1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана 12+

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 5 мај 2017.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Исто ко Дани, со тоа што не меле нон стоп, јаде само во хранилка и само оброк. Мал е уште, ќе порасне ќе почне да извољева.
    Во блендер банана, јајце и коко млекото (млеко од свеж кокос смрзнато во калапи за мраз ми е и така го додавам), блендирам и додавам брашно од овес (овесни снегулки смелени во машинка ко за кафе онаква за мелење што е), се тоа мешам и на малце коко масло пржам комамерички палачинки. Претходно имам покиснето урми па кога завршувам со палачинките ги лупам, во блендер и со малку вода, една коцка коко млеко, цимет и малку какао како нутела личи, на вкус не е ни приближно ама е убаво.
    image-0-02-05-75adff8dcc2690fd34bca999f9e9d1f8e53b7ffb01516d25cad15d22f16e2f80-V.jpg
    Ако си дала белка пробај сега цело јајце, ама пред да дадеш цела белка дај претходно бар пола. Јас дадов на 4 пати по малце додека не стигнав до пола и на крај цело варено. Во врска со хранењето сама, мојов само овошје јаде сам, јаготки му дадов домашни, непрскани и гледани ко за своја душа, си ги зимаше со рачињата парченцата и во уста, ама он се пика во уста така да тоа му е нормална рекција. Почекај обиди се пак поксно. За мармалад дај слободно, можеш и дома сама да и направиш кога ќе излезе овошјето, изблендирај овошје, додај чиа, урми покиснети, изблендирај уште еднаш и толку. Еве и ова горе што го постирав е топ за деца, ко еурокрем, дури за мене и благо е. Урмите прв пат ги давам, не давам ништо веќе по три дена, ако дадам денес може тек за три дена пак урми или дури и за една недела.
     
    На joy1, RainBow, iloveyou29 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    195
    @iloveyou29 и јас пред спиење давам ужинка бидејќи млеко не пие па кога ќе стане ручек. Ама бидејќи на сабајле побавно јаде и прави пауза не се дојадува обично пред да спие му го давам остатокот од доручекот.
    @Cka пробав и јс да му давам да си држи во рачето да јаде сам ам он мене ми дава јас да јадам
     
    На iloveyou29 и Cka им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    Ти скроз имаш воведено белка. Мене педијатарот ми кажа прво да проба тестенини со белка па ако од тоа нема реакција да дадам лебче пржено па дури потоа белка да проба чиста. Штом имате пробано чиста белка и немало реакција се што има белка е во ред. Слободно се давај.
    Јас сега му давам како кајгана со тиквица рендана и сос од домати и тоа му е еден од омилените ручеци.

    Мармалад без шеќер слободно давај. Пиши каде го најде за да најдам и јас се мислам би било добра опција за доручек.

    После година престанува да важи правилото три дена воведување. Не се веќе мали. Имаат веројатно на игралиште пробано и малку песок и малку треба и уште нешто плус навикнати се да варат се и сешто.

    Продолжи да нудиш парченца и од игра ќе се претвори во јадење. Мора да се научи да јаде. Ние деновиве сме особено креативни за хранење. Сака сам да држи лажица и да пробува да јаде или не јаде ич. Е сега дел од тоа завршува во уста (два-три пати), а некогаш дел на ѕид, под, на него, на мене и слично. Нормално и он мене ме рани не може без тоа. Сега функционираат на принцип "monkey sees monkey does" очекувано е тие нас да не хранат исто како ние нив.
     
    На Cka и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Во Тинекс, во делот органска здрава храна нешто, не знам како се викаше, тенки и високи тегли се.

    Деновиве ке дадам тестенини, па се надевам се ке биде океј.

    За песок... мојата се што ке најде на земја ми дава мене, оти знае дека во уста ако стави е НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ. Леле бе па може и затоа прекина да става у уста јадење, оти на земја за се и викам не, и она за се што е беља вика неееееееее.

    Еј, абе млеко како давате?

    Ние сме на доење, еве сакам каша некоја со млеко, да молзам? Ами кога не сум дома? А нелли има млеко и во чоколадите? Ами млените каши какво млеко имаат:??? Ич не сум едуцирана на тема млеко и страв ми е и само на мајчино е детево. Сите други оброци и се без млеко, освен нели кисело млеко урда...
     
    Последна измена од модератор: 9 мај 2017
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    После година дена можеш да и даваш побично кравјо млеко.

    Не знам што е ова со нас македонските мајки општа параноја ни создадоа различни facebook групи, квази нутриционисти и не знам што уште не.

    Препораки од Америчка, Асоцијација на Педијатри, и NHS (британско јавно здравство) како и нашиот педијатар е да се дава обично млеко со најголем процент на маснотии до 2 години тогаш кога се дава млеко во храната. Растителни млека не се препорачуват ако детето нема алергија на млеко зашто не се доволно хранливи за дете. Искрено јас повеќе им верувам на педијатри отколку кај нас на самопрогласени стручњаци.

    Јас му давам Битолско некако најмногу верувам и му давам домашно кога имам. Не е љубител на млеко нешто многу, повеќе сака јогурт. Сам си прекина со цицање на 11 месеци и не сака млеко освен едно што му го даваме ноќе (Аптамил 3 150 милилитри). Млеко користам за правење на Nestle 8 житарки со какао од време на време кога сме кусок време за вечера спремање, варам гриз со млеко и банана и некогаш јаде Плазма со млеко (ова најретко зашто одбегнувам да му давам шеќер, а омилено му е па да го частам).

    Инаку сосема е нормален дел од развојот да сакаат да пробаат се што ќе видат. Треба да се пази да не ставаат се во уста ама премногу реагирање во тој дел им го успорува развојот (ова го зборувам како психолог). Не дека нешто страшно ќе им биде или нема да се равијат ама им се забранува, ама е фаза низ која мора да поминат.
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Сосема е доволно киселото и урдата, чак што више во урдата калциумот е поконцентриран. Моето пие кокосово млеко и ад два пати во денот по 150-180мл,плус јогурт, кисело, урда, сиренце... Куоечките се со ад.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Супер за намазот, ќе го направам. Јас не ги блендирам состојките, така ги мешам рачно, некако поубаво ми е.
    Мојата јаде со раче додека не се умори и после на мене ми дава. А мислам дека не е најадена зашто малку јаде. За оброците се помести времето зашто го помести и времето за спиење. Сега станува накај седум и доручкува, па и давам грицка нешто јаболче, бананче, крушка и заспива накај десет и пол. А сега кога вака пишав гледам дека треба да сменам, да и дадам да грицка нешто, па да направам доручек да заспие, па станување накај 12 ипол, еден, тогаш да и дадам пак да грицне нешто, ручек накај 3, па ако спие пак кога е стане да грицне несто и вечера накај седум, осум ипол девет заспива.

    И мојата е на доење уште, млеко не давам, мислам доволно е зашто јаде кисело млеко, урда и сирење.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Да може и така ама не е страшно. Намазот мора да де блендира, секако. Мене блендерот ми е најдобар пријател така да во љубов сме ептен. Тоа со урмите може и за кифлици полнење да биде, и за мачкање, и за да додадеш јатки и бисквит за колачиња...
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    10.085
    @AngelOfArh може да дообјасниш какво е тоа кокосово млеко?
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Јас сама си го правам. Од кокос свеж, го купувам во Рамстор, го вадам сокот го чистам убаво месото и во блендер со топла водичка, откако ќе го изблендирај го цедам, останува кокос како што куоуваме во продавница, само треба да се исуши во дехидратор, вомрерна на вемтилатор или да се стави во замрзнувач. Млекото ако се испие веднаш не мора да се замрзнува, ама јас го мрзнам за бебе во калапи за пралини, во нив и мраз мрзнам, по две три во кашичк на бебе или еве вака во нешто што му правам. Иначе пошто е густо може да се извади неколку замрзнати коцки и малку топла водичка и ете млеко. Кога ќе се смрзне на површина излегува коко путер, е тоа е прав коко путер. Многу лесна и брза работа а многу е вкусно и нутритивно за јадење. Иначе водата ја вадам така што со отварач за плутени тапи за вино отварам кај што е најмекото од трите дупчиња и толку. Има на нет куп видеа, ова ми беше најлесно.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  11. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.915
    Допаѓања:
    135.516
    Пол:
    Женски
    Користите јајца од препелица? Јас прв пат купив вчера им варам сега на децава на кутијата пишува се конзумираат живи??? Мислам нормално на децава не би им ги дала живи ама па ме зачуди. Како ги давате т е. Од која возраст може живи да се даваат?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Не сум давала, ама сум слушнала дека живи имаат повеќе бенефит за крвната слика. Се разматуваат во млеко или сокче и не се осеќаат така. Наводно, немало опасност од салмонела и слично, ама и колку што знам, обично во зима ги даваат, во лето не.
    Нема пречка да не ги даваш, секако добро варени. И јас не би давала живо јајце на деца, особено не во лето.
     
    На M&M и joy1 им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Чоколатце кога има дадовте, сте дале ли воопшто? И какво? Јас не сум дала, маж ми се запна да пробало детето. Башка гледа на лулашки им даваат. :?:
    Па се мислам сега.
     
  14. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дадов на 13-14 месеци и тоа крем бананка по малку, на неколку дена по една. Инаку избегнувам друго благо и често давање.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Крем бананите имаат белка во прав, ако немате цело јајце воведено не се добар избор.

    Јас му давам животинско од време на време, после ручек.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.915
    Допаѓања:
    135.516
    Пол:
    Женски
    Ако не ти бара што ќе му е. Не сум од оние што ептен бранат ама сум за тоа додека можеш и не ти бара да одолговлекуваш :)
    Мојава од што го гледа брат и и давам по малку зависи што јаде он. Верувај кога ќе почнат нема крај.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Пржено јајце од кога се дава ?
     
  18. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.484
    Допаѓања:
    15.375
    Па јас после 20 месеци и дадов некаде, омлет и правам на тава за палачинки со една капка масло и оваа мојата многу сака јајца се тепа по нив :)
    @M&M јас ги давам само варени или во некој намаз, палачинки и сл
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Оооо рано е значи 12+ сме
    Не сака никако овошни кашички да јаде ама никако
    Незнам што можам друго да дадам од сабајле
    Дај предложете ми нешто
     
  20. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.484
    Допаѓања:
    15.375
    Можеш и некои мафини со овошје, палачинки со овошје или лепче со путер, варено јајце па овошје за ужинка. А отсекогаш одбива овошје или сега има некој период?
     
    На M&M и joy1 им се допаѓа ова.