Нас на Биотехнички факултет не учеа дека свинското месо е најпосно, затоа што јасно се одделени месото и салото и ако сакаш можеш скроз посно парче да извадиш, за разлика од сите други меса каде мастите се дисперзирани низ месото и тешко е да се одделат. Исто како што и мисиркиното е најпосно иако има доста лој, но самото месо нема масти. Ако е тоа причината, можеби ќе дадам на 1 ипол. Ако нема некои други причини. Ти благодарам.
Буквално сите прашања оти не даваш паѓаат со една ваква фина реплика од науката Ме насмеа. Сусам, смоки на витаминка и путер од кикиритки ми се на ред за давање. Кикиритките високо алергени, тетка и има малку проблем од кикиритки па ми е малку шубе да ги дадам. Исто во оваа група треба да ги дадам бадемите и лешниците наскоро бидејќи се доста хранливи. Чиа семе од кога додадовте?
@FreeMind претпоставувам дека чорбите ги даваш без запршки,ама претходно кромид,пиперка,морков пропржуваш ли за подготовка на чорбата и со какво масло? Исто,читам дека даваш пржено,пржиш на маслиново или сончогледово масло? Ај за чорбите донекаде ми е јасно,ама кога правите ручек во тавче,нели посебно не можам да оделам само за него,ставате ли црвен пипер или не? Кај нас секоја тава е со црвен пипер,па не знам дали би можела така да дадам? Солено,колку? Да давам како за нас или помалку? Фри не ли се многу солени смоките? И на крај за благо! Може некогаш да дадам од куповните пудинг,овошен јогурт,овие обични или не? Еднаш во недела му давам помалку животинско чоколада,само откако убаво ќе руча,а тоа е ретко,па затоа досега само 2 пати сум дала. Ептен сум во дилема како понатаму,а гледам дека бебешкиве каши никогаш не ги прифати.
Јас сум динстала на вода, зеленчук за супа, па после додавам масло, маслиново за готвење. Црвен пипер може, ама не запржен. Инаку самиот пипер не е штетен, штетно е запржувањето на масло до загорување, било кој зачин така не чини. Кога ќе готвиш за вас, тргни настрана за малото, зачини соодветно за возраст, не солено колку за вас, помалку. Ако сакаш, може да дадеш купечки пудинг, овошен јогурт, не сите деца ги сакаат оти се многу благи. Моиве некогаш ќе јадеа овошен јогурт, некогаш не.
За чорба или манџа, кратко пропржувам кромид и морков, после ставам вода и останатиот зеленчук и месо да се варат. Од зачини ставам многу малку сол, пипер, куркума, босилек. Кога ќе се зготви, тргам настрана за малото, а во нашето додавам сол и евентуално друг зачин. Од смоки давам само на Лино, тие не се солени и со зачини, а мислам дека и многу подобри во состав од останатите флипсови. За пржено, кога правам на пр. кришки леб со јајце, ги пржам во сосем малку масло на тава за палачинки. Превкусни се, а воопшто не се мрсни. Од благо, имам дадено киндер чоколадце, ама не го обожава нешто баш. Овошни јогурти и пудинзи има на Хумана, тие се без шеќер, или имаат минимално. Исто правам домашен овошен јогурт со кисело млеко.
@hello-kitty.90 јас и за нас не пропржувам манџи. Се у тава и нека крчка или во релна. Не запржувам кромид така ги правам варени со маслиново. Од зачини за нас само вегета користам и магдонос за малата само магдонос. Сол сосем малку ако ептен е бљуткаво како грашок манџа. Благо никакво до сега. Има едни овошни јогурти за бебе али не го сакаше и никаков не сум и дала. Иначе би и дала и од нашите овошни јогурти. Масло маслиново за пржење има. Сончогледово само за пржени компири користам. П.с.И ставај слики да гледам
Јас му давам на синко 13+ овошни јогурти,купечки и си ги јаде. Тоа единствено благо,не ни планирам друго,мислам нема потреба. Инаку мајки,споделете идеи за појадок,моиве ги исцрпев веќе,тоа што гледав на нет повеќето се со јајце,а тоа е единствено нешто што одбива.
Брза пица го викаме зошто го правиме за нас со пица состојки. За бебе е со брокула. Јајце матиш, брашно, јогурт две лажици, пециво, зејтин и се она што ти јаде малиот моцарела/кашкавал/брокула/спанаќ. Во калап намачкан истураш и 40минути на тивко 180/200с да се пече. Бон апетит
Некои намирници прв пат ги читам тука рогач на пример, не ми се смејте стварно незнам што е Јас му давам се што е сезонски, што го јадиме и ние од секогаш, сега јади мандарини, портокали, киви, банани, имам и компот домашен од круши, праски. Само авокадо давам од несезонскиве овошја, многу го сака со банана. Некој пиша погоре за домати со јајца, ние за синко направивме домати малку пржени во тегли есента, сега само турам на маслиново масло и одма после јајце матено и го пржам малку, најомилено јадење на синко му е, а цело лето се давеше во патлижани
Замена за како е рогачот. Значи исто како какао. Се додава во гриз, смути од овошја, овошни каши и слично.
Дајте ми предлози за вечера за синко, 13+ е. Ноќните каши не го држат веќе. Давам кифличка со кашкавал/намаз, маслинки, кисело млеко. Или проја со јајце, кисело млеко, сирење. Или тарана со сирење и кисело млеко. Или печено лепче со јајце у сирење. Ама некако тоа па тоа
И мене ова ме интересира. Исто и за појадок. Не сака каши и се мислам само јајца и лебче со кашкавал и маслинки давам. Како што е па и пребирлива ич немам идеја. Мојава и тост со кашкавал и шампињони сака, не е некоја идеја ама ете за промена.
Мојот пребирџија јадеше тост и без заби. Почнав според возраста, прво со сирење/ моцарела, домат или салца.
Ма вчера скоро цел го изеде со интегрални лебчиња правен. А претходно јадена беше овесна каша. Си го јаде исто како голема. Мојава не сака домат или салца, инаку можеш и со тоа. Нема проблем со засркнување, од 8 м соленка на гости изеде. Мене здивот ми застана не дишев кога видов што и дадоа, а немаше ни еден заб. Шампионите кратко потпечени или запржени ги давам ако се за тост. Ако не ги давам варени со ориз тава.
Сега гледам. Не знам од око смесата треба да ја истуриш во калап. Прво стави ги другите состојки па брашно на крај колку да ја згуснеш смесата ќе му дојде една чаша 250г сигурно. Добро дојде во дрва екипа @happygirl пиши ја на списокот домаќинкава Иначе вечера најчесто леб и намаз јел ништо не и се допаѓа. Смоки и јогурт изненадувачки бендиса и бисквити со млеко така да допрев до три вечери. Јаде и тестенини со павлака. Вкупно 4ри ги вртам фала богу добро е, иначе само намаз јадеше.
Луѓе совет како да и подметнам телешко. Секако пробав ама не сака ни лажичка да намириса. Пробав и со мелено, на парчиња, блендирано, варено па мелено и не и не. Скоро месец дена скоро е без телешко. Пилешко каснува во супа и со ориз, ама со телешкото маки мачам.
Не давај Ако не го сака, а ѝ го нудиш постојано, само уште повеќе аверзија можеш да направиш. Може едноставно не ѝ е вкусно. Остави сега, па пробај пак по 2-3 недели дали ќе сака.