Па ако правам манџа, давам од нашето само без пипер и со помлку сол. Каши скоро и да не давам, не ги сака. Само месо блендирам, ама планирам и тоа мелено да почнам да давам, зошто има аверзија кон кашите.
Јас од 10ти месец ја прилагодував на наша храна по малку, манџи и остало без сол. Во 11ти веќе е целосно префрлена на наша храна ние што јадеме јаде и она. Најново и ставам салата исто како за нас само со маслиново и лимон. Супа денес правев за сите нејзината со лажичка павлака. Каши во никој случај повеќе не прифаќа. Теглите од хип ги исфрли има само со брокули и тестенини и пилешко во тегла што јаде два пати неделно. Јаде пржени кришки, сирење фета, кашкавал и воведов, јогурт. Наутро јајца на путер со домат и сирење со леб. Утринава во релна пици и правев со моцарела и домат. Знам и леб со путер во релна да и дадам со сирење. Молење е на секој оброк али далеку подобро од претходно. Житариците не ми ги пројаде едни мафини со просо и проја некогаш друго не иде во обзир. Можам да кажам дека конечно јадењата и се вкусни. Гравче обожава со рендана кисела краставичка од тегла внатре, изненадувачки. Неделава на зимовање ќе јаде од нашата храна што и да имаме. И потоа ќе останам со ставање сол.
Супер,јаде речиси се како и вие. И јас почнав помалку,само јајце никако не ми сака,не знам што се веќе не пробав. Ова со домат како го правиш? Ме интересира печурки од кога се даваат? Читав некои интересни рецепти.. А да, со Ад уште колку ќе продолжите?
Јас дадов печурки шампињони на 13 м, а мислам дека може околу година, не памтам како беше по списоците на матичната. Многу и се допадна што не е ни чудо зошто сите дома ги обожаваме. Ама малку се потешки за варење и и прават гасови. Сори што ви се вмешав во разговор.
Јајце има во мафините така пробај. Матиш едно, јогурт една лажица, сирење/намаз/ спанаќ, брашно и малку пециво на 200 степени. Или свари просо, матено јајце додади, малку пециво, сирење и лажица јогурт на 200 степени. Домат мислиш кај пиците? Сечам кришка леб ја премачкувам со сок од домат сецкам моцарел и кашкавал малку во релна се топат и ете и пица Можеш со што јаде да даваш. Не ни почна со ад моево. Без никакво млеко остана. Не пие. Вчера во хип млеко и ставив краш експрес малку да и смени вкус ми го фрли шишето. Ни така не ми помина али ќе пробувам нон стоп. Има едни на алете кекс со млеко во шише се пие кога сме излезени тоа и давам чат пат. Пробав и козјо и тоа не го сака. Млечни продукти јаде така да нема да е проблем за калциум. Ти пробај козјо обично. Кравјо јас не би давала, но ти ако сакаш можеш и да даваш ако ти пие. Од тегла шампињони? И не се извинувај
Мафини правам и во тие вафлите со спанаќ ми јаде. Ама варено или пржено дури мешав и во намаз за на леб,не сака. Јас па те разбрав јајцата со домат некако ги правиш,затоа те прашав.
Зошто да не пробај како пинџур направи му со јајце. Или без паприка пинџур само со домат. Пробај со ајвар запржен и јајце изматено.
Свежи. Кратко запржени со морковче и кромитче на путер и врени со бел ориз. Така и оризот си го крка без проблем.. А знаеш какви сме пребирливи.
@FreeMind przeni kriski kako za vas pravis? Daj uste nekoi recepti. Onoj so brokula, pavlaka, misirka, sirenje (mislam deka ti go imas pisuvano) jadat sekoja nedela. Se davat vo toa hhaha
Од овошје имам дадено се, но остана да јаде круша секој ден со јаболко или слива. Банана пројаде така сама да ја грицка. Лимон во салати и веге ручеци. Манго во некои комбинации. Со авокадото се мачиме не го сака ја барам вистинската комбинација. Личи е во родот со малини, капини, јагоди ако имаш дадено дај слободно. Ако не прво таа фамилија на овошки дај му да ја проба поблиску до наше поднебје. Во крабелн групата модераторката беше бератер за храна. Она ме советуваше кравјо, мед и апетисани да идат после година дури и можам две години да чекам за да воведам ради предизвикување алергии. Кравјо воведов уште на 7 месеци и правев пире неколку пати, така и ме советуваше педијатарот во храна да и додавам кравјо. Мед и јаткасти не се брзам иако лебот кој го купувам е фактички и со јаткасти внатре. На многу состојки има траги од бадеми, лешници и кикиритки. Имам и стоби флипс смоки ќе и дадам деновиве. До 12 месеци воведов се што може да се воведе. Нешто налик Мила, барајќи ја идеалната комбинација за да пројаде. Да, исто како за нас. Потоа на хартија и го оставам да се исцеди маслото. Сега не ми ја јаде таа комбинација. Риба ми одбива на секаков начин, фокусирана сум на риба периодов али многу тешко. Риба во фолија со брокула,компир и павлака сос. Плескавици во фолија, болоњезе и со тиквици, тиквици варени полнети со мелено мешано месо, кашкавал малку за вкус и павлака. зелник со праз, кори тегнати со урда, пита со спанаќ, тие се на мајка ми комбинациите кои малава ги јаде, палачинки, спанаќ манџа со јајце, грашок манџа еднаш неделно, гравче, супа со зеленчук и павлака.
Свинско месо домашно од кога давате? На пример мелено мешано, повеќе на телешко и малку свинско за вкус. Секако она како што јаде малку би и дошло ептен мала количина ама да не направам бејља. Секако свинско се избегнува дека се и сешто јади и се смета за нечисто месо, но ова е од мои луѓе хрането.
На Божик јадеше моево домашни плескавици со телешко и свинско месо, повеќе на телешко беше, 5, 6 залчиња изеде.
Јас не сум дала уште. Не дека јаде било што, заради маснотии. Сега прв пат земав, па неделава ќе проба Женска е 2 год
Varam misirkino posebno, a brokula posebno. Koga se gotovi, gi seckam na sitni parcinja (taka jadat moite), stavam pavlaka za gotvenje (nekogas i obicna pavlaka), dodavam sirenje i krcam uste malce se zaedno. Moite mnogu sakat taka
Каква беља да направиш? Нема врска дека е нечисто месото на свињата, плус домашна, сигурно е подобро од тоа говедско што го товат експресно за колеж. Помрсно е да, ама ти нема да дадеш од ептен мрсното, ќе дадеш чисто месо. Јас на син ми веднаш после годинка му дадов, на бебево сега скоро на 9м за првпат, само што не јаде мојава.