1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана 12+

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 5 мај 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Леб не мора да јадат, ништо не губат. Мафини можеш да правиш, може малиот ќе го заинтересираат неблендирано да јаде, јас се што не јаде овоше во смуди го ставам, сокче и е тоа и така се си внесува. Макарони со брокула и правам и павлака како сосче, така ептен ги јаде.
     
    На gjoker4e, NarCis@ и LiliBoz им се допаѓа ова.
  2. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Пробав и смуди но не сакат..А макароните како ја блендираш брокулата така или..? @RainBow
    Инаку одамна јаде неблендирано
     
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    хмгб се менува лесно. дур беше болен 10 му беше. Како оздраве за неколку дена 12.2. Во среда кс 10 а во понеделник 12.2. леб не мора да јадат. ориз компир хељда други житарици кои мислиш ќе ги сакаат се сосема Добра замена за лебот. Знам дека е мачно и цело време мислиш и се секираш но верувај ми.. не значи дека ќе се поздрави ако јадат различно . Да. убаво е да се јаде се. Ама кога не сака нека е живо и Здраво и нека има супер кс. Па ќе биде.
     
    На gjoker4e, NarCis@ и blessed.an им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Не, не блендирам. Прво ја сецкам да стои исецкана додека се варат макароните, потоа ја проварувам сосема малку да омекне и ја пропржувам на путер, додавам мелено лукче и павлака, на крај ги ставам макароните, минута две се пропржуваат и толку.
    Не знам зашто така те разбрав за блендираното, моја грешка. :)
     
    На mal.ecka, gjoker4e, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz да си жива и здрава ме утеши малку..Ориз да си јадат често бараат салата компир и изрендани јајца (тоа од мене јас јадам скоро прку вечер :)) па и керка ми бара со салата краставица и домати
    Има денови кога ке јадат но ете денес керка ми само утрово јадеше супа и цел ден е само на 4 краставици..Но како што велиш нека се живи и здрави
    @RainBow ти благодарам ке пробам баш деновите дали ке сакаат
     
    На gjoker4e и LiliBoz им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    епа оризот ти е дупло похранлив од лебот срц. истото и за компирот важи. Јас леб многу доцна воведов баш ради тоа а и еве пример денес не е јаден леб. имаше крем супа од тиквички со двопек. не ми одеше со леб таа. вечера ксна без леб исто а доручек млечна каша со бисквити и мед . И мирна ми е глава. Има денови кога слабо јаде а има денови кога не можам да го доранам. апла ако видам да неколку дена послабо јаде матична млеч и одма почнува повеќе. нам тоа многу ни помага.
     
    На gjoker4e, azelea и blessed.an им се допаѓа ова.
  7. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.484
    Допаѓања:
    15.375
    Како ја правеш крем супата?
     
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Оваа ја правев превкусна е.
    Screenshot_2018-05-13-08-46-42.png
     
    На gjoker4e и azelea им се допаѓа ова.
  9. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Мајки од која возраст почнавте да не блендирате храна за малечките? И од колку почнавте да давате леб, ние некако сме скарани со него па незнам дали грешам.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум блендирала, само пасирав, а леб давам од кај 8 месеци. Не со секое јадење, ама ако сакаат, давам.
    Ако блендираш, почни со пасирање, да сфати детето дека цврстата храна има текстура и треба да се џвака. Што порано, тоа подобро.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.888
    Дајте некоја идеја за намаз со урда?
    Ќе правам количина домашна па сакам и некој интересен намаз за малиов да направам, да има здрави состојки.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    маслинки даваш? можеш да исечкаш и да ставиш
     
    На gjoker4e и wings им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Урда, краставица, мелени семиња (сусам, лен, сончоглед) или јатки - орев, бадем (еден вид француска салата ти е ова, без салама).
     
    На gjoker4e и wings им се допаѓа ова.
  14. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Мајки какви житарици давате над 18 месеци? Ама уште јадеме блендирано :| И што им давате за ужина најчесто?
     
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    корн флејкс и експандиран ориз обожава . овес му варам исто така.
    За ужина овошје. распоредот ни е доручек млечен ужинка овошје ручек зеленчук со месо десерт и вечера млечна
     
    На gjoker4e и LejdiD им се допаѓа ова.
  16. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.888
    Истите воведени до сега. Јас наизменично давам јачмен, р'ж, овес, спелта, хељда, просо, киноа, интегрален ориз, булгур, палента-гриз и едни мешани снегулки од дм за кога немам време за варење цело зрно
     
  17. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    што поточно за вечера? Кажи ми повеќе идеи ако сакаш, јас нудам зеленчук обично или палента со кисело млеко или макарони со павлака ама почна да не ги сака многу кашичките со зеленчук што се без месо а со месо си јаде секој ден за ручек, па сега ми стана проблем вечерата у последно време.
    И дали давате медолино кексолино уште на оваа возраст над 18? Јас најчесто тоа давам за ужина зашто најлесно ми е така да и дадам млеко да внесе бидејќи не сака да пие. :/
     
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    немам никогаш давано лино.
    палента со путер и к. млеко
    млечен гриз со цимет и кокосово масло
    млечна кифла
    лиснати кифли со сирење спанаќ јогурт
    пирошки со кашкавал ...
    можам да набројувам ептен ама дека рече уште сте на блендирано ќе се задржам на било кој вид каша со млеко. можеш и бисквити со млеко и мед и можеш да ги менуваш комбинациите со тоа што основата ќе ти е секогаш бисквити и млеко. може и корн флејкс со јогурт не блендирано. Тој и така се прај ко каша ако отстои 10 мин.
    А кажи ми не ти прифаќа залчиња или што е раб?
     
  19. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Знае да јаде залчиња ама ќе изеде неколку и престанува значи не сака да јаде доволно и ако не блендирам знам дека ќе остане гладна. Незнам зашто е така веќе е голема и незнам што да правам затоа стана проблем јадењето. Кога ќе јаде нормално знам дека има милион јадења туку сега е проблемот :( А за ручек морам да блендирам заради месото иако и тоа незнам до кога треба да трае :/. А вие колку месеци сте и како јадете месо?
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    тој период и мене ми правеше така. ко да се уморуваше од џвакање. Јас му давав пола блендирано пола залчиња. 22 + сме сега и јаде залаци без проблем. месо од сам старт давам по 100 гр. Сега дека е топло па помалку. точно колку не знам да ти кажам зашто од око давам. вчера пример изеде 2 филети лосос со компир морков и цвекло салата. горе долу кога не е олку жештина оброкот му е 100 гр месо 100гр зеленчук и 50 гр ориз или компир (основа). Јас би ти предложила да му правиш манџи и да му дробиш лебче за да се навикне ..
     
    На LejdiD му/ѝ се допаѓа ова.