со храна и на нас и на под и секаде.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Мојата не сака со лажица, само со рачето сака да јаде, најверојатно затоа почна да се бунтува за блендирано. За вечера и давам палента со к. млеко или урда, гриз со овошје, шпагети со сиренце, сечкани само, или попара со млеко и лепче. Затоа сега сум збунка за доручекот.

    Мафини правам, ама послабо ги јаде некако, дали и е чудна текстурата не знам.
    И направив палачинки пред некој ден, со јајца, банани, маџун, овесни снегулки и цимет малку, убави беа, ама па прелив немаше и суви некако. Ич не сум иновативна за во кујна и затоа и имам мака. Ако е нешто покомплицирано маж ми го спрема.

    Сакав да прашам и за медот, некој ми вика и две години да чекам, дадовте брзо после годинка или чекавте?

    И месо колку количински?
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    И ние во главно сме на блендирано
    И давам сама да јаде кифлички, краставица и морков,за друго се плашам
    Пробавме неколку пати со парченца и таа се уморува и не јаде многу
     
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    27.837
    Пол:
    Женски
    Мене педијатар ми рече мед може после годинка. Јас му давам по околу пола лажичка дневно кога ќе решам да му дадам. Најчесто му давам ако има малина во доручекот зашто само така ми ја јаде.
    Месо давам околу 50 грама.

    Инаку мора да се научат да џвакаат страв не страв мора. Кога почнав да му давам парченца по малку јадењето ептен долго ни траеше сега се пократко и пократко. Ама и јас кажав делумно е пасирана делумноу парченца храната.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    И кај мене после годинката сеуште јадеше блендирано,само тестените од типот на макарони,тарана,јуфки никогаш не бледнирав и риба исто.Почна да сака само со раче да јаде мафини,кифлички,овошје и сл.фингер фуд работи,е тек дури нека после 1,5 почнав да приметувам дека некои работи не сака бленидирано некои работи,па постепено почнав да пасирам и се така кога во градинка во септември ја ставија во втора јасли а таму веќе менито е како за поголеми дечиња,манџички и нема пасирано па се плашев како ќе јаде,мислев нема да прифати ама си јадеше без проблем па и дома ми бараше таква храна и така веќе оттогаш не блендирам,сега си јаде без проблем се,е само месото и е посуво и долго го џвака и некогаш знае да го плукне,а ако е мелено нема проблем.Така да ви препорачувам да си ги следите самите дечиња,они ќе ви кажат што и кога сакаат во однос на храната:).
    Мед јас воведов после годинка,и се решив на тој чекор дека немаме никој во фамија со алергии на мед,ама ако сте имале некои проблеми тогаш може да почекате со негово воведување.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.347
    Мојава телешко пројаде одкако почна со рака да држи поголемо парче и да го гриза. Некаде годинка ќе да беше. Тогаш престанав и да блендирам и од 1-1.5 год. веќе и целосно јадеше од нашиот ручек, секако прилагоден во однос на зачини.
    Кога блендирав не ми ги укусуваше кашите, месото па ич. Не ми се веруваше толкацко човече како парчето месо го гризаше и јадеше. Од тогаш до денес скоро секој ден јаде месо. Не мерам колку месо јаде. Колку сака толку. Едно парче секогаш си јаде.
    На 1.5 година веќе зрна калинка јадеше, пченка...Многу сака такви зрнасти работи.
     
    На RainBow и Mari* им се допаѓа ова.
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Ние го блендираме ручекот само за да го јаде мевцето. Инаку ако ја оставам ке јаде само тоа што и се свиѓа, а другото го плука. Сака да џвака и сама ја држи лажицата/вилушката и си става во уста ама тоа трае долго и се околу нас е лом :)
    За доручек обично давам јуфки, проја, јајце варено, бисквити и млеко, лебче со путер и мед. А навечер палента, гриз, житарки или па нешто од тоа за доручек комбинирам. Овошје за доручек одамна исфрливме бидејки не не држи и за еден час пак сме гладни и затоа овошјето го оставив за прва ужина.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Исхраната после 12 месеци не ни претрпе некои драстични промени, воглавном сеуште готвв оделно за неа, имаше пробано многу намирници уште пред да наполни годинка, јадеше нешто пасирано, нешто сецкано а месото блендирано... Сепак имаше промени, а јас како мајка бев малку поопуштена надевајќи се дека ете веќе детето е големо (цела годинка) па не мора до толку да му се тресам околу оброците.

    Нашиот премин од блендирана на неблендирана храна (колку што се сеќавам) беше пред да наполни годинка. Најпрвин пасирав (блиску до блендирано), па грубо пасирав, па ситно сецкав и на крај во парченца почна да јади. Количината на оброкот се намали, ама откако ја усоврши техниката јадење неблендирана храна пак си продолжи со нормални оброци.
    Кога сфатив дека овошјето не ја држи наутро почнав или да давам поголема количина овошје (најчесто овошни саалти и правев) или овошјето го оставав за ужина.
    Како појадок давав и сеуште се придржувам на тоа- варено јајце, лебче со намаз, тестенини, а некогаш уште од сабајле јадеше зеленчук.
    Воведов и хималајска сол и маслиново масло , а понатаму кога имаше околу 2 годинки си започна комплетно да си јаде од нашите јадења (со се зачини и со запршки и со се).
    Сама до скоро не јадеше, а на 12 месеци сигурно воопшто не знаела што се право со приборот. Ова ми е една од најголемите грешки како мајка, па ако имам второ дете ќе му дадам само да јаде макар неуспешно, макар да се извалка и макар да ми оштети дома мебел и килим.
    Малку поголемка беше кога започна со вилушка да боцка од парчинцата овошје, инаку со лажица до пред еден месец не умееше сама, а има три години. Се научи во градинка!
     
    На mal.ecka и RainBow им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.086
    Пол:
    Женски
    Мојата кога како. Некогаш блендирано, некогаш не. Зависи од расположение. Битно знае да џвака. И не се дави. Ама не форсирам. Денес јадеше неблендирано. За појадок лепче потпечено, со путер и мармалад. Госпоѓицата не сака парченца, туку ко голема од лепчето да гризи. За ручек мисиркино, со компир, домат, морков и кромид, поминато малку низ сецко.
    Ама утре истото може да ми го плука и да трчам да блендирам. Се е до моментално расположение.
    Едит. Заборавив, и јаготки ручкаше са ужина, така директно, неблендирани.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Мајки што можам да дадам од 12+ а за што треба да почекам
     
  12. Arien

    Arien Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Исхраната до година нам ни беше претежно блендирана иако некогаш се случуваше да земе со рачето цели парченца и да грицка. Веќе полни 18 месеци и спремам овошни кашички, често овошјето го јаде цело јаболче, круша, манго, мандарина, нар ( калинка) обожава да јаде, јагоди, аронија, малини, од зеленчук јаде се едино кога ќе види зрнца грашок се смее и го фрла па морам со вилушка да го згмечам и да го изеде, јаде домат, морковче танко исецкано на кругчиња или коцки, компир, спанаќ од месо јаде риба, телешко, пилешко, сега пред некој ден прв пат и дадов свинско, сака манџички, супа домашна обавезно и спремам. Значи се јаде, сама сака да јаде и дозволувам нормално со помош моја или од мм, со вилувче убаво знае да јаде, но кога е со лажичка потечно вика мама сеуште неможе убаво сама. Сепак некогаш се случува да не сака, па ќе изблендирам и се ќе си изеде.
    Сеуште се мали некогаш ќе се случи ништо да не јаде нешто ќе лизне и толку, но јас и ја дојам сеуште.
     
    На RainBow и danichap им се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Кај мене децава чиста спротивност. На син ми не само што му блендирав уште долго, туку и му лупев грашок, пченка, вишни се до 18 месеци. Инаку се давеше.

    Ќерка ми јаде и непасирано и неблендирано од 8 месеци. Сега е скоро 13 месеци и нема проблем со никаква храна. Јаде што и ние (и за нас готвам без запршки, вегети и такви работи).

    Јас не форсирав ни за едното ни за другото. Си ги следев кога за што се спремни. Големиот и на трепки да застанам нема шанси сам да земе да јаде, уште го ранам, а малава ако ја ранам уста не отвора. Па мора да правам комбинации кај што може сама да јаде.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Јас на ќерка ми и блендирав до 9м , после тоа само ќе "изгмечев" малце со вилушка и така јадеше. Месото и го раскинувам на ситни конци и си џвака. Морков , јаболко , круша , краставица се сама си грицка .
    За доручек и давам : парче леб и маслац со мед, житарици, бисквити и млеко со парче чоколадо внатре, павлака и маслинки, овошна салата ..зависи кога како ми е расположена :D
    За ручек претежно и правам супа од брокула , манџи , мусака и сл. Ужината ни е некои смоки или кифличка со сиренце - со мармалад зависи . Вечера или овошје или пак кисело млеко и лепче , компот , супа ..
    Скоро секогаш јас ја ранам , само кога грицка овошје и давам сама да јаде , инаку незнае со лажичка или вилушка .
    Имаме 15 м и 12 запчиња :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.914
    Допаѓања:
    135.479
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Немам баш идеи некако, се си викам за викенс нешто шоразлично ќе направам демек дома сум или нема баш да ми успее или нема да ми бендисаат. Уште некогаш и блендам, посебно ручекот за да изеде повеќе слабо ни јаде манџи. Некогаш оак јаде така што јадеме ние џвака без проблем само да и се свиѓа јадењето. Месо сака многу посебно кога е спремно како за нас, посолено ќофтиња ... ако јадеме нешто што ептен не е за мало дете и оравам посебно. Преку недела и спрема женава ама гледам и неа ручекот 7 го забушава. Од сабајле беќе и ние почесто одиме на варијанта палента, лебче сиренце нешто па овошјето како смути и го протнувам и попосле пак како ужинка така на парченца. Вечера најчесто снегулји со јогурт или гриз со урми.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Значи треба да ја оставам колку може толку да изеде со џвакање, па ќе се навикне така и ќе јаде повее постепено. Мене ми е само да не остане гладна така, затоа се мислам.
    Сиренце јаде многу, так и давам за ужинка грицка. А павлака каква давате? Не сум и дала до сега, а не знам ни дали има потреба. Јаде кисело млеко домашно, сиренце и урда домашни несолени. Доволно е? А и цица уште.
    Не сум правела со урми, како ги спремаш? Јас ги покиснувам со сода, па ги лупам под топла вода, ама ги блендирам.
    Пиши некоја комбинација кога е имаш време. :)
    Белка се воведува 12+, цитрусните, јас јаготки не сум дала уште, ама ќе дадам сезонава, за мед се мислам да почекам малку.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.914
    Допаѓања:
    135.479
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, додека се вари гризот ги оставам во топла вода па заедно со гризот ги блендам. Не дека гризот треба ама поради урмите. А поубаво со урми него шеќер да му ставам
     
  18. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Јаготка имаме пробано
    Лубеница,диња,манго, цитруси немам дадено
    За киви и печурки ако не се лажам покасно се воведуваат или не?
    Јаткасти плодови,може и со нив да се почне ?
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Печурки ако не се лажам 18+ беа. За јаткасти исто мислам покасно, а да се внимава и ако има некој алергичен.
    И јас шеќер не ставам никогаш и баш ќе пробам со урми. Обично со јаболко и цимет го правам, најмногу го јаде така.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.914
    Допаѓања:
    135.479
    Пол:
    Женски
    Може и со банана и бананата доста заблажува. Некогаш и рогач ставам и како чоко пудинг излага